Значи вака:
15 кола одиграни,9 победи,3 нерешени и 2 пораза.
Постигнати 26 голови,примени 12,така да ова е голем напредок за разлика од минатата сезона,каде што бевме изгубени доста време.
Еве малку статистика за играчите кои постигнале голови и за асистентите.
Ибрахимович: 8 постигнати голови и 6 асистенции,ова доволно говори за неговата важност за овој тим,најзаслужен играч што Милан е на првото место. Има одиграно 1,156 минути за тимот.
Александре Пато: 6 постигнати голови и нема асистенции. Малку видовме од Пато оваа полусезона бидејќи добри 75% од утакмиците тој беше повреден и сеуште е. Има одиграно само 510 минути за тимот.
Роналдињо: Постигнати голови нема а има 3 асистенции.
Тотално не е во форма,не добива шанса од Алегри и по се најверојатно ке биде продаден во јануари. Има одиграно 581 минута за тимот.
Робињо:5 постигнати голови и нема асистенции. Овој играч се мачеше додека да си ја најде формата но сега едноставно блеска. Има изиграно 702 минути за тимот.
Инзаги : 2 постигнати голови и нема асистенции. Повредата го одалечи од терените цела сезона но Пипо е легенда на Милан,get well soon PIPPO! Има изиграно 170 минути за тимот.
Пирло: 1 гол и 2 асистенции. Ова е малку од Пирло но тоа е тоа. Има изиграно 866 минути за тимот.
Амброзини: 1 гол и 1 асистенција. Со оглед на тоа дека долго време беше повреден,а и не се бара од него да постигнува голови,Амбро е солиден капитен. Има изиграно 611 минути за тимот.
Фламини: 1 гол и нема асистенции. Исто како и Амброзини и тој беше долго повреден. Има изиграно 407 минути за тимот.
Боатенг: 1 гол и нема асистенции. Играч што многу трча,се труди,максимално борбен,вистинско освежување во средината на Милан. Има изиграно 677 минути за тимот.
Сидорф: 0 голови и 4 асистенции. Стариот и изнемоштен холанѓанец дава се од себе,но годинити го газат,ова му е последна сезона во Милан. Има изиграно 817 минути за тимот.
Т.Силва: 1 гол и 1 асистенција. Вистински столб,заедно со Неста се супер тандем. Има изиграно 917 минути за тимот.
Антонини: 0 голови и 1 асистенција. Најслаба карика во одбраната на Милан според мене,тука е најранлив Милан и мора брзо да се бара добар лев бек. Има изиграно 784 минути за тимот.
Одо: 0 голови и 2 асистенции. Долго време повреден,влезе на мечот со Наполи случајно,асистираше 2 пати и пак си се повреди

Има изиграно 78 минути за тимот.
Можете да приметите од статистикиве дека бековите во Милан се најслаба точка и дека Милан од таму нема никаква корист во нападот а богами и во одбраната.