Очекував да дојдам од работа и да видам некој реферат кој целосно ги побива аргументите од наша страна.
Арно ама.. освен сува неиздржана дискредитација на аргументите и водење инает не гледам конкретен предизвик кој би можел да изнуди од мене и од остатокот приземјени дискутанти некаква желба за докажување/убедување.
Ај те молам, очигледно толку ти издржаа теориите. И вистина, подобро е да не навлегуваме подлабоко во нив, затоа што ке откриеме колку само шупливи се, а со тоа кутриве Антички Македончиња ке добијат шлок.
Се додека не докажеш дека нешто е - неверодостојно, во полна смисла на зборот шпекулираш.
Имаш мал милион извори под сите цитати, нам не ние основна задача на форумот да создаваме дигитализирана библиотека бидејќи некој фрустриран панслависта ќе ни бара скенови од референците.
Повеќето извори се достапни на интернет, треба само воља за истражување.
Цитат од една реченица не е доказ или факт. Потребно е многу повеке од споени реченици од различни автори за да создадете теорија каква што вие се обидувате да создадете. Тоа што некои Македончиња упорно ве следат зборува за нивната заслепеност и загубеност кога во прашање е Македонскиот идентитет.
На нив очигледно им е потребен Александар Македонски за да се чувствуваат достојни како луѓе. А нормално Словените за нив се необразовано босо племе. Па по таа логика, ако утре се дознае со сигурност кој бил јазикот на Античките Македонци( а тој да не е Словенскиот) тогаш можеби овие Македончиња ке се решат и дека ние како потомци на Александар треба да го заборавиме овој Словенски јазик и да почнеме да го учиме оној Античкиот. Натака ми тера работава.
Бидејќи уште арогантно мислиш дека си ми на мене дораснат да ме поучуваш за тоа кој историчар што пишувал, јас можам само да те поздравам на ист начин, со следниве две теми:
1.
Хеленизмот - Европска измислица од 19 век
2.
Како Грците ја купуваат “историјата“!?
Имаш десетици извори и скенирани книги, а ја ви стојам на располагање доколку уште ви се потребни.
А бидејки ти очигледно си загубен, да те потсетам дека овие 2 теми врска си немаат со она за што дебатиравме.
Грција си е Грција, ние зборувавме за Словените,Венетите и нивната поврзаност со Античките Македонци.
Магичен кловну,
Немој само панславистите од МАНУ да ми земаш за веродостоен извор
Ако веќе држите иста линија кажи одма, да не губиме време.
Па ако досега не разбра каква линија држам, тогаш стварно губиме време. Добро сум имал искуство со луѓе како тебе, знам дека е невозможно да им се објаснат некои работи и колку и да се обидуваш они си имаат зацртано линија и одат по неа. Кога читаат некоја историска книга, не ги ни перцепираат оние работи кои се во спротивност со нивното мислење, а ги прифаќаат само оние кои се во согласност со нив. Например емисион ни го презентираше текстот од Мисирков во кој пишува за Крале Марко( и во една реченица го спомнува и Александар), меѓутоа како да не забележа дека во текстот Мисирков пишува за Македонските Бугари. И што сега ние ке се правиме слепи, демек така само ни се гледа? Фатаморгана е тоа?
И баш ме интересира што треба да побиеме во твојот пост кога со него самиот си контрадикторен.
Па треба да појасниш прво во што сум контрадикторен. Ако имаш капацитет за тоа.