Македонизмот во спротивност со словенизмот??:nesvest: Па си го читал ли ти Мисирков и останатите Македонски преродбеници од 19 век??
Всушност не мора да ги читаш нив за да сватиш дека како народ сме многу поблиски со останатите ``Словенски народи`` отколку со не-Словенските народи. Така да или ти се откажуваш од Македонизмот или се правиш слеп.
Да а? Која е таа античка Македонска култура што денес е зачувана кај денешните Македонци? Сигурно одредени делови се зачувани и денес, но тие се толку измешани со останатите култури кои поминале низ Македонија( Византиска,Турска,Словенска) што е невозможно да одвоиш некоја од нив како доминантна.
Цццц. Значи ти сметаш дека треба да се глупираме. Да се претвараме во директни потомци на Античките Македонци, да тврдиме дека јазикот што го зборуваме е всушност јазикот на антиките Македонци, дека отсекогаш сме биле свесни за своето славно минато итн. Тоа би било се во ред кога би имале некои авторитативни светски историчари,археолози кои би не подржале. Тоа нормално нема да се случи. А ние со со такви потези самите би се затвориле и живееле во еден сопствен свет, во една виртуелна реалност, а останатите би ни се смееле.
ГЛУПОСТИ. Има ли Руси? Има ли Срби? Има ли Бугари? Дали тоа значи дека тие народи имаат двоен идентитет? НЕ.
Македонците се народ кој зборува Словенски јазик. Како ти сакаш сега да го одвоиш Словенското од Македонското? Повторно со мижење пред реалноста?
Ти сто посто не си го читал Мисирков, или ако си го читал, си го читал селективно. Ако си спремен за полемика, мора да се соочиш со некои работи.
Ајде вака да ги поставиме работите:
Што беа Македонците пред доаѓањето на Римјаните на балканот?
1. Грци ако Да - завршуваме со муабетот (ти немаш право да се нарекуваш македонец)
2. ако НЕ, тогаш што беа???
Дали во Македонија масовно се доселија словени во 6-ти век???
Ако НЕ - завршуваме со муабетот (јас викам не, или ако се доселил некој биле во толку мал број што се претопиле во локалното население)
Ако ДА, тогаш што се случи со локалното население?
1. Го претопија
2. Го избркаа
Ако под 1. го претопиа: Како дааааалеку поназадна цивилизација без оформена писменост му наметна свој јазик на народ кој имал милениумска цивилизација зад себе??? Како да ја објасниме историската аномалија, најразвиената цивилизација во тоа време да се претопи во најназадното племе?
Ако под 2. го избркаа (што би било пологично во ситуацијава, поради гореизнесените причини):
1. како се нарекуваа новодојдените словени во Македонија???
2. што истите тие словени ги врзува за името Македонија и кога истите тие се нарекоа МАКЕДОНСКИ СЛОВЕНИ??? (според она што јас изворно сум го прочитал, никогаш)
Дај одговор само на овие прашања, па ќе продолжиме со муабетот.
Ако ги имаме само овие претпоставки на ум, мада има уште најмалку 10-тина дилеми за „славјанизмот“ и „македонизмот“ и имајќи го во предвид фактот дека 51% од територијата на Македонија во моментов е во Грција и е населена со грци, кои себе се нарекуваат Македонци (ова е главниот аргумент на грците), тогаш тие имаат многу поголемо право себе да се прогласат за такви одколку ние. Без разлика што таму грците се населени пред 70-тина години. Па ние, според „славјанистите“ исто така се населивме. Што е важно кој кога се населил, важно не е домороден. А ние тоа си го признаваме, со „славјанистиве“. Ние во моментов ја користиме северна Македонија и сме славомакедонци, славјани од македонија или македонски славјани (во случајов северни), а грците во јужна македонија се македонци, и тоа само МАКЕДОНЦИ. Зошто??? Затоа што тие упорно тврдат дека македонците од памтивек биле грци и не отстапуваат од тоа ни милиметар. Немаат никаква дилема и никогаш нема да признаат дека се всушност доселени пред 70 години. Тие цврсто стојат на ставот дека денешните жители на егејска македонија се директни потомци на старите македонци и дека истите биле грци. Тука завршува битката за идентитет, јазик, име.
Ние тврдиме дека нашиот идентитет е македонски, тие тврдта дека нивниот идентитет е македонски. Кој има поголемо право на тоа???
Според сваќањава на „монти пајтон“, ТИЕ.
На Руси, Срби, Бугари никој не им оспорува име, а со тоа и идентитет. Нив им е убаво да си бидат „словени“. Немаат потреба да си го бараат коренот. Особено на „славјанска мајка Русија“, од каде всушност според нив потекнаа словените (територијата „зад карпатите“ беше во границите на Русија во времето на лансирањето на теоријата за големата преселба)
Ние со „панславизмот“ во моментов живееме мноооогу далеку од реалноста. Не лажат по дома дека сме во исто време и словени и македонци, а цел свет ни се смее. И нормално ни вршат притисок „да се смени име подитно“, затоа што како словени немаме никакво право на него.
Мислиш дека славјанизмот е исто што и македонизам?
Јас мислам дека е „сушта супротност“.