Прашање до вработените програмери

  • Креатор на темата Креатор на темата The One
  • Време на започнување Време на започнување
Поентата со факултетот пријателе е дека тој ти дава општо знаење, т.е. ти ја развива интелигенцијата и те учи како да учиш. Јас дипломирав на ФЕИТ пред година и пол и можам да кажам
дека, благодарение на основата што ја стекнав таму и добиените предзнаења, одма најдов работа и брзо ги совладав програмските јазици Java и C#, кои на факултет немав можност да ги научам. Значи, според моето искуство можам да заклучам дека факултетот не е неопходен, но е важен фактор во обрзованието на еден човек.
Според мене факс-от општо е е** ветар, пошо за некој работи јас што се малтретирам да ги учам што неверувам дека воопшто некад би ми се нашле во животот, за тоа врме ако се посветев само на тоа што вистина сакам да го учам ќе стасав каде каде понапред одколку сега што сум.
 
Од 200 евра за почетник па до 1000 евра па и повеќе за ИТ менаџерите и дечки што си ја знаат работата, просекот е некаде 400 до 500 евра.

A за колку време одприлика доаѓа унапредувањето-месеци, години?
 
Според мене факс-от општо е е** ветар, пошо за некој работи јас што се малтретирам да ги учам што неверувам дека воопшто некад би ми се нашле во животот, за тоа врме ако се посветев само на тоа што вистина сакам да го учам ќе стасав каде каде понапред одколку сега што сум.
Како на пример?
 
Не се секирај ти за учење. Да програмираш ке научиш за 2 месеца штом најдеш работа. Факултетот ти дава ширина и подлога за напредок, те учи како да размислуваш и да моделираш проблеми. Не е факултетот курс по C# или МySQL. Тие работи и сам ке ги сфатиш.
 
Поентата со факултетот пријателе е дека тој ти дава општо знаење, т.е. ти ја развива интелигенцијата и те учи како да учиш. Јас дипломирав на ФЕИТ пред година и пол и можам да кажам
дека, благодарение на основата што ја стекнав таму и добиените предзнаења, одма најдов работа и брзо ги совладав програмските јазици Java и C#, кои на факултет немав можност да ги научам. Значи, според моето искуство можам да заклучам дека факултетот не е неопходен, но е важен фактор во обрзованието на еден човек.

Сега незнам точно што си учел на ФЕИТ, (јас имам завршено техничка информатика во Битола) но во споредба со факултетите во западна европа ито како има разлика. Таму студентите се насочуваат на изучување една гранка, не како тука општо. Се знае дека информатиката е една од најголемите науки и дека човек мора да се насочи на некоја страна.

Ако пример сакам да научам да цртам 3д модели, шо ќе ми е да знам како се прават веб сајтови и како изгледа хтмл кодот? Си се насочуваш кон изучување на 3д моделите, нивно представување, математички модели и се што е потребно за таа гранка... И јасно дека на тој факултет ако дипломираат 20 студенти секој ќе си ја најде својата струка во некој дел од пазарот, бидејќи е експерт во неговата област.

А кај нас, (барем на мојот факс, тешко дека на друг нешто е поразлично) се изучува се и свашта. И на крај доаѓа моментот кога студентот ќе се здобие со титулата дипломиран информатичар, и кога ќе појдиш некаде на интервју за работа ќе те прашаат нешто, ти незнаеш. Нормално дека неможе се да се знае, + треба да се насочуваат студентите уште во првата година.

А да не ги споменувам работодавачите... Конкретно во Битола човек со книговодствено биро, за одржување на компјутерите пратил оглас дека бара информатичар што знае C++. Ко го прашав шо ќе се работи, вика ами преинсталација на компјутер, чистење на вируси, и така нешто... На прашањето а што планираш да правиш со C++, одговорот беше така му рекол некој, човек што знае C++ ќе знае да ги одржува компјутерите :tapp:
 
Според мене факс-от општо е е** ветар, пошо за некој работи јас што се малтретирам да ги учам што неверувам дека воопшто некад би ми се нашле во животот, за тоа врме ако се посветев само на тоа што вистина сакам да го учам ќе стасав каде каде понапред одколку сега што сум.

Секој си има право на свое мислење пријателе. Мене факултетот ми покажа начини на размислување кои дотогаш не ни мислев дека се возможни и ме направи попаметен. Воопшто не жалам за ниту еден момент поминат на него.

Сега незнам точно што си учел на ФЕИТ, (јас имам завршено техничка информатика во Битола) но во споредба со факултетите во западна европа ито како има разлика. Таму студентите се насочуваат на изучување една гранка, не како тука општо. Се знае дека информатиката е една од најголемите науки и дека човек мора да се насочи на некоја страна.

Ако пример сакам да научам да цртам 3д модели, шо ќе ми е да знам како се прават веб сајтови и како изгледа хтмл кодот? Си се насочуваш кон изучување на 3д моделите, нивно представување, математички модели и се што е потребно за таа гранка... И јасно дека на тој факултет ако дипломираат 20 студенти секој ќе си ја најде својата струка во некој дел од пазарот, бидејќи е експерт во неговата област.

А кај нас, (барем на мојот факс, тешко дека на друг нешто е поразлично) се изучува се и свашта. И на крај доаѓа моментот кога студентот ќе се здобие со титулата дипломиран информатичар, и кога ќе појдиш некаде на интервју за работа ќе те прашаат нешто, ти незнаеш. Нормално дека неможе се да се знае, + треба да се насочуваат студентите уште во првата година.

А да не ги споменувам работодавачите... Конкретно во Битола човек со книговодствено биро, за одржување на компјутерите пратил оглас дека бара информатичар што знае C++. Ко го прашав шо ќе се работи, вика ами преинсталација на компјутер, чистење на вируси, и така нешто... На прашањето а што планираш да правиш со C++, одговорот беше така му рекол некој, човек што знае C++ ќе знае да ги одржува компјутерите :tapp:

На факултет се запишав затоа што сакав да стекнам целокупно знаење за областа на информатичката технологија и за принципите и законите на кои таа е заснована. Смерот кој го завршив беше КТИА(Компјутерска техника, информатика и автоматика) и благодарение на него стекнав сесрдно знаење за сите аспекти кои ја тангираат оваа област било да се хардверски или софтверски.
За да успееш во животот треба да имаш познавање од се што ја засега струката која ја работиш. Зошто? Па, одговорот е многу едноставен. Никогаш не се знае што се може да се случи во животот. Трендовите во информатичката технологија брзо се менуваат и тоа што денес е актуелно, утре може да стане нешто обсолетно и да биде заменето со нов програмски јазик, концепт или софтверски пакет. Затоа, нема ништо лошо во тоа да се има повеќе знаење. А, за специјализација не се секирајте. Битно е да се има основа.
 
Да, ама делот со автоматика, хардвер, основи на програмирање, основи на електротехника и логички кола, Асемблер, програмирање на индустриски контролери и тн. ми беше познат од средно. Конткерно на мојот факс, не научив ни 1/5 од тоа што го научив средно. Патем средно завршив техничко, компјутерска техника и автоматика (според мене едно од најопремените училишта во републиката е во Битола).

Можеби за луѓе што немаат познавање (да речиме гимназијалци) факсот и програмата каква што е е ок, ама конкретно во мојот случај, факултетот ми потроши џабе 3 години бидејќи (доколку не седнев од страна сам да се интересирам и рчкам) едноставно стагнираш со знаењето. Напредокот на кој што си навикнат од средно, го нема, исчезнува наеднаш....
 
Наградно прашање: Зошто кога веќе си увидел дека стагнираш и не се стекнуваш со нови знаења на факултет си продолжил да студираш? Зошто не си го променил факултетот или не си го прекинал студирањето?
 
Ако така ти било на факултетот во Битола, неможеш да тврдиш општо за секој факултет дека е така.
Потполно се согласувам со членот погоре. На факултетот ти даваат на некој начин општи знаења од многу области. Незнаеш што ќе бидеш во животот, незнаеш што ќе работи. На факултетот ти ја добиваш основата, те учат да учиш. Темпото со кое се одвиваат настаните е неверојатно брзо и факт е дека неможе секој да го постигне, успеваат само најдобрите, ама затоа после кај и да се вработат, знаат за неверојатно кратко време да го научат и сфатат тоа што го работат, МНОГУ побрзо од тој што е без факултет, пред се поради рутината од 3-4 години што учеле како волови.
И те молам не споредувај средно со факултет (поготово не со државен факултет, а уште полошо па со електро:D). Немој само да ми кажеш исто те учеле и во средно:) Какво сака нека е средното, сепак е средно. Кој што сака нека каже, али колоквиумите на факултет неможеш да ги споредиш со тестовите што сте ги правеле во средно. Прво, целиот стрес што го доживуваш на факултет не е исти со средно каде што се ти идело лагано и ти било на некој начин занимација.
 
Секој си има право на свое мислење пријателе. Мене факултетот ми покажа начини на размислување кои дотогаш не ни мислев дека се возможни и ме направи попаметен. Воопшто не жалам за ниту еден момент поминат на него.
Ти си највероватно многу помлад од мене. Јас бев на факс пред 20 и у принцип бевме подмножество на математички факултет. Сега е подруго.
 
Не се секирај ти за учење. Да програмираш ке научиш за 2 месеца штом најдеш работа. Факултетот ти дава ширина и подлога за напредок, те учи како да размислуваш и да моделираш проблеми. Не е факултетот курс по C# или МySQL. Тие работи и сам ке ги сфатиш.
Што подлога брат, јас некои работи што ги учам сам асистентот и професорот не ни знаеле дека постојат и ме гледаат така чуден , факс е едниствено за диплома сето другото зависи од тебе што како ќе научиш. Мене пример ме фаќаат нерви да чекам некој да ми покажи, единствено што ќе сватиш на факс е дека 100 пати можеш повеќе сам да напредуваш отколку да чекаш професорот да ти објасни. И плус логиката не се учи за два месеци,а програмскиот јазик се учи и за две недели. Реши 1000 задачи програмирање ќе видиш дали зависи од професорот или од тебе.(за логиката мислам)

Секој си има право на свое мислење пријателе. Мене факултетот ми покажа начини на размислување кои дотогаш не ни мислев дека се возможни и ме направи попаметен. Воопшто не жалам за ниту еден момент поминат на него.
За ова зависи од тебе а не од факсот.
 
Наградно прашање: Зошто кога веќе си увидел дека стагнираш и не се стекнуваш со нови знаења на факултет си продолжил да студираш? Зошто не си го променил факултетот или не си го прекинал студирањето?

одговор: тоа го увидов откако го завршив факултетот. Кога ќе ја погледнеш студиската програма има доста интересни предмети, но кога ќе ја отвориш книгата/скриптата, тоа што го учиш благе везе нема со насловот на предметот. А што ќе добиеш ако го прекиниш студирањето? Со факултет неможиш да најдиш работа, а не пак со средно.

Ако така ти било на факултетот во Битола, неможеш да тврдиш општо за секој факултет дека е така.

И те молам не споредувај средно со факултет (поготово не со државен факултет, а уште полошо па со електро:D). Немој само да ми кажеш исто те учеле и во средно:) Какво сака нека е средното, сепак е средно. Кој што сака нека каже, али колоквиумите на факултет неможеш да ги споредиш со тестовите што сте ги правеле во средно. Прво, целиот стрес што го доживуваш на факултет не е исти со средно каде што се ти идело лагано и ти било на некој начин занимација.
Јас ти ја ставив тежината и опфатноста на матерјалот во споредба, а не начинот на предавање и проверка на знаењето.

А програмите што не тераа да ги правиме на факс во прва година по предметот вовед во програмирање (ги работевме во C++ конзолно), истите ги работевме во средно во втора година во Pascal. Разликата беше во тоа што средно не тераа да ја составиме програмата САМИ па се јавуваа 6-7 различи решенија кои што работеа точно, додека на факс едноставно ни го даваа кодот решен што според мене не те тера да се помачиш тро и да размислиш.

Него ај да не го тупам, темава ја однесовме во погрешен правец.
 
Затоа пак ќе речам, многу зависи на кој факултет си бил:)
 
За ова зависи од тебе а не од факсот.
Друже, ќе ти поставам едно културно и интелигентно прашање:"Зошто, според тебе постојат факултетите и зошто факултетската диплома насекаде е драстично повеќе ценета отколку таа од средно?"
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom