ало песимисти... уште сте тука?

Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
И ако се испостави дека Гошев греши??
Сепак, позади барањето за намалувањето на стапките покрај Владата застанаа и банките и голем дел од стопанството... па и да е грешно намалувањето на стапките во било кој момент може тој механизам да го искористи повторно.. и конечно сите негов размислувања и стравови околу девизните резерви предисе произлегоа неосновани.. зошто па сега би се плашел кога толку многу авторитети партиски и непартиски сметаат дека нема потреба од страв и дека намалувањето на стапките е потребно?
На крајот ќе испадне пак дека се е гола политика :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И ако се испостави дека Гошев греши??
Сепак, позади барањето за намалувањето на стапките покрај Владата застанаа и банките и голем дел од стопанството... па и да е грешно намалувањето на стапките во било кој момент може тој механизам да го искористи повторно.. и конечно сите негов размислувања и стравови околу девизните резерви предисе произлегоа неосновани.. зошто па сега би се плашел кога толку многу авторитети партиски и непартиски сметаат дека нема потреба од страв и дека намалувањето на стапките е потребно?
На крајот ќе испадне пак дека се е гола политика :)
Дај малце реалност внеси.Како биле неосновани,кога девизните резерви паднаа под милијарда.Сите инструменти ги вклучи за да го запре падот.Ако немаше каматна стапка на благајнички записи од 9% и задолжителна резерва од 10% сега ќе имаше тотален хаос.Зошто гледаш само од страна на влада,види кој ја донесе стабилноста.
А тие што денес бараат намалување,никој не ги тераше да издаваат со 10% камата едномесечни записи.Што сакаат,да згрешат и да ја фрлат топката,па сега Гошев им е крив.Срамота е ова што се пласира,срамота.
Ќе ја олабави монетарната,ама кога,он ќе реши.Бидејќи ако не беше он,ќе немаше денари за лек:smir:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
ne mi e jasno dal ova nekoi ovde se rodeni kako GLUPANDERI ili sega zalazani so nekoe vmro lizavce prodavaat ovde nekoi gluposti koe niedno normalno kuce ni so mast namackani ne bi gi mirisnalo..., a onoj Gwujo , ako ima i malku ak'l i pocit prema svojot spasitel...treba sekoe sabajle da odi da mu baci ruka i da go prasa kako e....
Da ne bese Gjosev da gi zauzduva glupostite na gvujovite bratucedi...uste sega ke bevme na barabance, a pricina za slavenje na nekakvo NAVESTUVANJE , deka moze da ni predlozat...nekogas ..da pocneme pregovori za priklucuvanje kon EU nemase da ima....sto iskreno receno ke bese pocetok na krajot na toa pastirijadata...:)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Beton nemaat pari za hartii za printer be.
Jas stvarno, da mi onadis se po red od familija, ama ni pod razno ne mozam da gi skontam ovie berzanski gluparii.
kladilnica be...malku pogolema kladilnica!!! koja nema nikakva vrska so makedonskata ekonomija, bidejki takva NE POSTOI.. si ima eden prost mehanizam na pumpanje i praznenje....,koj sega nema da go elaborirame...pa tie "vo semata" t.e. sopstvenicite na igracnicata i nekoi nim bliski KJARUVAAT...site drugi sitni igraci i naivni budaletinki...samo go finansiraat toa kjarot...:)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.439
Поени од реакции
18.416
ЦРН ПЕТОК НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА

МБИ 10 СО НАЈГОЛЕМ ПАД ВО ИСТОРИЈАТА

Драматичен пад на главниот берзански индекс. МБИ 10 денеска загуби рекордни 9,77%. Ова е најголем пад во историјата на макеондкста берза. Толку драматично намалување на индексот немаше дури ни по ветото во Букурешт. Тогаш трговскиот ден заврши со пад од 8,4%.



На што се должи црниот берзански петок? Аналитичарите велат на еуфоријата која ја создаде препораката за преговори.
Според аналитичарите, од идната недела состојбата ќе се смири. Ќе има нормални осцилации нагоре и надолу, но еуфорични движења не се очекуваат. Сепак, за вистинско стабилизирање на берзата ќе треба да помине повеќе време.
Состојбата на плиткиот македонски пазар ќе зависи од тоа како ќе регаираат светските посебно берзите од регионот. Излегувањето од рецесијата таму, ќе ги врати странските инвеститори и овде.
Денешниот црн петок донесе огромни падови на акциите. Најголем губитник е Макпетрол загуби над 15% од вредноста. Следат Бетон, Макстил, Гранит, Топлификација, Алкалоид со пад од околу 10%. Прометот изнесуваше 540 000 евра.
Пред денешниот рекорд најголемиот пад на МБИ изнесуваше 8,65 % и се случи пред точно една година.


http://www.sitel.com.mk/?ItemID=BA40D6E08FAB4B41ADC16DFA67A0D115
 
S

smart ass

Гостин
ќе ги скокнам сите офтопик работи (и твоите и на тој пред тебе што предвидува дека за некое време акциите пак ќе паднат (не кажува конкретен датум, што значи дека ништо не кажува) ), сакам да одговорам само на ова твое прашање:

очекување за гранит: за 1 месец од 700 на 1000
очекување за бетон: за 1 месец од 10.000 на 18.000

значи градежништово?

има и други, но да не губам време, да те упатам сам да бараш на www.mse.org.mk



ти сигурно имаш вложено милион, ама најверојатно на студенстката берза... ти се добра за теорија... штета (за тебе) што немаш пракса и што ништо не си пробала.:pos2:


а овој раст не е базиран на политичка одлука, туку на вистински очекувања за раст, за разлика на вас песимистите кои предвидувавте банкрот на македонија до крајот на годинава. епа нема банкрот... за ваша жал, нашата држава е појака отколку што вие сметате. браво за тие што работат и создаваат!
БРАВО!!!!:vozbud:

kladilnica be...malku pogolema kladilnica!!! koja nema nikakva vrska so makedonskata ekonomija, bidejki takva NE POSTOI.. si ima eden prost mehanizam na pumpanje i praznenje....,koj sega nema da go elaborirame...pa tie "vo semata" t.e. sopstvenicite na igracnicata i nekoi nim bliski KJARUVAAT...site drugi sitni igraci i naivni budaletinki...samo go finansiraat toa kjarot...:)
Баш така,играчите со помал капитал секогаш завршуваат со минус,ама ајде добро е.

ја држат економијата:)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
песимистите се у ствари реалисти ко што рече еден на форумов.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
берзата расте и тоа многу...

дали уште филозофирате или направи некој нешто?

Еуфоријата на Берзата издиша за три дена



Клучниот берзански индекс, МБИ 10, по неколкудневен раст, вчера се струполи за 10 отсто

Соња Маџовска

Еуфоријата на Македонска берза се издиша. Берзанскиот индекс вчера падна за десет отсто. По малиот бум, кој почна пред десетина дена, а врвот го достигна изминатава седмица чекајќи го позитивниот извештај на Европската комисија, вчера акциите драматично паѓаа. Главниот берзански индекс МБИ 10, по неколкудневниот раст, вчера падна за 9,77 отсто. Некои акции на компаниите, пак, кои изминатите две седмици растеа од пет, па дури до 20 отсто на дневна основа, вчера паднаа и по над десет проценти.

Изминатава седмица Берзата реагираше на позитивната информација од ЕК, но вчерашниот пад потврдува дека раздвижувањето не се должи на економското заживување во земјава, туку на краткорочна еуфорија.

Вакви осцилации се можни само на неразвиените пазари со хартии од вредност, сметаат берзанските експерти.

Сепак, се наметнува и прашањето дали имаше манипулации и шпекулации, кои создадоа вакви флуктуации на Берзата, или луѓето едноставно сакаат да се коцкаат? Берзанската еуфорија повторно ги зафати инвеститорите, по пауза од повеќе од две години.

економијата е наука како секоја друга, хартиите од вредност неразбирливи дури и за најјаките менаџњеи економисти и директорчиња...тие се алхемија сама по себе....

за се друго ....

 

Kajgana Shop

На врв Bottom