NBA сезона 2009/2010

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Самиот ЛеБрон кажа синоќа дека не го очекувале ова од Бостон.Новинарите синоќа го раскинаа од прашања се однесуваа како да Кливленд е веќе елиминиран.Прво Леброн влегува во прес салата овие мирни ко да умрел некој.Првото прашање дали ЛеБрон е влезен во депресија и агонија по поразот...Убаво им рече."Полека момци употребувате многу тешки зборови.Каков е резултатот?4:1 или 1:1.Следува долга серија..."
Леброн во моментов е без сомнение најдобар играч во НБА, дечкото е феноменален (шут, брзина, техника и ред други работи) и далеку од тоа дека серијава ќе биде кратка, но самиот факт што целата петорка на Бостон со исклучок на Перкинс (најголем антиталент од центар кој го имам гледано) па и некој од резервите се класа играчи, еве и Рондо прераснува во еден од најдобрите плејмејкери во лигата, ми дава за прво да кажам дека Бостон има поизгледни шанси да ја добие серијава, од петоркава на Кавси појаки играчи барем според мене се Леброн, Шек уште се држи, Џејмисон и донекаде Мо Вилиамс, останатите немаат некој капацитет, а без добра клупа тешко се доаѓа до титула, да не прогнозираме предвреме, натпреварите се мерак за очи па нека победи подобриот, битно ќе гледаме добра серија :toe:
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66

Да тоа сигурно ќе гледаме добри утакмици.Му фали на Кливленд тоа што му фалеше на Феникс пред 4-5 години.Во многу случаеви синоќа Џејмс се обиде да ги проигра соиграчите и да ги размрда но не успеа.Нормално дека сега предноста е кај Бостон.Го вратија сопствениот терен.Се прави солидна атмосфера во салата на СЕЛТИКС
 
Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Перкинс лош центар ??? Ауф која грешка.
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Перкинс лош центар ??? Ауф која грешка.
Па поголем антиталент за кошарка од Перкинс јас во живот не сум видел, човекот како прво нема осет за простор, нема шут (не зборам за шут од далечина туку од под кош), нема некој специфичен скок, единствено добро кај него е дуел играта бидејќи е доста крупен, друго друже кај него нема, Рашид Волас е трипати подобар од него, да има Бостон центар од типот на Шек уште сега би го прогласил за шампион, апсолутно никаква корист нема Бостон од Перкинс, центар кој постигнува 4 до 6 поена на утакмица :toe:
 
gODHEAD

Crucified
Член од
6 декември 2007
Мислења
1.827
Поени од реакции
1.163
Орландо сее страв и трепет низ истокот 114-71 со Атланта во првиот натпревар :)
 
Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Орландо сее страв и трепет низ истокот 114-71 со Атланта во првиот натпревар :)
Ги истурија... моментално се игра 1/4 Јута:ЛАЛ изедначено е 20:20
Ајде Џезери одиме на брејк.
 
Член од
3 август 2009
Мислења
178
Поени од реакции
2
Се плашам дека тука завршува серијата.Џексон нема шанса да изгуби ваква предност и пак 4та година со ред испагаме од лејкерс.Ни треба уште еден скап и добар играч
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
466
Поени од реакции
30
UTRE VECER 2 utakmica PHOENIX-SAN ANTONIO,ke imaat li sili za W ke vidime!!!

ORLANDO-ATLANTA 48 minutno gazenje ili pak macenje,17-0 im napravija i toa
bese se mizerija ili si vleva ATLANTA vo ISTORIJATA na najgolemi playoffs porazi,
114-71,HOWARD 21 poen i 12 skoka,8 dena pauza i 1-0 vo serijata.
LAKERS-UTAH mavaj kade sto najmnogu boli i e naj slabo normalno i logicno,
dominacija vo reket,reket i samo reket,64 poena nasproti 50 na UTAH,skokovi
58 L.A.nasproti 40 mizerni na UTAH,ALL LAKERS GASOL 22 poena 15 skoka,KOBE
30 poena,BYNUM 17 poena so 14 skoka,od 2006 do denes vo STAPLES CENTER,
L.A. nad UTAH so se vaa imaat 16 pobedi po red,ili L.A.-2-UTAH-0,kolku poarna
serija ke bese so DENVER,toa e sto L.A. FINALE ke si igra da ne kazam lesno.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Хехе се виде кој е појак одчична игра на сите.2-0 е сега една во гости да земат готово ќе биде нема мн шанси Јута исцрпени се
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Тешко да зема во гости но сепак ќе одат понатаму мислам Лејкерси..Орландо имаат добар состав мислам дека ќе стасаат далеку исто така интересен дуел е Феникс со Сан Антонио.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Тешко да зема во гости но сепак ќе одат понатаму мислам Лејкерси..Орландо имаат добар состав мислам дека ќе стасаат далеку исто така интересен дуел е Феникс со Сан Антонио.
зашто тешко еве втората да ја земат и готово после во Стејплс неможе да изгубат:wink:
 
StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
Нека ни е честита и втората победа на ЛА ....јас мислам западно финале би било овака Феникс:Лејкерс 1:4 :pos2:
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
Главната закана за ЛАЛ иде од истокот. Западот беше изедначен, ама сите се класа подоле од Лејкерс.Далас беше најблиску, и пак падна.
Орландо или евентуално Бостон се најкомплетни за да му конкурураат на лејкерс, инаку пак ќе го видиме Фил Џексон шампион, досаден е.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Овие Орландо според мене се фаворити на Истокот.Си имаа прелесен распоред.Бостон и КАВС очи ќе си вадат пола месец и кои и да помине ќе биде релативно прекапан.Сепак ништо немора да значи...Гледам сите сте го отпишале Кливленд!!??!??
 
vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Ако Сан Антонио помине со Феникс,мислам дека ќе бидат шампиони на Запад,само густа е работата со Феникс сега,ама верувам дека барем една на гости ќе победат!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom