Pa neli se izvadeni nekolku citati od biblijata za toa sakav da recam...
1) Темите кои ги обработува Библијата немаат никакви ни религиски ни историски допирни точки со Исламот. Исламот се појавува во VII век, значи цели 620 години после Христијанството и добри 500 години од првите примероци на Библијата.
Исламот се до, ако не се лажам 12/13 век со Крстоносните војни, не претставува никаква закана за Христијанството, а до тогаш Библијата веќе била добро дефинирана и евангелијата беа веќе прифатени 500+ години пред тоа (Вселенски собори).
2) Исламот баш се потпира на Библиските приказни. Имиња, настани се црпат од Библијата. Исламот тоа не го порекнува и баш ја пласира таа идеја. Имињата мислам се повеќе од јасни. Иса, Јусуф...
3) До кога муслиманите на Балканот редовно своите проблеми ги пронаоѓате во другите? Комунизмот вака, комунистите така. Репресијата што се правела врз Исламот се правела и врз Христијанството. Тоа била политиката. Ако Енвер Хоџа во Албанија бил поголем фанатик и со сталинистички црти, тоа не е проблем на комунистите од Југославија (Македонија).
Ако одиме до таа мера, тогаш ние Христијаните на Балканот треба со иста и полоша мера да враќаме на Исламот заради 500 годишното ропство и наметнување на Исламот како религија.
Да не зборувам за црквите кои морале да бидат градени 2-3 скали пониско од џамиите, да не зборувам за „правата“ што се добивале ако се преобратите во Ислам и.т.н
4) За тоа дали некои луѓе присилно или не го прифаќале Исламот како вероисповед постојат тони и тони документи од тоа време. Означени се датуми, области. Пишувани и кажувани се приказни, преданија и што не. Се пишувале романи на таа тема (Калеш Анѓа??).
5) Преку глава ми е дојдено со вечната политика на Калимеро особено од страна на Албанците во Македонија. Постојат многу други националности од исламска вероисповед кои се сосема задоволни од правата што ги уживаат дали во етничка или во религиозна смисла. Албанците вечно се незадоволни и бараат европска правда. Баш ме интересира дали ваквите барања ќе им успеат во Холандија, каде има реперкусии врз Муслиманите, а ете тоа е земја основач на ЕУ!