Ау за 3 години - 3 пати во Финале, добро е да се биде фан на Лејкерс во ова време, а? Посебно по толкавите маки со Смуш Паркер и Кваме Браун како стартен центар
Пред 4 години Лејкерс во првата рунда водеше против Феникс со 3-1, но заврши 4-3 за Феникс. Епа одмаздата стигна, бавно - но стигна! Имајте убаво и жешко лето таму во Аризона.
Што да кажам за натпреварот...хмм...Како што поминува времетo, се си мислам дека Коби има склучено пакт со ѓаволот, ваква игра, доверба во самиот себе се најблаго речено - нечовечки. Регуларната сезона e симпатична, изгледа како загревање, но во плејофот се коваат имињата на легендите. А Коби одкако му го направија болниот зафат на коленото (вадење вода од десното) игра како легенда, како кошаркар што децата пред зграда го спомнуваат после секој нивни кош. Ај да не давам јас, еве Алвин Гентри (тренерот на Феникс) што изјави сабајлево:
"I'm saying at this time right now he's the best player in basketball.
And I don't think it's even close."
Еве ги неговите статистики во серијата со Феникс : 33,7 поени, 8.3 асистенции и 7.2 скокови.
Но како фан на Лејкерс, вчера колку што бев воодушевен од Коби толку бев разочаран од Гасол. Константно беше туркан по теренот, видно фрустиран што не добива фаули, Админсон и Фој стигнаа да го блокираат неговиот шут :kesa: , тотално пасивен, цела утакмица му беше кучка на Стадемаер, со еден збор -
катастрофа.
Ако овој Гасол се појави во финалето, може предвреме да му ја дадеме титулата на Бостон. Нека си порасни уште еден пар мадиња, нека оди на психијатар, нешто што било - затоа што ни треба Гасол како сите што го знаеме и познаваме. Гасол од серијата со Јута. Има време ај ќе видиме.
Исто и Вујачич, кој дозволи неговите желби и емоции да бидат поголеми од цел труд на Лејкерс, во последата утакмица, по фаулот на Драгич, Феникс го запoчнаа својот напад кон водството на Лејкерс. Тотално детски потег.
Вчера и Артест се повампири
Се на се - доста интересна серија. Сега останува Финалето. Ај ќе има и наскоро за тоа подолг пост, како што и доликува.