Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Не е ова поврзано со Милан ама вреди да се прочита од нас "забеганите" по Милан и фудбалот :) :)

Иако за баба ми фудбалот секогаш ќе остане деведесетминутно трчање на дваесет души по топка, за некои од нас фудбалот е повеќе од спорт. Најважната споредна работа my ass. Кога Мајкл Болтон ја испеа When a man loves a woman, веројатно светот сфати дека типот слабо стоел... пред телевизор за викенд, дури ни прегледот на колото не го гледал. Жените се минливи, фамилијата ја сакаш по дифолт, клубот останува вечен. Некои велат „одбрав да навивам за фиљан и фиљан клуб...“, фраза со која од старт можеш да процениш дека се бетер и од нашите политичари, кои толку лажат и не’ убедуваат дека се’ е розево, што дури и самите си веруваат. Клубот те бира тебе, а не ти него. Без разлика дали на тоа ќе влијае твојата омилена боја, некој играч за кој судбината ги наредила коцките токму тогаш да настапува во тој клуб и да ја испишува историјата, или пак едноставно си почувствувал љубов на прв поглед и пеперутки во стомакот. Љубов е кога како копиљ бегаш од часови за да гледаш натпревар на твојот клуб на стадион или во училишната сендвичара на телевизорче на кое газдата гледал Макфест 1963. Љубов е кога победата на тимот ти е поважна од петката во училиште. Љубов е кога ја лажеш девојката дека цепиш дрва за да не излезете, со цел да гледаш дерби. Секако, не одобрувам лажење, ама се’ за љубов нели. Дури ќе се осмелам да кажам, љубов е и кога ќе стигнеш до стадиум татко ти да ти рече: „Сине, има и други работи во животот освен фудбал“. Најпросто, така би му дошло. Кога ќе почувствуваш како очите ти солзат од радост за освоена титула, или кога паѓаш во едномесечна депресија по пораз на пенали во финале, тогаш си ја почувствувал љубовта. Истрајноста да го бодриш Јуве во втора лига, нервите потрошени гледајќи го твојот Ливерпул како губи бодови од кој стигне, ентузијазмот да се надеваш на титула и да го вртиш муабетот „има уште едно коло до крај“... Карактеристики за пофалба и поздрав за секој прав навивач. Искрено, не можам да ги сфатам тие што на навивач на Челзи му викаат „немате историја, се’ ви е џабе“, а на навивач на Ливерпул му велат „не гледајте трофеи и титули, туку освоете титула во ПЛ барем во следниве 20 години“. Група на квази-навивачи на кои главна цел им е да имаат минимум три препирки и да изнервираат барем пет души во денот. За да не го носам текстов кон негативностите што ги среќаваме секојдневно на ова поле, ќе го приведам кон крај. Сакајте се, сакајте го клубот безрезервно, затоа што таа љубов секогаш ќе биде обострана и вечна. Единствена љубов за која не треба да се бориш е мајчината, и онаа на клубот.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
А најубаво е кога,клубот што го сакаш,можеш да го гледаш на стадион,и во живо да се радуваш на освоена титула заедно со иљадници други фанови\навивачи на едно место.Штета што ретко кој од нас тука на форумов го доживеал тоа,и ќе го доживее....

Извинете за оф топиков,али морав:smir:
 
P

PewDiePie

Гостин
Добро бе овие Спорт Денес нормални ли се како го лажат народот? :tv:
Иначе баш сакам да го видам Гвардиола во друг тим да си покаже колкав труп од тренер е.......со таков состав и Чиро Ферара ќе биде шампион.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.963
Поени од реакции
23.494
Галиани изјавил дека Милан ќе се фокусира само на млади и талентирани играчи летово, и одпочнати се преговори за Педро Леон од Гетафе и Еден Хазард од Лил
A претседателот на Велез потврдил во едно интервју дека има преговори со Милан за Отаменди, значи сериозна е работава со дечково...
И сме биле доста заинтересирани и за некој си Паоло Хенрике Гансо, 21 година, плејмејкер на Сантос, кој би бил како подарок за добродојде за Алегри од Берлускони :)
А Алегри ќе потпише 2 годишен договор со можност за уште една година за плата од 1 мил евра по сезона, но со големи бонуси за титули.
 

FikoX

Impossible is nothing
Член од
13 август 2007
Мислења
2.850
Поени од реакции
128
Изгледа им доаѓа умот на Берлускони и Галијани... :)

Овај Еден Хазард е талент невиден. Игра зад напаѓачите или како крило. Во Франција партали правит, одличен техничар и дриблер, сезонава на 35 утакмици постигнал 5 гола и 8 асистенции, сите големи клубови се заинтересирани за него. Би биоло премија да го доведеме покрај таква конкурнција. Еве ви едно клипче од него.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Дај боже да ги донесе сите што ги спомна Марли. :)
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Отаменди,Хазард и Педро Леон добро би било :)
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Да се донесат сите играчи шо се поврзуваат во моментот со Милан, ќе биди преубо и ќе можиме да се надеваме на нешто следната сезона пошо ете сеа и Мурињо си замина од Интер.
А дали некој знај што се случва со Робињо, до кај се преговорите или се е само шпекулација?????
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.935
Поени од реакции
1.683
Да се донесат сите играчи шо се поврзуваат во моментот со Милан, ќе биди преубо и ќе можиме да се надеваме на нешто следната сезона пошо ете сеа и Мурињо си замина од Интер.
А дали некој знај што се случва со Робињо, до кај се преговорите или се е само шпекулација?????
http://www.milannews.it/?action=read&idnotizia=25492 :drk:
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Колку од овие старите ќе се пензионираат?
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
291
Поени од реакции
11
kako sto se gleda pa i po zborovite na galiani uste ne e nisto so alegri daka sto moze da propadne ova opcia
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.237
Поени од реакции
30
Juventus ќе има трансфер буџет од 80 милиони евра
Inter ќе има трансфер буџет од 100 милиони евра

а Milan колку ќе има ? :pos2:

- Ако ги зимаме овие тројва наведени погоре ќе ни требаат 40м ......

пс: Arsenal = Milan за 2 години ( ми се свија оваа опција ) - Ама ни треба искусен трењер ..... :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom