Ќе го цитирам LouWeed
‘‘poeftino e da napises nova istorija za 2.000.000 ljuge, od sto da ja pisuvas od novo za celiot svet....‘‘
Македонија со 2 милиони народ не може да напише нова историја.
Таа најдобро е да се прикаже како дел од историјата на еден поголем народ, што е и вистина.
Денеска тој народ е најдобро опишан со терминот Словен.
Премногу енергија се троши на тој термин одколку на соджината на терминот.
Македонизмот и словенизмот може да се надополнат но никако не се спротивност.
Напротив, македонизмот и словенизмот (така како што денеска цел свет го перцепира) се во целосна спротивност. Единственото нешто што нас не врзува за тој „словенизам“ е сличноста на јазикот. Тоа што ние се обидуваме да докажеме дека тој јазик (нормално во архаична форма) се зборувал на балканот од секогаш, многу тешко или воопшто не поминува во светот. Кога ќе кажеш „словени“, историски, се мисли на диви племиња кои се појавиле од позади карпатите (гледано од балканот) во 6-ти век, кои биле полу-голи диви племиња без никаква култура, традиција и со непознато потекло. Или народски кажано лажеле, краделе, нозете им смрделе, прделе, имале вошки и спиеле на таван.
Ете, тоа ти е генералната претставата за словените во светски рамки.
Јас мислам дека нашите предци не се дел од таков народ, сметам дека историската наука нема доволно докази дека таков народ некогаш се доселил на балканот, археологијата потврдува дека нема доселување, етнологијата вика дека нема колективна меморија за таква преселба, еве тука читам од луѓе кои, претпоставувам, се разбираат во генетика дека и генетиката вика - нема словенски гени кај македонци, босанци, црногорци, хрвати.
Од друга страна истите тие науки потврдуваат за континуиран живот на цивилизирани луѓе (зборувам за македонија), за континуитет на цивилизација и култура, за денешни (или во блиското минато) митови, легенди и приказни кои се врзуваат со многу стара автохтона цивилизација.
Јас ја разбирам поентата и теоријата дека наводно тие „словени“ кои денес живеат на север потекнуваат од тука, од југот, меѓутоа:
1. најголемиот дел од македонците кои се сметаат себе за потомци на „словени“ ќе ти кажат дека нивните предци дошле од зад карпатите и немале никаква врска со домородното население, туку го претопиле и го зеле името македонија и
2. најголем дел од светската наука смета дека словените не се автохтон народ на балканот.
Значи, мојата поента е, дека треба под итно да се дистанцираме од тој темин „словени“ и секогаш да се потенцира терминот „македонци“. Едноставно, нема потреба да пишуваш некаква славјанска историја во Македонија, затоа што самиот си наметнуваш двоен идентитет. Нема словени и точка. Македонците се македонци и ништо друго. Какви се тие глупости што ги расправаме ние тука?