Баш на оваа тема имам многу размислувано. До некаде порано и се имам најдено во ваква ситуација, а до скоро време мојот најдобар другар христијанин имаше врска со муслиманка.
Мислам дека, ако двајца искрено се сакаат нема врска кој од која вера е. Сите недоразбирања и разлики можат да се надминат!!! Значи мене не ме интересираат што кажуваат светите книги, без разлика од кога вера се. Ако прашате зошто, ќе ве прашам која е онаа вистинската книга, праведната книга, која е онаа правата вера и што ако јас сум се родел како будист. Секоја вера си кажува за себе дека е онаа вистинската, а всушност има безброј вери. Има безброј вери и безброј верувања, но ако љубовта е онаа вистинската, тогаш таа е единствена!!!:smir: