Бараж за СП 2010

Де бе сите ги пцуат французиве , да и јас не го сакам овој тренер али заборавате дека во 2006 едај ги поминаа групите а после во 1-4 финале како ги исплескаа бразилците а имаа лоша среќа во финале со Италија :smir:
 
bb[noone];3094991 напиша:
Де бе сите ги пцуат французиве , да и јас не го сакам овој тренер али заборавате дека во 2006 едај ги поминаа групите а после во 1-4 финале како ги исплескаа бразилците а имаа лоша среќа во финале со Италија :smir:

Нерегуларности имало и ке има само кој ќе ги трпи овие французомрзачиве една недела да го тупат за раката на Анри, а НИКОЈ не го спомна пеналот што беше направен врз Анелка претходно. Како и да е помирете се со тоа дека ќе ја глеате Франција на СП 2010 и продолжете да стегате палци да испаднат уште по групи
 
Единствена позитивна работа е што со играњето на Светското француските фудбалери(ракометари) ќе се вратат во својата татковина и на своите корени.За интервјуто се гледа дека Анри си ја пере совеста меѓутоа јасно беше, барем според мене, дека топката не му ја допре раката, туку јасно си ја намести за на нога што значи намерно играше.Секоја чест за Ирците така за игра за својата држава
 
Искрено и јас да се најдев во онаа ситуација на анри истото ке го направев(да игра бараж Македонија со некоја држава и да пропуштам шанса за да не ме пцуеле некојси ирци итнт).молимте не верувам дека некој не би го сторил истото за својата држава...
 
изјава на Анри "да имаше игра со рака ама,јас не сум судија"
повеќе клик тука

...ја сум ракометар...
...ја не сум из одавде...
...ние сме планинари...
...english man in new york...

:pos:


bb[noone];3094991 напиша:
Де бе сите ги пцуат французиве , да и јас не го сакам овој тренер али заборавате дека во 2006 едај ги поминаа групите а после во 1-4 финале како ги исплескаа бразилците а имаа лоша среќа во финале со Италија :smir:

Шала на страна, Франција од секогаш имала добар ракомет :pos:

Иначе она со Кореја, тоа беше најголем грабеж што се случил на светските првенства. Како ги елиминираше Италија и Шпанија тоа во трета лига југозапад го нема. По мечот со Шпанија некој од шпанците изјави: и да победевме на пенали ќе измислеа нешто :)

Срамота беше тоа што го гледавме, едно е превид, да не видиш гол, офсајд, рака... а друго е цел натпревар да им помагаш, и тоа секој натпревар.
 
А да за ракомет што ги бива ги бива.Трезеге што го даде голот против хрватска 2004 :pos2::pos2:...
 
Да, ама барем него го погоди топката во рака :)


2.46
 
Инаку после мечот Словенија-Русија Гуус Хидинк не се појавил на прес конференција што придонело дополнителна лоша слика како што стои по веснициве.
Е сега колку Хидинк само треба да размисли колку аматерски влезе во дуелов со Словенија е едно големо прашање.
----------
Јас не сум судија

Капитенот на француската фудбалска репрезентација Тиери Анри после натпреварот со Република Ирска и контроверзниот гол кој ги одведе "триколорите" на Светското првенство во Јужна Африка призна дека играл со рака.

"Играв со рака, но јас не сум судија. Топката ме погоди во раката а судијата тоа не го примети па јас продолжив да играм. Сето тоа не може да ја расипе мојата радост што се пласиравме на Светското првенство" изјави францускиот напаѓач.

Од другата страна селекторот на Ирска, Џовани Трапатони не го крие незадоволството од ваквиот епилог. "Цел свет виде што направи Тиери Анри и судијата тоа мораше да го санкционира во консултација со помошникот. Мислам дека и самиот Анри го призна играњето со рака на судијата.

Навистина сум многу разочаран бидејќи во реваншот одигравме многу добар меч за разлика од првата средба. Кога се ќе се собере ние бевме тие кој го заслужија патот за Јужна Африка" изјави Трапатони.
 
Инаку после мечот Словенија-Русија Гуус Хидинк не се појавил на прес конференција што придонело дополнителна лоша слика како што стои по веснициве.
Е сега колку Хидинк само треба да размисли колку аматерски влезе во дуелов со Словенија е едно големо прашање.

како што кажав и вчера, Гус(само лоши мисли)можеби сака да ја напушти работата како тренер на Русија и ова му беше идеална шанса, сега кога Челзи е зафатен, најголем предизвик би била клупата на Сити...ќе има доволно пари и ресури на располагање за уште во оваа сезона да ја растури топ-4ката.
 
Eдна работа, секогаш кога се изведува слободен во една ваква ситуација, доколку има играчи во офсајд судијата МОРА да го крене знамето, што значи овој гол е пакет 2 у едно, '' ненамерно '' несанкциониран офсајд од линискиот судија и '' ненамерно '' неприметување на апла очигледната игра со рака на Анри, момент по кој веднаш пола тим на Ирска почнувајки од Гивен реагираше . :toe:

Шо е очигледно очигледно е, али ај . :toe:


п.с. Тука некој пиша, па имало многу играчи и судијата раката не ја видел, епа на видеово приметете го аголот на линискиот судија и Анри ( 13 секунда ), или и он во една ваква ситуација неможеше да го види ова играње со рака ?!
 
абе некој кажа погоре како може платини да дозволи франција да не игра на светско прво ќе биде то срам за него башка кој фактор во фудбалот е ирска а којк франција, секогаш судиите се благонаклонети кон големите сили во фудбалот класичен пример португалија, незнам кој од вас гледаше али росети ги сроза у корен босанците значи секој мал контакт од страна на босанците врз португалците досудуваше фаул, да не правиме муабет за цвениот картон, си заслужи децкото жолт за приговор ама црвен, искено нај криво ми е за русија и украина, се надевав дека русија ке изненади на светско ама нишо, украинците мислев ке ги утепаат тоа педерчињата ама и тоа нишо, многу педерски гест имаше и во уругвај кога се направи инцидент на теренот во моментите кога уругвај беше инфериорен да се деконцентрира противникот, ама тоа е тоа целта ги оправдува средствата колку и да ја бараме правдата нема да ја најдеме
 
http://tocka.com.mk/vest.php?vest=15242&page=1

Се извињавам што е од друг сајт али ве молам прочитајте колку грешки има :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: и какви :pos2: :pos2: :pos2: :pos2:

(голманот Живен,Роби Кејн,погодот во 33тата минута на продолжението):pos2::pos2::pos2:
 
Аман бре,како прва грешка на судиите да е ова.
Челзи не се пласира во финале заради тоа што судијата не досуди пенал.
Арсенал изгуби во финале од ЛШ заради гол од оффсајд.
Aргентина се пласира во полу-финале со голот на Марадона.

Сите сте многу сигурни дека Ирска ке одеше на СП,ако се поништеше овој гол?
Па можеби Франција ке дадеше уште еден,можеби ке тепаше на пенали?


Главниот судија неможеше да ја виде играта со рака на Анри,но линискиот судија требаше/а и имаше оффсајд,тоа е факт.Но зарем беше истиот судија кој можеше и да досуди пенал?

Зарем Анри знаеше дека нема да досудат игра со рака?Искористија прилика французите и одат на СП.Не победува секогаш најдобриот во фудбалот,не е прв пат ова да се случи.

Сега кога веќе се пласира Франција,ваљда ке ги помине групите,а најголем дострел ке им е 1/4 финале.А и да отпаднаа барем ке се спасија од Доменеш.

Имало вакви неправди и ќе има.
Можеби со плус двајца судии ,ке се намалат ваквите грешки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom