Бог не е креаторот на светот?

  • Креатор на темата Креатор на темата DBack
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е тема каде што секој посебно го толкува ова и има посебно размислување.Во тоа време немало жив свет што значи дека немало човек за да го види сето тоа па да може да го пренесе до денешницата.Сето тоа е само верување,а дали е вистина....
 
Бог не е семоќен, допушта зло и слободна волја да се греши.
 
еден Стивен Хокинг појма нема како настанал светот па вие овде ќе ми се занесвате :hihi:
 
Ма јок, Дарвин плашилото, Маркс големото меше и Ленин восочната фигура се креаторот! :pos2:
 
Па никој од нив (а ни за нив) не тврди дека се. Зошто забелешката?
 
Бог не е семоќен, допушта зло и слободна волја да се греши.

Абе ајде! Ако има зло не значи дека Тој не е семоќен. И професорот на факс може да ти пише десетка, али не го прави тоа.
Злото е последица на падот во грев, последица на лошиот избор на Адам и Ева.

Злото пак е допуштено со причина: оние кои ќе го прифатат, ќе одат во пеколот, а оние кои ќе се свртат накај Бога, ќе имаат вечен живот со Него во еден подобар свет.

Слободната волја е за да направиме избор, и како увек ја утнуваме работата.

1. Бог е добар и семоќен
2. Ако е тоа точно, значи дека еден ден ќе го порази злото
3. Злото не е уште поразено
4. Значи, еден ден Бог ќе го направи тоа
 
1. Бог е добар и семоќен
2. Ако е тоа точно, значи дека еден ден ќе го порази злото
3. Злото не е уште поразено
4. Значи, еден ден Бог ќе го направи тоа
Или вака,

1. Бог, каков што го опишуваат религиите, не постои.
2. Ако е тоа точно, значи дека злото е наш проблем - сами си го правиме и самите сме криви - никој друг не ни е крив.
3. Злото уште не е поразено
4. Значи, еден ден ќе мора да засукаме ракави и да си го направиме животот подобар самите, наместо мрзеливо да чекаме некој друг да го отстрани.
 
Ако самите си го правиме, значи ние сме лоши и како такви, и ногавици да засукаме нема да го подобриме животот.

Според атеистите, човекот настанал пред 3 мил. години нели? Ако можеше сам да направи нешто имаше доволно шанси. Арно ама, сеуште сме у истата кал со тенденција да тонеме уште подлабоко.

:nenene:
 
Христијаните веруваат дека човекот е направен пред 6000 години од господ, нели? Ако е господ семоќен, имаше доволно шанси да направи нешто. Арно, ама сеуште сме у истата кај со тенденција да тонеме уште подлабоко.

За сукањето ногавици: Ние самите си го правиме злото и никој не ни е крив освен нас луѓето. Криви сме за војните (кои најчесто се водат со господ напред), криви сме за бедата и сиромаштијата, криви сме за алчноста за пари, моќ и влијание.

Сепак, човештвото никогаш не било поблиску до бесмртност и божественост отколку сега, благодарение на луѓето кои одбиле да се затворат во религиски систем на верувања и продолжиле да размислуваат со отворен ум.

Да не постоеја атеистите кои бладаат за милијарди години стар универзум, за тркалезна земја и хелиоцентричен систем, тебе сега, наместо да ми ја читаш поракава, најверојатно главна преокупација ќе ти беше збирање зрна по нивите со поглед преплашен од феудалецот во чија сопственост е нивата. За попот и крстот да не збориме.

Забелешката е слична на онаа вашата до нас: -Премногу сте уфилмани во нивните учења.
ха ха ха :)

Со тоа што „ние“ имаме избор... вие, некако, слабо... ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom