sinatra
Френки
- Член од
- 25 септември 2009
- Мислења
- 186
- Поени од реакции
- 3
Христијаните веруваат дека човекот е направен пред 6000 години од господ, нели? Ако е господ семоќен, имаше доволно шанси да направи нешто. Арно, ама сеуште сме у истата кај со тенденција да тонеме уште подлабоко.
За сукањето ногавици: Ние самите си го правиме злото и никој не ни е крив освен нас луѓето. Криви сме за војните (кои најчесто се водат со господ напред), криви сме за бедата и сиромаштијата, криви сме за алчноста за пари, моќ и влијание.
Сепак, човештвото никогаш не било поблиску до бесмртност и божественост отколку сега, благодарение на луѓето кои одбиле да се затворат во религиски систем на верувања и продолжиле да размислуваат со отворен ум.
Да не постоеја атеистите кои бладаат за милијарди години стар универзум, за тркалезна земја и хелиоцентричен систем, тебе сега, наместо да ми ја читаш поракава, најверојатно главна преокупација ќе ти беше збирање зрна по нивите со поглед преплашен од феудалецот во чија сопственост е нивата. За попот и крстот да не збориме.
ха ха ха
Со тоа што „ние“ имаме избор... вие, некако, слабо...
А Откровението на што се однесува? Зарем таму не е опишано како Бог му става крај на злото?
Значи ние почнуваме војни, алчни сме до бесвест, а сепак сме блиску до божественоста? Да пукнеш од смеа! Која црна бесмртност?
Атеистите? Цццц...
Галилео Галилеј бил атеист? Јохан Кеплер?
Повеќето научници верувале во Бог: Мајкл Фарадеј, Исак Њутн, Грегор Мендел, Роберт Бојл, Рене Декарт, браќата Рајт, па дури и самиот Ајнштајн. Не ми излегувај со тоа дека научниците се атеисти! Кое клише!
Најпросветлените луѓе биле христијански верници. Науката не почна да се развива у Африка и Азија кај будистите, муслиманите, хиндусите..., ниту пак кај паганите, туку во Европа, кај христијанската вероисповед.