Со гаранција имам гледано повеќе натпревари од тебе, и да потенцирам, не само на Лејкерс туку и на другите тимови! Е сега што ме нервираат луѓе што не навиваат за тимови туку за играчи тоа е друго. Јас кога гледав НБА, Коби беше копиљ, до пред некоја година многу ме нервираше зошто се понашаше како сега леброн, ама последниве години е мн сменет и многу го почитувам. Ама кога ќе се пензионира или ако замине од ЛА нема да навивам за него, останувам да навивам за клубот, а додека е тука сум за него, за разлика од теба, ако отиде мајмунот во Голден Стејт, ти за нив ќе си!
Ако не пишувам после секој натпревар не значи дека не гледам и дека не пратам, кога гледам НБА форумот не ми е важен, може др дена да напишам нешто, импресии ова она, ама во тек на натпревар мн ретко, само ако се знае пред време кој ќе е победник!
И не паламудете многу, не сте интересни, за НБА можам да ви држам часови, ама со пари!
Јас навивам за Гарнет, не сум бил порано фан на Бостон, али кога толку години не можеше да освои титула таква легенда во НБА, нормално си навивам за Бостон од кога дојде овде, и ми се исполни срцето кога ја освоија титулата, па и каков резултат...е сега тоа е друго ако те нервираат такви како мене

. Поздрав. :wink:
--- надополнето ---
Како прво, малку глупаво е да се карате кој има гледано повеќе утакмици - детски работи. Татко ми е појак од татко ти. Глупости.
Како второ, знаете дека Лејкерс е најуспешен тим и нормално ќе има најмногу фанови. Е сега тие фанови што се уклучуваат кога ќе им текне, или еве кога се во финале, или кога ќе се расположени ги викаат bandwagon(во Америка). Тоа ќе е така во НБА, ќе е така во фудбалот, ќе е така во ватерполото. Веќе кажано - веќе видено. Нема потреба од ваква дискусија.
Нема потреба да ми реплицирате на ова... но еве некои работи кој можат да се размислат и реплицират...
1. Како Бостон ќе одговори на фуриозниот старт на Лејкерс? Тоа не го знам, но сигурен сум дека резултатот ќе е поблизок и понеизвесен.
2. Дали Одом ќе се разбуди од неговата хибернација? Пожелувачко, да.
3. Дали судиите ќе дозволат физичка игра, достојна за Финале? Се надевам, да!
4. Како ќе одговори Гарнет, на солидната игра на Гасол? Сигурно ќе е подобар од мизерната игра во првата, но дали тоа ќе е доволно? Неговите колена нема да се вратат назад во времето и да бидат поздрави и помлади...Ова ќе е интересно да се види.
Ова и многу други прашања ќе бидат одговорени во 2:00 на МТВ.
Извини, ќе те поправам, Бостон е најуспешен тим

. Вакви постови почитувам и ми се допаѓа атмосферата на последната страна. Си коментираме како обични фанови и љубители на НБА, нема потреба од докажување кој што како дека....поздрав, чекам да дојде 2, па да гледаме неизвесен дуел.
--- надополнето ---
Е сега, за вечерва мислам дека Бостон мора да одговори со одбрана каква што знае да игра, да не дозволат толку лесни влезови и тоа што најмногу ме изнервира во првиот меч, заспаноста од кога ЛА ќе промашат напад, ги здробија од офанзивни скокови. Второ, мора Риверс да смисли решение за проблемот со лични грешки на Реј Ален, едноставно човекот мора да изигра многу повеќе минути и да постигне неколку тројки. Имаа само 1 постигната тројка дури и смешно ми беше...се сеќаваме сите колку тројки им даде на ЛА во мајсторката пред 2 години. Тони Ален е Тони Ален, али искуството на Реј и неговиот неверојатно брз шут мора да бидат многу подобро искористени доколку Бостон сака да ја израмни серијата на 1:1. Пол Пирс делуваше отсутно во поголемиот дел од натпреварот, освен на крајот што успеа да си го подобри билансот со поените од лични грешки, кога Лејкерси веќе имаа солидна предност...имам впечаток дека ја прават истата грешка како и Феникс. Им прават предност преку целиот натпревар, не играат на ниво и со голема мотивација и после во последната четвртина трчаат да ги стигнат. Е така во Стејплс центарот против расположените Лејкерси не можат да добијат меч. Рондо како да беше исплашен да ја игра својата игра, мора да ги прави влезовите и да му ја скрши кичмата на Фишер, 2пати е побрз од него и има одлична контрола на топката. Мислам дека е Рондо од 2008ма е 50 посто од денешниот Рондо, очекувам да изигра многу подобро вечерва. Гарнет беше видно исфрустриран од својата игра, слабо позиционирање за да направи повеќе скокови, промашувања од неколку чисти позиции, од кои врв беше тоа од пола метар, дури не знам ни што сакаше да направи...не дека поените од првиот натпревар се којзнае колку катастрофални, туку едноставно мора да одигра многу поцврста одбрана против Гасол, кој после Коби беше најрасположен кај Лејкерси. Имаа многу задоцнувања во одбраната по кои следуваа поени од одбојка што Гасол, па и Бајнам многу вешто ги постигнаа.
Очекувам секако многу понеизвесен натпревар со многу поблизок резултат, ипак и Лејкерси имаа своја вечер некни, а Бостон лоша.