Дали смее христијанка да се омажи за муслиман?

  • Креатор на темата Креатор на темата Omer el Faruk
  • Време на започнување Време на започнување
Божјите заповеди во сите религии се основата на функционира секое општество, правниот, социјалниот, кривичнот систем... Сосема друго е догмата и непризнавање и убивањето под зборот на месијата. Тоа се случило или сеуште се случува во светот. Почитувањето на религијата во многу голема мерка зависи и од тој (проповедникот) што ти ја пренесува.Затоа отворениот ум е најважен само тогаш можеш да се спротиставиш на тоа што не е добро и те завлекува во водите на омразата и неприфаќањето на се што е од спротивната страна.
Се што е умерено е добро.

Отворениот ум е најважен, но за жал во многу религии, особено во исламот не е така. Како можат тие правилно да расудуваат што од другата религија е добро?! Тие немаат отворен ум, т.е. се закоравени за едно исто. Тоа не чини. Можеш да им објаснуваш колку сакаш, но нема никогаш да сфатат, затоа што така се учени.

Бракот се базира на разбирање.

Да, точно. А не на религии.
 
Отворениот ум е најважен, но за жал во многу религии, особено во исламот не е така. Како можат тие правилно да расудуваат што од другата религија е добро?! Тие немаат отворен ум, т.е. се закоравени за едно исто. Тоа не чини. Можеш да им објаснуваш колку сакаш, но нема никогаш да сфатат, затоа што така се учени.

Немој да бидеш толку остар во осудите, секаде има добри луѓе. Ако ги отфрлаш од себе и ти ќе бидеш отфрлен од нив. Немој да правиш поделби премногу ги има, што би направил ако дознаеш дека во некој минат живот си бил муслиман? Ајде ти направи прв чекор прифати ги со срцето биди револуционер, сигурна сум дека ќе се чувствуваш прекрасно,
 
Интересна тема, реална тема, актуелна тема, секодневна тема.
Ме интересира вашиот став по ова прашање, но, не од рекла -казала муабети туку што и како учи Христијанството за ова. Што кажуваат Библиските цитати?

Не гледам ништо лошо тука, ако има љубов и разбирање кај е проблемот..........
 
Немој да бидеш толку остар во осудите, секаде има добри луѓе.

Не, никако. Секаде има добри луѓе, тоа да. Зборувам генерално, не само за муслиманите, за сите. Затоа велам, што помалку религија, тоа подобро.
 
Не, никако. Секаде има добри луѓе, тоа да. Зборувам генерално, не само за муслиманите, за сите. Затоа велам, што помалку религија, тоа подобро.

ОК тоа е твој избор но сигурно сепак веруваш во универзална добрина?
 
Љубовта не познава религија. А религијата не смее да биде пречка во развивање на една љубовна врска. Во ред е религијата да се практикува но се додека не се меша во приватните животи на другите луѓе. За жал тоа е реалноста кај нас и во светот пошироко. Религијата има авторитет пред љубовта. И таквите врски најчесто не успеваат или воопшто не се формираат.
 
Би кажал дека доколку има љубов и разбирање, тогаш не би требало да има верски или социјални пречки за еден маж и жена да стапат во брак. Меѓутоа да бидеме реални. Факт е дека муслиманската вера ги учи своите верници дека сите други се заблудени(само они се во право) и, како таква, строго забранува мешање на верска основа. Се разбира, има чесни и разумни луѓе од муслиманска вероисповед, кои оваа традиција ја гледаат како нешто што е архаично, меѓутоа за жал веројатноста е 95% дека на секоја муслиманска девојка и е забрането да погледне, а камо ли да се омажи за христијанин. Кога е веќе таква ситуацијата, тогаш треба да се поштуе и реципроцитет, т.е. христијанка не смее да погледне муслиман, а камо ли да мисли на свадба со него како младоженец.
 
ОК тоа е твој избор но сигурно сепак веруваш во универзална добрина?

Универзална добрина? -Да, на некој начин да.

А религијата не смее да биде пречка во развивање на една љубовна врска.

Не само религијата туку и други работи, пр. парите.
За жал реалноста е друга...
 
21 vek, prestanete da bidete konzervi, sekoj moze da pravi toa sto saka, religijata samo ogranicuva.
 
Се сметам за open-minded персона, и ги прифаќам сите сфаќања. Да, партнери од различна вера би можеле, теоретски кажано, да стапат во брак. Но, она што не ми е логично на мене е, како би можеле тоа да го направат? Јас сум агностик. Исто ми се фаќа што човек ќе земам за маж, се додека се согласуваме, но ми смета мешањето на религиите и доминантноста.

Утре тој пар ќе има дете. Што ќе биде детето? Христијанин, муслиман, будист, хиндуист, атеист, што? Секако дека нашето заостанато општество ќе му одреди религија и пред да се роди детето, наместо да го почитува неговиот избор.

Како другиот партнер би ги прифатил обичаите на оној чија религија ќе ја превземе? Чудно е, неприлагодливо за многумина, тешко, а и порано или подоцна ќе предизвика кавги.

Јас како нерелигиозна личност, израсната во ортодоксна средина, не би можела да се навикнам на друга средина.
 
И јас тоа прашувам?

Ако беше обратно, секако дека ќе беше проблем,зошто на муслиманка забрането и е да се омажи за немуслиман.

Мислам дека темата е супер,како кроена за овој подфорум, па да оставиме ревносните христијани што ќе кажат на оваа тема.:smir:
POZNAVAM NEKOLKU MUSLIMANKI STO SE OMAZILE ZA HRISTIJANIN ILI NEVERNIK.PA POUBAVO ZIVEAT ODKOLKU SO MUSLIMAN.KOGA LJUBOVTA E VO PRASHANJE NEMA NIKAKVA ZABRANA.:toe:
 
Се сметам за open-minded персона, и ги прифаќам сите сфаќања. Да, партнери од различна вера би можеле, теоретски кажано, да стапат во брак. Но, она што не ми е логично на мене е, како би можеле тоа да го направат? Јас сум агностик. Исто ми се фаќа што човек ќе земам за маж, се додека се согласуваме, но ми смета мешањето на религиите и доминантноста.

Утре тој пар ќе има дете. Што ќе биде детето? Христијанин, муслиман, будист, хиндуист, атеист, што? Секако дека нашето заостанато општество ќе му одреди религија и пред да се роди детето, наместо да го почитува неговиот избор.

Како другиот партнер би ги прифатил обичаите на оној чија религија ќе ја превземе? Чудно е, неприлагодливо за многумина, тешко, а и порано или подоцна ќе предизвика кавги.

Јас како нерелигиозна личност, израсната во ортодоксна средина, не би можела да се навикнам на друга средина.

Респект!:smir: Ова е веќе малце подлабока и пореална анализа на прашањето, во која се опфатени и можните ( реалните) проблеми кои би настанале од склучувањето на таквите бракови. Тоа е она што и јас некаде таму на почетокот на темава го искажав.

POZNAVAM NEKOLKU MUSLIMANKI STO SE OMAZILE ZA HRISTIJANIN ILI NEVERNIK.PA POUBAVO ZIVEAT ODKOLKU SO MUSLIMAN.KOGA LJUBOVTA E VO PRASHANJE NEMA NIKAKVA ZABRANA.:toe:

Љубав не зна за границе, нели? :)

Сепак да бидеме реални, ретки, ептен ретки се таквите случаеви.:toe:
 
Imas muslimani koi se muslimani samo po ime ili sto za bajram idat vo jamija i imas muslimani koi klanjaat 5 pati dnevno, taka da imas musliman i musliman...
 
Зашто не би смеела Христијанка да се омажи за Муслиман?
Дури и помалку е бесмислено е прашањето од темава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom