ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 174
Македонија 34-та според слободата на медиумите
20.10.2009 13:24
Македонија е на 34-то место од вкупно 175 држави во класификацијата на „Репортери без граници“ за слободата на медиумите во светот.
Македонија оваа година бележи скок за осум позиции, за разлика од 2008 година кога беше на 42-то место, со што најдобро котира во извештајот на организацијата од земјите во регионот.
Од земјите во регионот зад Македонија е Грција, на 35-то место, потоа Босна и Херцеговина на 39-то место и Србија на 65-то место.
Потоа следуваат Косово на 75-то место, Црна Гора на 77-то и Албанија на 88-то место.
Според организацијата, од земјите-членки на ЕУ, перманентен пад бележи Бугарија, која откако стана членка на Унијата во 2007 година нејзината позиција постојано опаѓа и оваа година е на 68-то место, во споредба со 59-то во 2008. Ова е најниско рангирање на која било членка на Унијата, истакнува „Репортери без граници“ во својата Интернет страница. Со слични критики е и Италија, која оваа година е на 49-то место.
Двете кандидатки за членство во ЕУ, Хрватска и Турција, исто така забележале „драматичен пад“ - Хрватска оваа година е на 78-то место, што е пад за 33 места од лани, и Турција на 122-то, пад од 20 места во споредба со 2008.
Најслободни се медиумите во Данска, Финска, Ирска, Норвешка и Шведска, а нивната слобода е најограничена во Еритреја.
По Еритреја, најпотиснати се медиумите во Северна Кореја, Туркменистан, Иран, Мјанмар и Куба. Кина е на незавидното 168-мо место, Русија е на 153-то, а Израел, широко критикуван поради цензурата при известувањето на воената офанзива во Појасот Газа - на 93-то место.
За сметка на тоа, САД бележат значителен напредок, и го делат 20-то место со Луксембург и со Велика Британија. „Репортери без граници“ го припишуваат добриот резултат на САД на полибералниот однос на власта кон медиумите по стапувањето на должност на Владата на Барак Обама.
Меѓу критериумите за подготовка на извештајот на „Репортери без граници“ се нападите и апсењата на новинарите, како и цензурата на медиумите.
извор а1
и сега пак есапот на милчин, геро , жаре и платформери не испадна како што треба.
малце е контрадикторно ЕК повикува на напредок во слободата на медиумите, груевски им кажува ( лани додуша) ``повеќе медиуми, поголема слобода``.. а се на се и не сме биле толку лоши по ова прашање, зашто во друга земја ``гомнојадци`` против својот народ и држава кои ги имаат окупирано медиумите, во најмала рака би се запрашале што прават.