Денко Малевски, исфабрикувани професор кој мочаше на независнота.
„Нова Македонија“ вчера разговараше со експерти од комисиите што на терен работеа на обележување на границата, но тие не сакаа официјално да ја коментираат новата граница.
- Обележувањето на границата е навистина многу позитивна работа за Македонија. Пред сé државнички е корисно и добро сработено. Но има обид да се искриви вистината и да се претстави како штетна за Македонија. Оттука, не би сакале да бидеме злоупотребени и затоа нема јавно да го објаснуваме процесот сé додека не легнат работите - велат експерти што учествуваа во обележувањето на границата.
Трајан Гоцевски, првиот министер за одбрана во независна Македонија и експерт за безбедносни и одбранбени прашања на Институтот за мир и развој, нагласува дека обележување на границата е најважен услов за функционирање на правната држава.
- Едноставно Македонија мораше да го направи тоа. Обележувањето на границата е потврда за суверенитетот на државата. Тоа е еден од основните европски стандарди и критериуми за членство во ЕУ. Со обележување на границата се гарантира нејзино чување. Тоа значи дека ќе се елиминираат илегалните преминувања и нелегалната трговија, кои непречено се одвиваат секаде каде што границата не е заштитена. Договорот што го потпишаа Македонија и Косово во основа треба да ги реши тие проблеми и затоа сметам дека тој е исклучително позитивен за Македонија - вели професорот Гоцевски.
Тој истакнува дека комисиите надлежни за обележувањето на границата стручно си ја завршиле работата.
- Бидејќи и мене ми е позната таа проблематика, а особено што ги знам луѓето што беа ангажирани во комисиите, сметам дека работата е одлично завршена. Комисиите имаа мандат да прават отстапки во должина од 150 метри на едната и на другата страна. Тоа е намерно така замислено за да не се случи некоја од државите да биде оштетена за сметка на другата во обемот на територијата што се разграничува. Секаде е така уредено обележувањето на границите меѓу две држави - вели тој.
Што тука ме иритира.
Фабриката која ни то труе етерот.
Ние од неа неможе да дојдеме до веродостојна информација.
Едни исти експерти за идентитет, име, право, разграничување, ебавање сојки, едни исти бе.
Отров.