TAKSIRAT BOOM! FESTIVAL

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Идемеееееееее!!! Ај кој ме знае нека ме удри со чаша со пиво да го приметам. Се гледаме!
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
700, ако уште има. На сајтот на литуим рекордс пишуваше дека им останале уште само 1000 карти до вчера.
Fala na informacijata druze.
Veruvam deka ke ima, standardni finti im se toa na organizatorite. :)
Kako i da e, vo kraen slucaj ke se najde nekoj sto sitka karta pred vrata. :)
 

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Одлично беше, Таксират е закон!! Big in Japan ја свиреа, јессс :))))))
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.110
Поени од реакции
5.863
Значи како што планирав, отидов за да ги гледам и слушам Moonspell, но сепак останав да ги следам настапите и на другите бендови, од кои најдобар впечаток ми оставија Guano Apes. Имаа одличен настап, а атмосферата во салата за време на нивниот настап беше на високо ниво. Сакав да останам и за Кирил, ама премногу бев уморен.

Да се вратам на Moonspell.
Закаснив малку и не ја фатив првата песна, ама по сетлистите од последната турнеја и грмењето што го слушнав од надвор мислам дека беше At Tragic Heights. Влегов во салата викајќи "Night Eternal!" и се упатив кон предниот дел за да го следам одблизу нивниот настап. Секоја секунда од настапот беше совршена. Одамна се немав наежено толку како што се наежив на рефренот од Scorpion Flower, а Alma Mater ми се вртеше низ глава цела вечер, поради што речиси и не обрнав внимание на настапите на некои од другите бендови. Одлично го завршија настапот со Full Moon Madness, по што следеше неизбежното "We want more!" од публиката. Кутрите, се гледаше дека им се свиреше уште, но сепак времето за настап им беше ограничено од организаторот. Тоа е единственото негативно нешто кај ваквите фестивали. Како и да е, се надевам дека некогаш повторно Moonspell ќе дојдат кај нас и ќе одржат еден пристоен концерт.

1. At Tragic Heights ???
2. Night Eternal
3. Finisterra
4. Opium
5. Scorpion Flower
6. Nocturna
7. Vampiria
8. Luna
9. Alma Mater
10. Full Moon Madness

Колку што се сеќавам оваа беше сетлистата, поправете ме ако грешам.
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Се на се таксират беше преубаво. Најмногу бев заради мунспел, ми идеше да заплачам од возбуда, чувството е неописливо кога излегоја на сцена. На вампириа, тотално скренав. И денес ги претрпувам последиците, цело тело ме боли, и вратот.
Би сакала да им отидам на концерт. :vozbud:
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Дали вчера тоа се дешаваше лудило на Таксират? :vozbud:
Си поминав преубаво, се изнаскокав, изнаиграв, пиво се изнапив и се убив од во WC одење :pos: Уствари тоа беше еден од подобрите делови, се гураш, туркаш, зафркаваш, запознаваш нови фаци и смееш :pos:
И заш го сакам Таксират- па таму бе ако не се видам со некои луѓе што поретко ги гледам каде ќе ги видам, секој Таксират ми е исполнет со средби случајни со драги лица :)

Влегов во шуткааа,се вртееев :vozbud: И стартките кога излегов ми беа како на нива да сум копала, од бели- црни станале :pos2:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.422
Поени од реакции
7.774
Таксират, убава работа :)

Стигнав кога Џулиет Луис завршуваше со нејзиниот настап.
Во меѓувреме се договарав со еден другар да се најдеме внатре, и барав, и барав, и почнав да вртам кругови, и видов еден куп луѓе кои ги сакам, другар ми никаде го нема :pos:
Целово ова шетање беше за време на Хладно Пиво, бенд кој не го сакам, а сепак на крај ќарив трзалица од бендот :pos: By the way да кажам дека имаа сосема коректен настап, од страна гледав и се гледаше дека се миленици на публиката.

Е Гуано Ејпс.... ги гледав и слушав од кај тонците, нели таму најубаво се слуша :) Сакав да одам напред скроз, ама се пишманив, веројатно затоа што бев со две кумановки, па си се вратив назад :)
Нивниот настап, WOW :treskanje: од земја буквално :) Бенд со кој почнав да слушам арна музика во раниот пубертет, очекувањата беа големи и целосно исполнети. Трак листата беше слична со таа од Романија, неколку страни поназад.

Кирил, на сите им викав дека сум дојден специјално за него :)
Кирил како Кирил, перфекција. Серџук Оркестра, исто така. Аче, виолинистот и перкусионистот, на ниво. Е тоа црнецот, кој пенис му е на Кирил што го собрал и типацов, не знам. Се надевам нема долго да се задржи у бенд. Едноставно, концептот се нарушува. Етно македонски звуци со електронска позадина, па електронски звуци со етно... и таму некој си црња вика и скока Алегзандер д грејт. Dislike.
Сепак, нема ништо совршено на светот, така да ќе го прифатам како момент кој квари севкупен впечаток, меѓутоа недоволно за да не кажам дека ова беше еден од најдобрите таксирати досега.

Е сега надвор од музикчките моменти. Нарооооооооооод. Мнооооооогу :) добар дел од таксиратот не се дишеше од што беше полно внатре :) Пијачки, по сосема коректна цена, што ме израдува. Сепак на крај се случи да снема од големите чаши за пиво, па сипуваа во мали чаши. Изгледа ни организаторот не се надевал на толку многу народ кој ќе испие толку многу алкохол :)
Како недостаток ќе го земеме тоа што немаше гардероба, па за јакни и слично моравме да се снаоѓаме како можеме и умееме. За среќа мојата јакна не претрпе многу валкање. Додуша кога ќе се сетам, наназад низ годините не ми текнува на некој Таксират да имало гардероба.
Мајца Boom Taksirat не си купив, пред да излезам од дома видов дека имам и премногу мајци, па ќе преживеам без мајца од фестивалов. :)

Се гледаме на Таксират 2010.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Замисли, и јас ќе пишам овде. :)

Со оглед на тоа дека Сусаро веќе ме прогласи за пензионер на векот, и сам сум изненаден дека се најдов со толкава желба. Прво и основно кое ме фасцинираше во големата хала е колку ебано убави луѓе имало Скопје. Јас бев затруен од шмизлерајот и кичерајот на центарот на градот. Преубави девојки, коректни момци, фантастично.

Мунспел со намера ги прерипав, не е мој фах тоа.

Елементал стигнав на пола зашто Аки мора да касни увек, и најдоброто го пропуштивме, не сум импресиониран од тоа што видов. Мирно, премирно беше.

Џулиет Луис... апсолутно го разбирам Квентин зошто толку внимание и полага. Девојката е нешто неверојатно. Таков спој на харизма, сексапил и глас не е можен. Не сум слушнал некој изведувач да биде толку емотивно внесен во својот настап и да извади таков глас. Иако рака на срце не бев којзнае колку запознаен со нејзината музика, поминав фантастично на овој настап.

Хладно Пиво. Јок. Дали јас очекував премногу, ама момците без вистинска комуникација со публика, одработија и си отидоа.

Гуано Ејпс. Старкава згодна у пизду матер еј. :) И беа добри. Иако на моменти малку беше досадно бидејќи очигледно не се навикнати на таков фидбек од публика, плус не настапувале заедно 5 години како што знам, до вчера, додека се опуштија помина настапот. Па на крај не сакаа да си одат. :)

Кирил... мајкоооооо, лудница. Спротивно на мислењето на Тончи, нигерот мислам дека идеално се поклопи со целата атмосфера и останатите. Мене ми се допадна прилично бидејќи не беше ставен во главен план, а супер ми се допадна тоа рецитирање јамајканско уз музиката. Имаше еден момент кој највеќе го бендисав... кога пееше една македонска народна песна, ама од сабајлево не можам да се сетам која, памти некој? Ма фантастично.

Overall - бомба.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Замисли, и јас ќе пишам овде. :)

Со оглед на тоа дека Сусаро веќе ме прогласи за пензионер на векот, и сам сум изненаден дека се најдов со толкава желба. Прво и основно кое ме фасцинираше во големата хала е колку ебано убави луѓе имало Скопје. Јас бев затруен од шмизлерајот и кичерајот на центарот на градот. Преубави девојки, коректни момци, фантастично.

Мунспел со намера ги прерипав, не е мој фах тоа.

Елементал стигнав на пола зашто Аки мора да касни увек, и најдоброто го пропуштивме, не сум импресиониран од тоа што видов. Мирно, премирно беше.

Џулиет Луис... апсолутно го разбирам Квентин зошто толку внимание и полага. Девојката е нешто неверојатно. Таков спој на харизма, сексапил и глас не е можен. Не сум слушнал некој изведувач да биде толку емотивно внесен во својот настап и да извади таков глас. Иако рака на срце не бев којзнае колку запознаен со нејзината музика, поминав фантастично на овој настап.

Хладно Пиво. Јок. Дали јас очекував премногу, ама момците без вистинска комуникација со публика, одработија и си отидоа.

Гуано Ејпс. Старкава згодна у пизду матер еј. :) И беа добри. Иако на моменти малку беше досадно бидејќи очигледно не се навикнати на таков фидбек од публика, плус не настапувале заедно 5 години како што знам, до вчера, додека се опуштија помина настапот. Па на крај не сакаа да си одат. :)

Кирил... мајкоооооо, лудница. Спротивно на мислењето на Тончи, нигерот мислам дека идеално се поклопи со целата атмосфера и останатите. Мене ми се допадна прилично бидејќи не беше ставен во главен план, а супер ми се допадна тоа рецитирање јамајканско уз музиката. Имаше еден момент кој највеќе го бендисав... кога пееше една македонска народна песна, ама од сабајлево не можам да се сетам која, памти некој? Ма фантастично.

Overall - бомба.
Брат, не е уопште старка пејачката од Guano Apes. 32-33 години да има макс, а иначе е Хрватица по потекло.
А за Таксират, и ја можам да кажам дека беше на задоволително ниво и си го одржува рејтингот на најквалитетен фестивал во државава
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Брат, не е уопште старка пејачката од Guano Apes. 32-33 години да има макс, а иначе е Хрватица по потекло.
А за Таксират, и ја можам да кажам дека беше на задоволително ниво и си го одржува рејтингот на најквалитетен фестивал во државава
Да бе, 33 имала, ми рекоа 5 декада дека е скоро. Добро, тоа оправдува шо е така згодна. :) Али виде, едвај, слабо збори хрватски... ама па не е ни родена у Хрватска она. Се потруди битно. :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Таксират


Таксират. Таксират е место каде што се збираат тие што не слушаат турбо фолк а сакаат квалитетна музика. Фак треба почесто вакви работи. Одамна не сум здивел и да пеам на цел глас. Но ај пополека да си раскажувам. Мунспел не ги фатив зашто ем ми беше рано ем не ми се свиѓаа по она што го слушнав пред тоа од нив но потоа ми кажаа дека биле ептен добри и сеа ми е криво што не дојдов. Елементал беа сосема солидни. Направија весела смирена атмосфера. Дану у дан ја пееше секој. Еве кратко клипче од атмосферата што беше:


По Елементал дојде Џулиет Луис, која иако бев присутен во салата, не ја слушав нешто многу, преокупиран со потрага по кајганџииве низ салата. Солидна (иако пак ке кажам не ја слушав многу) беше девојката ака глумицата од Самрак до зори. По неа дојдоа Хладно Пиво. Супер атмосфера. Цела публика пееше во ист глас со нив. Максимално забавна атмосфера. Плус и се случи запросување на сцена од извесниот Бојан до неговата девојка. По нив дојде делот за кој бев дојден. Гуано Ејпс. Немам зборови. Не клоцаа, маваа од под, сексуално не злоупотребија (тејк а аут јоур шртс), не нештобрутално1...За некои ова беше и реално. Посебно за некој кој не влегол во шутка неколку години а несакајќи е бутнат во таква ситуација, ситуација во која се чувствуваше инфериорен за разлика од веќе истренираните голи батки. Плус на тој некој му истуриа пиво врз блузонот. Но гајле ми е, си поминав супер. Упс. Не...мислев...тој некој си помина супер...Ај батали. Немам зборови за Гуано Мајмуните. Фантастично. На клипои:



На Кирил неможев да седам. Нозете ми се наполниле со млечна течност и затоа ме болеле (медицинска анализа од прва рака). Како и да е, супер фестивал. Изборот на групите беше супер, алкохолот го снема (знак дека беше пристапен за сите), во паузите ги слушавме Фу Фајтерс и Грин Деј, обезведувањето работеше ревносно но има испади кои не беа приметени. Ма што го дрвам. Топ.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Стварно не сум си поминала вака убаво од дамнина!!
Џулиет беше океј, Хладно пиво беа уште поокеј, највеќе пиво испив на нив, али Гуано.. Ооо Гуано Ејпс, момент за паметење. Мислам дека доживеав оргазам на Big in Japan. Супер беше, имаше мноооогу мнооогу гужва, али тоа не не спречи да се убиеме од скокање. Цела сум со модрици, еден кретен ме измава со дуксерот коа оваа им рече да се расоблечат. -.-
Фини шутки, дадов лакт у глава на едно дете [му се извинувам вака јавно].
Ееее, Кирил беше посебна приказна. Веќе беше расчистено позади кај што се сместивме, и моеше да се игра. Мислам дека така не сум скокала дооолго време. И тоа си има последици, не можам да се мрдам.
Се’ на се’, одлиќно.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Уште пред да влезам надвор имаше топ луѓе.
Мунспел ги прескокнав.
Елементал не ги слушав многу ама онака дури да се сместиме и да испиеме по некое пиво океј беа дечките.
Џулиет Луис. Каква девојка. Интересно облечена - отсекогаш ми била позната како ретардираната од The Other Sister. Ептен добра актерка.
Хладно Пиво беа скроз друга приказна. Скокање , пеење , викање ... дерење ... се. Супер беа.
Гуано Ејпс. Причината поради и која присуствував на Таксират. Едноставно лудница. Најдобри од сите на овогодинешниот таксират.
Кирил беше лудница.

Значи бев на Таксират за Гуано и за Кирил и моите очекувања се исполнија.
Е сега исто како и претходните години пола чаша пена пола чаша пиво. Тоа многу ме нервираше.
Како и едното вц. Едно време настана општа туча за во ВЦ да се оди.

Се на се ... си поминав одлично. :)
 

Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
Ај и ја да пишам :)
Први Мунспел, дефинитивно најтапа беше на нив, тие шо беа дојдени за нив се кладам дека 90% беа само заради Вампириа, пошто колку што видов јас само на таа се рипаше највише.
На Елементал гласниве жици ми откажаа :icon_lol: се изнавикав и се изнарипав иако околу мене атмосферата не беше којзнае што.
Од Џулиет Луис не знам ни една песна па ја прескокнав, таман тогаш почнаа да пуштаат надвор и излегов на воздух малце.
Лелее Хладно Пиво, како што бевме во напред, да не се држев за Кискин ќе ме фрлеа како парталче големите батки :pos:
На Гуано иако не бевме во првите редови, можам да кажам дека беше најнајнајјако. :icon_lol:
И за крај, дефинитивно одличен помин, проследен со болки во нозете, грчење и немирен сон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom