Македон91
Благородник
- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 2.134
- Поени од реакции
- 120
Бидејќи во скоро време ги читав романите на Петре М. Андреевски: "Последните селани" и "Пиреј", како и "Пустина" од Ѓорѓи Абаџиев, ми падна идеја дека настаните од овие романи можат (и заслужуваат) да добијат и филмска верзија, со што би добиле визуелен приказ и на некој начин би биле достапни пред поголема (и поразновидна) публика. Од друга страна ефектот на промоција на Македонија и Македонецот преку овие книги/филмови кој би се постигнал е далеку поголем од оној што некој (или сите) македонски амбасадор се труди да го пренесе во светот. Плус, подобро да се потрошат 5 милиони евра за квалитетна екранизација и промоција на книга, отколку за себепромоција на Владата и нејзините министри (ова е само добронамерна критика кон средствата што се издвојуваат за рекламите).
Последните селани е роман посветен на егзодусот на македонските села (масовното иселување и изумирање на селото), на дотрајувањето на последните старци и старици, оставени и заборавени од сите, дури и од своите најблиски.
Пиреј е еден од најдобрите македонски романи, скапоцен камен во македонската проза, книга која говори за судбината на македонскиот човек во виорот на Балканските војни и Првата светска војна. Преку ликовите на сопружниците Јон и Велика е пренесена апсурдноста на војната како општествено зло и нејзините катастрофални последици за оние кои (во случајов, принудно) се борат, но и за оние кои ги чекаат да се вратат од битките. Во романот се гледа и вечната болка (проклетство) на Македонците, принудени да се борат и да гинат под туѓ јарем, брат против брат, едниот на српска, другиот на бугарска страна.
Метафората во самиот наслов е всушност и порака во книгата, дадена преку пирејот, неуништливата трева, синоним за неуништливоста и непокорноста на Македонецот.
Пустина е првиот македонски психолошки роман, кој за главна тема ги зема душевните состојби и премрежја на двајцата преживеани солунски атентатори, Глигор и Арсо, кои не успеале да загинат во серијата атентати, туку по низа случајности останале живи и заробени од страна на Османлиите. Смртната казна им ја замениле со доживотна робија и оттука започнуваат тегобите и различните приоди и сфаќања за животот, на двајцата атентатори. Eдниот (Арсо) е за смрт, како што им прилега на хероите, “бидејќи живите херои не се херои”, а другиот (Глигор) е за бегство од затворот и продолжување на борбата за каузата, бидејќи смртта за него е предавство, бегање од одговорноста што ја превзеле.
П.С. Филмската верзија на овие дела “по закон” треба да му биде доделена на Милчо Манчевски, докажан како промотор на Македонија и македонските приказни во светската кинематографија. :smir:
Кои книги (од македонски и странски автори) што вам ви оставиле силен впечаток, а досега немале филмска екранизација, заслужуваат да се најдат на големото платно? И дали сметате дека на тој начин истите ќе постигнат подобар ефект кај читателите/гледачите?