DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.556
Претставата за Бог како креатор на светот е погрешна и таа е само резултат на илјадници години погрешно преведувана Библија, тврдат холандските научници.
Професор Елен ван Волд од Редбоуд универзитетот во Холандија, почитувач на Стариот завет, научник и автор, тврди дека првата реченица од Генезис (првата книга од Библијата) – “во почетокот Бог ги создаде Небото и Земјата“, е несоодветен превод од хебрејски.
Нејзината свежа текстуална анализа покажала дека писателите на големата книга никогаш немале намера да сугерираат дека Бог го создал светот, всушност светот веќе постоел кога Тој ги создал луѓето и животните.
Превидот според Ван Волд е направен со хебрејскиот глагол “бара“ употребен во првата реченица, кој што не го означува дејството “создава“, туку дејството “просторно разделува“.
Тоа значи дека првата реченица од Генезис сега би се читала “на почетокот Бог ги одвои Рајот и Земјата“.
Анализите на професорката покажале дека почетокот на Библијата не го претставува и почетокот на животот, туку почетокот на раскажувањето за животот.
“Всушност, Бог ги создал луѓето и животните, но не и самата Земја,“ појаснува Ван Волд, која во своите тези забележала дека новиот превод соодветствува со древните текстови.
Според нив, веќе постоела огромна водна површина каде живееле чудовишта, скриени во темнината. Таа заклучува дека Бог не создавал, туку дека разделувал – Земјата од Рајот, копното од морето, морските чудовишта од птиците.
“Водата веќе постоела. Постоеле и морски суштества. Бог навистина создал нешто, но не и Рајот и Земјата. Вообичаената идеја од ништо да создадеш нешто е едно големо недоразбирање. Бог се појавил подоцна и Земјата која постоела само ја заживеал, разделувајќи ја водата од копното и внесувајќи светлина во темнината. И мене како верник ова ме повредува, но традиционалната претстава за Бога веќе е неодржлива“, заклучува професорката.
http://www.on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=A96B3286845B924488C809CC225FFD6A
Можно е да е грешка во превод? Што викате?