Кога ви викам јас Пирло срање е вие ми се смеете...еве ви еден доказ за тоа денеска. Поспоро и поглупо фудбалерче не сум видел цел живот...беше некогаш играчиште сеа може слободно да си заврши кариера во Киево, Бари или Бреша.
Бориело со него заедно, ист Џилардињо...во мали екипи главен играч кога ке дојде у голем тим мизерија, пасот што не му го даде на Хунтелар е за казна.
Се виде денеска дека нема дисциплина во тимот и дека Леонардо е премногу мек со играчите, незнам дали друг стручњак му да даде на Роналдињо да ја направи таа глупост во 86'.
Добро бе како можи толку да не разбираш од фудбал не ми е јасно. Значи Пирло и Роналдињо то шо го прат е чудо, значи најмалку е неколку нивоа над кој и да било друг играч од Милан. Нема ни простор за споредба, ако гледаше ќе знајш какви беа „додавањата“ на Фламини, а какво сервирањето на Пирло (Хунтелар вгла го погоди), па и Роналдињо какви топки даде то е чудо.
Лесно е играч да истрча по страна, тешко е некој да го погоди со пас, а Пирло то го прај со неверојатна прецизност, апсолутно никој друг играч на светот не е ни приближно добар како него. Позицијата шо ја игра и улогата шо ја има, моментално близу совршено игра и стварно игнорантен треба да бидиш да не го забележиш то.
За слободните, со оглед на то шо има безброј квалитетни опци (Роналдињо, Бекам, Пато, Силва, Сидорф) мислам дека треба да паузира некој период. Квалитетот несомнено го има, иначе нема да добие приоритет од тренерот, само полека му истекуват џокерите.