Метонимијата е дури идиотски блиска со метафората, особено внимание да обрнеш на овие две. Често се мешаат, и јас се`уште се натегам со професорка за пример за кој тврдам дека е метафора, а таа обратното.

Нејсе... И двете спаѓаат во стилски фигури на значењето, служат за пренос на значењето од еден поим на друг, врз основа на тоа што двата се слични или сродни во стварноста. Се јавува само како именка, или во форма на именка + придавка. Пример кога ќе речеш државата, не се мисли на земјата, него на граѓаните на таа држава. Или училницата, не училницата како објект, туку децата што се внатре во кабинетот.
Литота е спротивно од хипербола, служи за истакнување на еден поим преку намалување на значењето од истиот збор, најчесто со негирање. Неубав, недобар, невистина итн. И не е антонимија (тоа би било спротивно исто, од типот лош - добар), ова е литота.
Полисиндетон... Не знам точно, ама мислам дека е употреба на многу сврзници. А асиндетон ќе да е обратно.
Еуфемизам такоџе ми е лабаво.

Мислам дека е исто замена... Бар по етимолошка дефиниција, на говор се однесува, тоа сигурно. Еден збор со друг се менува, ама со цел ублажување на тежината, во смисла да не повреди ничија пр. сексуална или верска ориентација, така нешто. Националност исто може. Ваљда, не сум сигурна...
И алитерација е повторување на глас/буква. Поезија најчесто, во истиот стих од шес збора, четири или пет на истата буква да почнуваат. Или да завршуваат или воопшто да ја содржат буквата.
Тоа од мене, ама за еуфемизам и полисиндетон провери си. :smir: