Очи.
Ако се најдам себе си во нив (не е битно шо боја и диоптрија се), продолжувам по носето до усните и брадата. Тоа гледам, коа сум блиску или носам наочари. Да, и рамениците влагаат во кадар - широки, силни, заштитнички.
Пуштам носурда. Мора да мириса добро, вистински, повикливо.
После слушам. Ако се избаци со некој ња-ња-ња алт, го продолжуваме разговорот за здравје, време и политика. Ако пак, задоволи со тенор до онаков пукнат баритон, ми се сечат нозете, паѓам на коленици и - вадам шублерот...