Бог не е креаторот на светот?

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Црква во превод значи збир на луѓе, мене ме интересира каде е тој збир на луѓе кога во неделите црквите се празни ретко која литургија е посетувана од верниците.
Логично би било истите тие "верници" да бидат исклучени од црквата и избришани од архивите на МПЦ.
:) :) :) Од кои архиви??? ... треба прво некој да ги запише ;)
Кај нас не забораваат пари да земат за лош слух и слабо памтење на текстови, а да пишат книга - тешко... освен ако не се наплаќа, нели...

Инаку, ecclesia, на грчки ἐκκλησία, буквално значи "повиканите" однесувајќи се на оние кои се спасени, а не на религиозна збирштина.

Никаде во библијата Исус не вика ништо за градење цркви, освен на едно место (Матеј, мислам) каде користи метафора коа вика на каменов/карпава ќе ја изградам мојата црква. Сите црковни авторитети се сложуваат дека ова е метафора за духовна, а не за физичка црква од камен.

Понатаму, низ целиот нов завет Исус вика биди понизен, толерантен, не се чатали и не ми жртвувај и плаќај. Вика и господ е у тебе и нема никој да посредува меѓу мене и тебе. Вика моли се на само и тивко.

Од каде сега попови и цркви и олтари, масла и пари за погреби и крштевки и баење?!?

Каде Исус порачал било што од ова црново, подмолно протињано кај простата маса.
 

debi7777

Night games. One night, no worries
Член од
12 септември 2009
Мислења
411
Поени од реакции
8
Се согласувам. Барем не си некој кој буквално ја сфаќа библијата збор до збор, и верува во тоа што го чита без разлика на се. Плус, додавашш а елементи од науките денес. Интересно. Не е баш Интелигентен Дизајн, дури боље од тоа ми е теоријава твоја.



Како и ти, и твојот чопор, кога смешавте хомосексуалност, педофилија, и молим те .... канибализам. Се во една кошница.

Ако не гледаш сличност во тоа што го напишав, тоа е твој проблем, може имаш проблеми со перцепцијата, или сфаќањето на одредени работи, како и да е, во секој случај, примерот го дадов, важи прашањето се уште, ако немаш одговор, барем кажи, да знам да го барам одговорот на друго место од друг човек.
Me imas pobrkano so drug...!
A ako si mi lut za drugo, kazi ne baraj povod! Ne ja otvodriv jas taa tema protiv tebe!
Ne sakam da se navreduvame... Ne e covecki...
Prasanjeto ti e banalno... Ako mislis deka ti e nephode odgovorot, slobodno si baraj odgovor!

Нели Исус ви рече да не градите цркви? Зошто градите? Господ, отелотворен во Исус, ви рече да не градите цркви? Зошто не го слушате господ? Зошто градите цркви? Ви рече да не украсувате олтари. Да не се качувате на високо кога проповедате. Ви рече храмови да не градите и тајно да се молите, а со вера да не се расфрлате.

И што сега све ова? Како тоа верници, а олку непослушни?
DAj ti se molam citat kade sto rekol...zasto vaka samo ti velis.
Pa ke ti odgovoram, ok?

Црква во превод значи збир на луѓе, мене ме интересира каде е тој збир на луѓе кога во неделите црквите се празни ретко која литургија е посетувана од верниците.
Логично би било истите тие "верници" да бидат исклучени од црквата и избришани од архивите на МПЦ.
Celo vreme mesame... zboruvame za razlicen aspekt CRKVA...
A toa sto hramovite se prazni e ili do veroucitelite (taka da gi narecam) ili do vernite... No jas znam deka vistinskite vernici sekoja nedela se na svote sobiri!
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Мултиверзумот.

Како ги поставил законите мултиверзумот, си го видел ти лично кога ги поставувал?


Зошто не се појави да знаеме дека постои? Тогаш нема негирање. Ама Бог сака да си игра игри. Како што реков, мало дете со големо его.

Значи прашав што доколку постои.. како тогаш би реагирал на вашето негирање и пркосење?


Не? А за што тогаш бил пратен во пеколот? Екскурзија? Сериозно ...

Ја оспорил неговата правда.



Ако утре ме нема, што се замара со мене и во што јас верувам? Има цел универзум на распологање.
Израелскиот Светец? Креаторот на цел универзум потекнува од Изреал

Има логика ова што го збориш ти не си никаков фактор.



Нема причина. Генетската супериорност е само во главите на луѓе како тебе. Научно - нема основа.

Нема основа ако не те бива и резултатите не ти одат во прилог.



И тоа ги прави различни од другите ....... на кој начин?

Фактите говорат дека Евреите се убедливо најуспешниот народ без разлика дали е тоа контрола на пари,богатсво,организација,придонес во науката етц етц.

165 Евреи од 12 милиони народ се добитници на нобелова награда што е четвртина од вкупниот број на нобеловци, тоа не е супериорност?

Пола од светските шаховски прваци се евреи
-Вилхем Штајниц
-Михаил Ботвиник
-Емануел Ласкер
-Зигберт Тараш
-Васили Смислов
-Боби Фишер
-Гари Каспаров

Да не ги набројувам Рубинштајн,Нимцович,Рети,Решевски,Бронштајн,Корчној, Најдорф,Полугаевски,Таиманов од помладите Свидлер,Гелфанд,Радјабов,Арониан

Најдобрата жена во историјата на шахот која може да се носи рамо до рамо со мажите е Јудит Полгар и е еврејка, нејзините две сестри Жужу и Софи се исто така велемајстори.
Ова е реченица чии зборови треба да го исполнат цензусот од четири карактери.
 

debi7777

Night games. One night, no worries
Член од
12 септември 2009
Мислења
411
Поени од реакции
8
хммм ова со црквиве интересно ми е. Еве сеа си седам со библичево мое да ѕирнам дали стварно го рекол то ама малку иам мака со пронајдувањето али верувам дека го пишува. Ок. Ако не му требаат цркви и храмови, зошто ги избркал продавачите од храмот во Ерусалим? Цитирам : Потоа влезе во Храмот и почна да ги брка надвор продавачите велејќи им "Напишано е : Мојот дом треба да е дом за молитва"
А и сега пак верниците не го поштоваат Бог ко така. Кога да појдам в црква има некој да ми продава иконче, белезица, барде, тава, балон со хелиум, жими се има такви работи
Pa toa pokazuva deka sme ista sorta na luge... DA e Isus sega ovde verojatno istoto ke go napravese...

:) :) :) Од кои архиви??? ... треба прво некој да ги запише ;)
Кај нас не забораваат пари да земат за лош слух и слабо памтење на текстови, а да пишат книга - тешко... освен ако не се наплаќа, нели...

Инаку, ecclesia, на грчки ἐκκλησία, буквално значи "повиканите" однесувајќи се на оние кои се спасени, а не на религиозна збирштина.

Никаде во библијата Исус не вика ништо за градење цркви, освен на едно место (Матеј, мислам) каде користи метафора коа вика на каменов/карпава ќе ја изградам мојата црква. Сите црковни авторитети се сложуваат дека ова е метафора за духовна, а не за физичка црква од камен.

Понатаму, низ целиот нов завет Исус вика биди понизен, толерантен, не се чатали и не ми жртвувај и плаќај. Вика и господ е у тебе и нема никој да посредува меѓу мене и тебе. Вика моли се на само и тивко.

Од каде сега попови и цркви и олтари, масла и пари за погреби и крштевки и баење?!?

Каде Исус порачал било што од ова црново, подмолно протињано кај простата маса.
Interesno Dbak! tolkuvas Biblija! Boldiranoto si vo pravo! Vsusnost se soglasuvam so celiot post!
Ti vernik si?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Верник сум ја, изгледа... Само што сум ја верник во тоа дека има уште многу да се дознае. И дека пуно од тоа што сме на работ да го дознаеме, ќе ни објасни многу од целата оваа збрка прашањата за религиите и настанокот - за пра-причините и крајот (доколку постои такво нешто, нели).

Едно сум сигурен, а тоа е дека ќе биде далеку од буквалната Библија. ...од друга страна не би се изненадил многу ако метафорите и симболите во Библијата, подоцна анализирани, укажувале на дел од откровението кое ќе се случи.

Такво откровение, верувам дека не може да се случи со институционализирана религија, какви што се исламот или христијанството. Премногу се догматски и опресивни. Мислам дека хипер развојот на нано-технологијата (тотална минијатуризација) и се поизвесната револуција на свесноста (со помош на Интернет, нели, и од табуа ослободена психологија) ќе ја подготват сцената за доволно брзо да се случи сериозно голем еволутивен скок, како објективно, во науката и научниот (емпирискиот) поглед на светот, така и субјективно, кај нас луѓето.

Мислам дека доволно брзо ќе станеме и биолошки и ментално супериорни во однос на денешниот човек. Верувам по малку и дека тоа може да го доживеам.

Тогаш ќе знаеме повеќе. И нема да се караме за религија.

...и кога ќе збориме за господ, тој муабет ќе биде сосем различен од овој на форумов.
 

sinatra

Френки
Член од
25 септември 2009
Мислења
186
Поени од реакции
3
1. Може е мало бело зајаче. Или пулсирачко светло. Може е ништо. Една голема спонтана дешавка, една од безбројните универзуми, од кои пун ку*ац се зае*ани, а нашиов и исто толку пун ку*ац совршено избалансирани, а скроз различни.

2. Точно дека нучниците беа во шок. Едно 5 минути. Да, се чудеа како е се фино штелувано. Веднаш ја смислија теоријата за мултиверзум, која легна како бебе после цицање. Читни, за да ти е појасно зошто овој униврзум е таков. Ја не тврдам дека е таа теориј апсолутно точна - исто како што и ти не би требало да тврдиш дека господ го создал универзумот со намера. Уште помалку со намера да не создаде нас.

3. Фино тоа ти си го срочил. Нема создател - значи отсекогаш постои. Е сега уште да можеш да го објасниш ова и ќе бидеш цар. Само не се нервирај кога нема да успееш. Пошто никој досега не успеал. Не викам дека си глупав - викам само дека така поставени стварите (вечен, несоздаден, отсекогаш постоечки бог) едноставно не може да се докажат.

4. Прашај го малоумниот што значи термодинамика и гравитација, па ко ќе ти објасни - ќе седнеме и ќе зборуваме за тоа кој ги измислува законите. Или кажи му на јогинот што последниве 20 години живее у пештера на Тибет дека не може да вдишува еднаш годишно и да преживее. А преживува. ...и прашај се дали постоел законот за гравитација пред Њутн да го попие јаболкото.

5. АЈНШТАЈН НЕ ВЕРУВАЛ ВО БОГ!!! Преку такво више, стварно. Земи прочитај за животот и делото негово - и гледај да не биде тоа христијански сајт!!! Цитатот кој си го залепил е токму спротивното!!! Сарказам е!!! Пиши на google Einstein Quotes Religion или God, па види што ќе ти извади... А ова со креационизмот више... Не биле креационисти затоа што креационизмот сеуште не постоел тогаш. Првите спомнувања на креационизмот се од 20-тите години од минатиот век (и е чиста панична реакција на црквата поради губењето на авторитетот пред теоријата на еволуција). Креационизмот, за мене, е посмешен дури и од својот извор - Библијата. Сите тие кои си ги налупал тука живееле во време кога теоријата еволуција сеуште не била раширена и прифатена. Верувале во едиственото нешто во кое се верувало тогаш. Само очигледно не биле баш големи верници, штом нивните откритија доминантно го порекнуваат постоењето на бог и библиската историја.

И еве, на крајот, глеам дека ти многу голем фраер си бил! Шамараш по ПП, се закануваш и заплашуваш... Мора да си ти некој од старите богови, оние што бараат жртви, покорност и стравопочит. Немој да се љутиш, плиз, пошто ова е само муабет. А за секој муабет требаат барем двајца. Ако не' рашамараш сите тука, со кого ќе праиш муабет после?
.
1. Зашо баш бело? Прво шо ми текна е Ушко Долгоушко. Он ќе да е.

2. Таа хипотеза ти е повеќе метафизичка отколку научна.

3. Абе не е до објаснувањето, туку до црпката која тоа го прима.

4. Па значи закони сепак постојат, иако не мораат да бидат дефинирани од научници. И шо заклучуваш од претходнава реченица?

5. Не се нервирај, губиш од лепота. Знам дека вистината боли. Ах пуст јас, шо морав по научниците да ви чепкам. Тие биле верници кои и се противеле на еволуцијата. Таа и ден денес, не е понапредна од тогаш (се лажеш ако мислиш поинаку).
Викаш дека Дарвин имал некакви докази кога ја предложил теоријата на еволуцијата? Тој ПРЕТПОСТАВУВАЛ дека во иднината ќе ископаме фосили кои ќе го потврдат неговото тврдење (такви за жал нема), дека со помош на методите за одредување на староста ќе можеме да откриеме колку се стари тие фосили (90% од тие методи даваат погрешни резултати), а башка целата негова книга е пишувана врз основа на набљудувања.

Јас шамарам јавно и вербално. Другар ти толку го здоболе тоа што му го кажав. Со однесувањето ми покажа навистина колкав фраер е.





Не? OK, дали знаеш зошто поповите носат црно? Зошто луѓето се облекуваат во црно кога некој ќе умре? Зошто жените носат обетки? Зошто мажот и жената кога се венчаат, си ставаат прстен еден на друг? Што претставува крстот, во својата најосновна форма (да, присутен е милениуми пред Исус)? Која е ѕвездата на Дејвид, и основите на јудаизмот?

Добра листа на прашања на кои се надевам ќе најдеш одговори во твојата Библија, а потоа јас ќе ти дадам мој удел за истото.


Хахахаххаааааааааа...
Во мојата црква немаме попови кои носат црни мантии. Знак на жалост. Заради украс. Како симбол на брачниот завет. Не ми е битно што преставувал крстот кога јасно знам што пореставува за мене. Не ме занима ѕвездата на Давид, а доволно знам за основите на јудаизмот.

Зошто пред да умре Исус се обраќа кон Бог "прости им татко, не знаат што прават"? Се обраќа сам на себе?

И да. Обожувате тројство. Тоа НЕ е сингуларитет. Провери си во речник што значат зборот тројство а што зборот сингуларитет.
Ти првин провери што значи плиралитет во сингуларитет.

Му се обраќа на Таткото. Што е толку контраверзно тука? Не сам на себе, туку на другата личност од Тројството: Бог-Таткото.

Што докажа? Дека знаеш да цитираш пасуси од Библијата?
Па изгледа не сфати шо докажав. И да, знам да си цитирам пасуси посебно од Библијата. Ако сакаш можам и од куранот да цитирам, нема проблем.

Не те обвинувам лично тебе, туку создавачите на твојата религија (а не се тие кои мислиш дека се), и тие кои ја практикуваат истата според идеологијата која ја спомнав погоре.

Да, твојата религија е правата, сите други се грешни. Интересно што сите го тврдат истото. Дури и сектите и култовите произлезени од христијанството, секој од нив тврди дека ја нуди "вистината". Колку сте обединети бре ...

Me интересира, зошто еволуционистите не се толку поделени? Изгледаат пообединето него тоа што твојата религија го ветува.
Тие души измачени главата незнаат кај им е, а камоли да се обединат. Како што кажав, сите се паши на својата нива. Еден мисли вака, друг онака, трет...

Ќе одговориш или не? Јас не се шегував кога те прашав, сериозно беше прашањето, а ако ти неможеш да ми дадеш одговор, слободно кажи, да знам.
Епа го заборавив прашањето. Ај биди љубезен и повтори го.

А никаде не тврдам дека науката ги има сите одговори, зошто се уште ги нема. Ама иако се осврнувам на науката, сепак ги гледам дупките кај некои нивни теории. Но ти, да ги игнорираш астрономските дупки во креационизмот? Е баш ТОА е смешно.
На пример? Ти во која дупка "падна"?

А кој рече дека ја подржувам 100% во целост теоријата за еволуција? Јас не.
Па не си за креационизам, не си за еволуција, сетне за шо си? Немој да ми кажеш: панспермија.

Мирољубива а? Во изворното има и жртвени ритуали. Сигурен си дека сакаш во тој правец да идеме?

Тоа што постои треба некој да го препознае за да знае дека е присутно. Зошто Исус не бил тој што ги препознал? Туку луѓе од поново време?
Во јудаизмот има, не во христијанството. Исус беше последната жртва.

Нешто за кое човекот не бил свесен претходно не можеш да го етикетираш како одземање. Моралноста и Етиката постоеле и пред Исус. Само тоа Библијата не го кажува, така да, за тебе, тоа не е вистина.
Ама врвот го достигнуваат од устата на Исус. Биди малку доблесен и признај го ова.

Ме интересира, дали и муслиманите ќе идат во пеколот? Бидејќи не веруваат во Библискиот Бог?
Немам намера да коментирам даље.

Уште поважно, каде ќе одат луѓето родени во некој далечен остров каде не допрела цивилизацијата? Каде се обожуваат разни богови и духови? Дали се тие криви што не веруваат? Што се отсечени од цивилизацијата?
Веројатно за нив Бог ќе има поинакви критериуми. На кој колку му дал, толку и ќе бара од него.

Религијата доаѓа по дифолт, во зависност од локацијата каде си, и како си одраснат. Ако си растен во фамилија на муслимани, ТИ сега ќе пееше друга песна. Исто ако беше одгледуван од домородци. Шансите се дека ти ќе гледаш на канибализам како на наормално нешто.
Мооолам? Ова ти е најглупавото нешто што си го истрескал. Кога ќе бидеш доволно голем да разликуваш некои работи (општо зборам), ќе видиш дека потеклото нема многу да ти влијае и нема твојата вера да зависи од него.

Несвесно? И криви се за својата потсвест? Дали ти како духовно простветлена душа, имаш некој совет како да ја контролираме потсвеста? За да не забегаме по кривиот пат ...
Не зборев у таа смисла. Едноставно не сфаќаат дека има избор и дека вака или онака ќе го направат.

. . . . . . :kesa:

Пред да почнеш да тропаш зелени, убаво ти кажав во претходниот пост да си ја провериш дефиницијата за безусловна љубов.

Да сакаш некого БЕЗ РАЗЛИКА НА СЕ. КАКВА И ДА Е ЛИЧНОСТА.
Ама не мора да ги сакаш делата на таа личност. Личноста-да, -гревот-не.

А како ви тргнало вас, ќе ја редефинирате и математиката .... Оф, чекај, па веќе го направивте тоа!
- Да се послужам со потписот на MIKI1:
1(Отец)+1(Син)+1(Свет Дух)=1(Бог) :kez:



Ноуп. 1х1х1=1 Претходното е математични неточно.

Смрт? Па ајде почнете со убивање. Изгледате како безгрешни и така и така.

Ме интересира, колку луѓе ќе почнат да веруваат во бог за да си обезбедат парцела во рајот?
Ај порасни.

Идам во црква, избрзуваш со заклучоци. Те учи и тоа религијата?
Идеш у црква без да веруваш. Лицемерно не?

И мене не ми пречи присуството на Бог, доколку самиот се покаже пред мене. Само не ја разбирам филозофијата на славење некого.
Па што онда да правиш? Да палиш свеќи и да огранизираш слави за светци (нив да ги славиш)?

По тоа што казнува луѓе кои не веруваат во него, дава беден изговор за избор, и бара постојано славење, Бог ми зигледа како мало дете со ГОЛЕМО ЕГО.
И мене ми личиш на таков, па некому ништо.

Исус умрел на крстот бидејќи ненормални римјани го распнаа.
Зашто го распнаа? Пилат го три пати го прогласи за невин.

Па нели вечно ќе горам во Пеколот? Тоа не е исто вечен живот?
Вечна смрт.

Или и тоа како е како она "гревот = смрт"? Некое ново тумачење на Библијата?
Смртта е платата за гревот.

Забораваш дека црквите се грев. Исус самиот тоа го кажал на повеќе пати/
Каде тоа? Корпус деликти?

Ако сме биле создадени совршено, немало да го направиме гревот.

Совршен ум би ја предвидил реакцијата пред секоја извршена акција. Резултатот би можел многу лесно да се предвиди.
1 Петрово: 1:20 Кој беше предназначен, пред создавањето на светот, а се јави на крајот на времето заради вас;

А ти мислиш дека тука Некој пасе трева а?

Концептот за Злото и Доброто е алатка користена како човечки придавки да се опишат исклучиво човекови дејствувања. Концептот е застарен но и денес има луѓе (меѓу кои и јас) кои продолжуваат да ги употребуваат тие зборови, исклучиво за опис и придавка.

Но Доброто и Злото во библиска смисла не постојат.

Твое мислење.


1. Браво за тебе.

2. Не реков дека знам се. Бог има причина за се. Па и да се само за да гледаме и да остануваме со отворени усти-сепак вреди.

3. Мултиверзумот е глупост невидена.

4. Е кој ја одредил таа природа на универзумот?

5. Ма немој? Мизерен аргумент, морам да признаам. Како давеник за сламка која патем и ја нема.

Па не е секој талентиран како Д-р Хаус. Попо? А не, него треба рака да му бациме, не да го шамараме. Може за брадата ќе го потегнам малку.

Јас сум смииииреннннн... Друже, кога некој јаде палачинки за твојата вера (да претпоставиме дека ја имаш у некој вид), ќе видиме како ќе реагираш.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Тие биле верници кои и се противеле на еволуцијата. Таа и ден денес, не е понапредна од тогаш (се лажеш ако мислиш поинаку).
Кои ? Знаеме дека Ајнштајн не бил верник(барем не верувал во личен Бог). Кажи кои научници
Викаш дека Дарвин имал некакви докази кога ја предложил теоријата на еволуцијата? Тој ПРЕТПОСТАВУВАЛ дека во иднината ќе ископаме фосили кои ќе го потврдат неговото тврдење (такви за жал нема), дека со помош на методите за одредување на староста ќе можеме да откриеме колку се стари тие фосили (90% од тие методи даваат погрешни резултати), а башка целата негова книга е пишувана врз основа на набљудувања.
Прво викаш дека нема фосили, после викаш дека има ама пресметките се неточни. Има или нема фосили ?
Во мојата црква немаме попови кои носат црни мантии.
Што носат ?
Му се обраќа на Таткото. Што е толку контраверзно тука? Не сам на себе, туку на другата личност од Тројството: Бог-Таткото.
ННоуп. 1х1х1=1 Претходното е математични неточно.
Како може 1 да му се обраќа на 1 кога резултатот е 1 ? Значи пак самиот на себе си се обраќа.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
1. 5. Не се нервирај, губиш од лепота. Знам дека вистината боли. Ах пуст јас, шо морав по научниците да ви чепкам. Тие биле верници кои и се противеле на еволуцијата. Таа и ден денес, не е понапредна од тогаш (се лажеш ако мислиш поинаку).
Викаш дека Дарвин имал некакви докази кога ја предложил теоријата на еволуцијата? Тој ПРЕТПОСТАВУВАЛ дека во иднината ќе ископаме фосили кои ќе го потврдат неговото тврдење (такви за жал нема), дека со помош на методите за одредување на староста ќе можеме да откриеме колку се стари тие фосили (90% од тие методи даваат погрешни резултати), а башка целата негова книга е пишувана врз основа на набљудувања.
Ама ти стварно си глуп а?
Зашо на пример, пред да спомнеш некого, и продолжиш да збориш за него, не земеш да прочиташ барем основни ствари за него, онака, чисто да знаеш за кого збориш.
Ајнштајн е Атеист. И самиот кажува дека е атеист. Уште од Мал е атеист.
Само кој да седне да прочита нешто за него, нали.
 
T

theTinule

Гостин
ЛЕЛЕ! МИ ПАДНАА ОЧИТЕ.Па слики па физика, хемија незнам уште што..ја музичар сум не ве разбрав ни збор!Хахаа..се занимавам со уметност па ај ќе пробам да ставам некој во мисла.
Некои пробуваат да најдат логика во Библијата...
Колку и да барате нема да ја најдете.Може до утре да се расправате кој го создал Бог итн итн...никогаш нема да најдете одговор па ако треба и IQ800 имајте.
Неможе да се најде одговор во нешто што не е логично...не мора Библијата..љубовта..за пример..
Ајде нешто логично во тоа.Светов зошто бара логика во се па почна и љубовта да ја снемува...
Што има логично во љубовта?-НИШТО!
Во љубовта која можеме да ја осетиме нема ништо логично а неголи во Библијата која е нешто многу повозвишено од оваа наша љубов..која не учи на друга (Божја) љубов...
Тешко е да се размислува на оваа тема.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. Зашо баш бело? Прво шо ми текна е Ушко Долгоушко. Он ќе да е.

2. Таа хипотеза ти е повеќе метафизичка отколку научна.

3. Абе не е до објаснувањето, туку до црпката која тоа го прима.

4. Па значи закони сепак постојат, иако не мораат да бидат дефинирани од научници. И шо заклучуваш од претходнава реченица?

5. Не се нервирај, губиш од лепота. Знам дека вистината боли. Ах пуст јас, шо морав по научниците да ви чепкам. Тие биле верници кои и се противеле на еволуцијата. Таа и ден денес, не е понапредна од тогаш (се лажеш ако мислиш поинаку).
Викаш дека Дарвин имал некакви докази кога ја предложил теоријата на еволуцијата? Тој ПРЕТПОСТАВУВАЛ дека во иднината ќе ископаме фосили кои ќе го потврдат неговото тврдење (такви за жал нема), дека со помош на методите за одредување на староста ќе можеме да откриеме колку се стари тие фосили (90% од тие методи даваат погрешни резултати), а башка целата негова книга е пишувана врз основа на набљудувања.

Јас шамарам јавно и вербално. Другар ти толку го здоболе тоа што му го кажав. Со однесувањето ми покажа навистина колкав фраер е.
Леле колку голем фраер си ти! Глеам дека све ти е јасно. И од математика и од физика, мета-физика. И верник си голем со тоа шамарите и знаеш по малку проценти. Ама ако библијата ја знаеш ко што владееш современа наука, не ме ни изненадува.

За научниците, не биди смешен. Ќе ископаш пар современици максимум кои ќе кажат дека веруваат во светите книги и нивната веродостојност. Не зборуваме за духовност тука, туку за слепа верба во Библијата или Куранот. Не биди смешен.

Аха... и провери на google stats што дава за однос меѓу IQ, образование и религиозност. Има многу интересни бројки. Нема да ти се свиѓаат, ама секогаш можеш да тврдиш дека студиите се наместени од атеисти.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Зависи што учиш, не све прочитано е она вистинското..на крај краева подобро со лоши луѓе отколку со лошо учење(знаење)
Реков, учење, не меморирање рандом податоци :)
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Аха... и провери на google stats што дава за однос меѓу IQ, образование и религиозност. Има многу интересни бројки. Нема да ти се свиѓаат, ама секогаш можеш да тврдиш дека студиите се наместени од атеисти.
Точно е тоа дека во поголем број од случаевите поголемата самодоверба корелира со повисок АјКју.
Луѓето со повисок АјКју или "погордите" најчесто не го имаат обратниот квалитет понизноста така да може да се каже дека и тоа е причината зошто најчесто стануваат агностици (атеисти ретко стануваат зошто атеизмот е догматска доктрина, верување во нешто недокажано).

Мене искрено ми пречи кога разговарам со ајде да речеме "поглупи" луѓе зошто макар и да тоа во што веруваат е точно не можеш да истераш асален муабет.
Во принцип ме иритираат луѓе што неможат да ги разберат моите ставови,емоции,размислувања.. проблемот е што ретко кој на планетава вистински ме разбира.

Но, уште една главна работа да кажам.
Не е битна ителегенцијата,знаењето, или прочитаните книги најбитен човечки квалитет е понизноста.
Под понизност не мислам на недостаток на самопочит и чувство на инфериорност туку реална слика за себе си.
А вистинската слика за тоа кои ние всушност сме можеме само да ја добиеме преку точното и длабоко спознание од Библијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom