Шевченко: Со Ибра и Робињо Милан е повторно на шампионската патека!
„Милан сеуште ми е во срцето. Внимателно ги следам сите вести поврзани со него, односно со екипата и раководните луѓе на мојот поранешен клуб.“ - призна Шева.
„Мислам дека Пато е подготвен да ја земе титулата на мој наследник. Доколку Ибрахимовиќ и Робињо му бидат партнери во нападот, Милан повторно ќе се врати на победничките патеки во Италија и Европа.“ - додаде украинецот.
„Двојниот подарок на претседателот Берлускони за навивачите на Милан беше прекрасен. Силвио, и покрај важноста на политичката улога, сфати дека тифозите имаат потреба од силен тим и ја реализираше нивната идеја, што значи на Милан сеа му преостанува само да победува.“