НАЈОСТАР ДЕМАРШ ОД БЕЛГРАД ЗА СКОПЈЕ
Јеремиќ: Најостар демарш од Белград за Скопје
Коментари (13)
22.10.2009 09:14
Вук Јеремиќ
Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ изјави дека Србија упатила најостар демарш до претставниците на Македонија поради договорот за демаркација на границата меѓу Владата во Скопје и косовските власти.
„Таканаречениот договор за границата е резултат на произволна одлука на институциите во Приштина и Владата во Скопје и целосно е неприфатлив за нас“, истакна денеска Јеремиќ во интервјуто за белградскиот дневен весник „Вечерње новости“.
Тој наведе дека Скопје е известено оти Белград ги разгледува понатамошните чекори.
Српскиот министер за надворешни работи во интервјуто за „Вечерње новости“ се осврнува и на посетата на рускиот претседател Дмитриј Медведев на Белград.
„Настапите на Русија за Косово и Метохија во меѓународната арена во целост се сихронизирани со Белград. Разговаравме за претстојните чекори и за сите наши иницијативи за Космет во иднина, ја имаме руската поддршка“, посочи Јеремиќ.
Тој наведе дека со Србија со Москва нема отворени прашања, додавајќи оти тоа не е случај со Вашингтон.
„Со САД, за жал, имаме отворено прашање за идниот статис на Космет, што не е за потценување. И покрај тие разлики ќе продолжиме да работиме на реализација на најдобрите можни односи со САД“, вели Јеремиќ во интервјуто за „Вечерње новости“.
Izvor:
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115277
http://sitel.com.mk/?ItemID=76E775858C1D6D4282A75042B339B74B
Do koga ke im se tresime???