Албански историчари: Албанците окупирале словенски територии

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
815
Идентични факти за Албанците исто како и во македонската енциклопедија се изнесуваат и од албанските историчари во учебникот по Историја за дванаесетти клас, односно трета година гимназиско образование во Албанија. Затоа не чуди зошто толку жолчна и непримерна е реакцијата од албанскиот државен врв и Албанците воопшто во врска со македонската енциклопедија кога токму истото го пишуваат самите албански историчари, се наведува во острата реакција на Македонците кои живеат во оваа земја.

-Фактички Енциклопедијата и учебникот се на иста релација дека Албанците се дојденци од планините, планинци (Малсори) кои ги окупирале териториите на Словените, вели Васил Стерјовски, претседател на друштвото „Илинден“.

Автори на учебникот се Беќир Мета, Мухарем Дежгиу и Џеваир Леши, кои ништо не ги поврзува со македонштината, нагласува Стерјовски.


Извор: Канал5 ТВ
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=54065&egId=13

----------------------------------------------------

По се` изгледа, многу Албанци од Албанија си ги признаваат македонските корени :toe:
 
Ново, е ново. Барем признаваат дека и Албанија била македонска исконска земја сега:toe:

Тие признале и не ме чуди многу културни се бар туку овие нашиве „ИЛИРИ“ како да им се докаже кога че го пукам само им е в уста:toe:
 
Ново, е ново. Барем признаваат дека и Албанија била македонска исконска земја сега.:toe:

Не знам дали може така да се сфати реченото од нив.

Патем, Албанската Академија има брошура за Македонското прашање издадена во 1990тите. Ја имав во 2001-2002 год. но некаде се затури, ќе се обидам да ја најдам и да постирам.
 
Ново, е ново. Барем признаваат дека и Албанија била македонска исконска земја сега:toe:

Досега ако беше за да те мрзи човек, сега си за да те жали.

хехехехехехехеххауихаухауахсухџ ухсаиуцхаскдуфх сдф
 
Па реални се албанските историчари и правилно напишале во учебникот.Цела Албанија е со словенски(македонски) топоними,а во МК нема албански топоними.Најочигледен пример се топонимиве кој бил доминантен на одредена територија.:toe:
 
Па реални се албанските историчари и правилно напишале во учебникот.Цела Албанија е со словенски(македонски) топоними,а во МК нема албански топоними.Најочигледен пример се топонимиве кој бил доминантен на одредена територија.:toe:


Тоа се некои историчари.

Истите ако сметаат дека Албанија е античката Македонија, и тука не се лажат, затоа што и така било, античка Македонија бил и Египет, и Индија.

Ама некој толкува како што му се сака. А тоа е лошо! Оти овој е најмасовен форум и многу етноцентристички делуе.
Разбираш.

.Цела Албанија е со словенски(македонски) топоними,а во МК нема албански топоними.

Хуахуахуахаухаухау

Цела Албанија!:)
 
Досега ако беше за да те мрзи човек, сега си за да те жали.

хехехехехехехеххауихаухауахсухџ ухсаиуцхаскдуфх сдф
Drzise do temata i nemoj so vakvi gluposti .Ako imas nesto da napises na temata napisi . Na ulica mozes kolku sakas da ripas da skokas .I nego devalviraj forumot .

NEKOJ ISTORICARI?IMA ILI NEMA?ILI RELEVANTEN FAKTOR E ENCIKLOPEDIJA BRITANIKA I WIKIPEDIJA. ALBANCITE IMAA BOLEST , KAKO VELAT NEKOJ, GI FATILO ILIROMANIJA.:vozbud:
 
Коста Пеев

За македонската топономастич ка номенклатура во Албанија низ призмата на истражувањата на рускиот проф. А. Селишчев​

Странски лингвисти го откриваат македонскиот јазик



Македонскиот јазик, односно македонските народни говори, многу одамна, уште во втората половина на 19. век го привлекле вниманието на странските професори од најпознатите славистички центри, и тој интерес продолжува до наши дни. Споменатиот интерес се изразува низ неколку аспекти од кои основниот има политичка конотација. Имено последните децении од 19. век, по ослободувањето на Србија, Грција и Бугарија од турското ропство, картата на Балканот беше скроена со едно отворено прашање: судбината на Македонија и настојувањата на споменатите држави да влијаат врз таа судбина со желба да ја придобијат во својата орбита.
Во односниве настојувања покрај грубата пропаганда во игра беа вклучени и порафинирани методи: ангажирање на професори лингвисти за да ја "откријат поврзаноста" , односно "заедничкиот корен" на македонскиот со еден од соседните јужнословенски јазици, со бугарскиот или со српскиот, зависно кон кој центар припаѓаа научниците. Професорите што доаѓаа од странство, односно голем дел од нив, не секогаш имаа разбирање за мегаломанските желби на соседите. Меѓу најпознатите што ги истражувале македонските дијалекти, и по значење и по редослед прво треба да го споменеме Словенецот Ватрослав Облак, којшто со својата книга "Македонски студии" даде сериозна поткрепа на "Македонската теорија" за потеклото на старословенскиот јазик, нотирана од неговиот проф. Ватрослав Јагич.

Професорот А. Селишчев во Македонија​

На второ место ќе се задржиме на главната фигура во нашево излагање, познатиот проф. од Универзитетите во Москва и Казањ, Афанасиј М. Селишчев. Иако основната наставничка дејност му била посветена на старословенскиот јазик и на споредбена граматика на словенските јазици, сепак Селишчев им посветил многу време на истражувањата на македонските дијалекти. За таа цел, наскоро откако стапил на Универзитетот во Казањ, 1914 год., тој дошол во Македонија, и повеќе од два месеци останал и ги истражувал северните македонски говори, особено оние во Тетово и Тетовско.

Богатиот материјал собран на теренот проф, Селишчев го обработил и објавил идната година во "Отчет о зан/ти/х за границеј в летнее ваканционное врем/ 1914 года" _ Ученѕе записи Казанского универзитета. Благодарејќи на аналитичкиот пристап кон проблемот, во споменатиот труд препознаваме една поинаква слика за демографската состојба во Тетово и Тетовско од пред 9 децении, отколку она што ја гледаме денеска.

Како солиден научен истражувач на македонските говори, Селишчев своите теренски белешки ги дополнувал со писмени извори (записи) од односнава регија, за пример да го споменеме "Четиријазич никот" на Данаила. Значи тој ги комбинирал резултатите и врз тој принцип ја приготвил и објавил книгата "Очерки по македонској диалектологии", том 1, Казањ 1918. Во споменатава обемна студија авторот, меѓу другото, ни дава преглед _ класификација на македонските дијалекти којашто и денеска е актуелна. Селишчев се задржува и на провокативното прашање, (провокативно тогаш, но и денеска) за местото на македонскиот јазик во јужнословенската група.

За непосредниот контакт меѓу македонското и албанското население​

Проблемот што не интересира -за непосредниот контакт меѓу македонското и албанското население ќе го проследиме преку друга книга на споменатиот професор (А. Селишчев), којашто носи наслов "Слав/нское население в Албании" (Софија, 1931). Таа претставува капитален труд во кој многу вешто се претставени дијалектолош ки и ономастички посебности на западните македонски говори (и на оние што влегуваат во државните граници на денешна Албанија), проткаени со податоци извлечени од различни историски, географски, етнографски, фолклорни и др. извори.

Заслужува да се одбележи високиот степен на професионалност и научнички пристап, односно исцрпност и прецизност во претставување на потребните факти, што граничи со филигранство. Тој пристап е поткрепен (како што рековме) со многу студии, некои од нив навлегуваат во сферата на албанската, грчката, турската, ароманската, српската и бугарската јазична и културна традиција. Човек не може а да не му се восхитува на авторот (како странец) за трпението и самодисциплината заложени во толку исцрпниот преглед на дијалектолош ките посебности на говорот (и топонимијата) на македонското население во централна и јужна Албанија.

Богатството на факти и материјали во споменатава книга Селишчев многу умешно ги распоредил во следниве поглавја: 1. Југозападната граница, нејзината раширеност во минатото и постепеното повлекување кон исток; 2. Политичките, културно-опш тествените и етничките односи во Албанија; 3. Словенски заемки во албанскиот јазик; 4. Словенски топографски називи во Албанија; 5. Јазични посебности на словенското население во Албанија. Во првата глава авторот, освен за јазичната граница меѓу македонскиот и албанскиот етнос, уште на почетокот зборува, поправо ни презентира извесни сознанија за демографскиот профил на односнава регија, според кои е евидентен голем несразмер меѓу сегашната состојба и она пред девет децении.

За македонскиот карактер на фонетските промени на топонимите во Албанија​

Независно што Селишчев го употребил атрибутот "болгарски" за населението во Полог, односно "славјански" за македонското население во Албанија (сп. ги насловите: "Полог и его болгарское население" , "Слав/нское население в Албании" ), сепак теренскиот материјал, особено топономастич киот забележан од него го демантира односново тврдење, бидејќи на показ се повеќе посебности што се врзуваат за македонскиот, а не за бугарскиот јазик. Да илустрираме од трудот "Слав/нское население в Албании": - големиот ер (џ): во голем број "словенски" (македонски) топоними запишани во Албанија се изјаснил во "о": Боз, Бозаник (и: Божаник), Бозовец, да потсетитме дека во бугарскиот овој глас е заменет со џ, пр. бџз, бџзовина . Малиот ер (Ѓ) во топономастич киот "словенски" материјал (во Албанија) поминал во е: Песјак, Козел. Самиот Селишчев констатира дека имињата со суфиксот -ец (од -ЃцЃ) се толку фреквентни што се среќаваат во сите краишта на Албанија, и на север и на југ: Илинец, Грнец, Градец и мн. други. Промената на Ѓ во е тој ја нотирал и во голем број словенски (македонски) зборови навлезени во албанската реч: котел, кобел, загорен (од стсл. загорЃнџ = северен ветар). За односнава појава проф. Бл. Конески ќе запише: "Во промената џ > о, Ѓ > е имаме една стара изоглоса што ја ограничува речиси целата македонска јазична територија, со исклучок на тесниот појас на северномакедонските говори и на некои говори во Пиринска Македонија".

Во врска со развојот на вокалното л кај "словенското" население во Албанија да се задржиме на топонимот Молчани зарегистриран на картата во северна Албанија, меѓу реките Дрим и Фани во кој е означена замената ол (за вокалното л), специфичност за македонскиот стандард (наспрема српското у: вук и бугарското џл: вџлк-џт ). Поинаков резултат, но пак западномакедонски заблежуваме во примерот Влче из Белграда (подоцна Берат) што го наведува Селишчев од поменикот на Слепченскиот манастир (записот потекнува од 16-17 век). Имено и денеска, во западната периферија, во Галичник среќаваме вокален изговор за некогашното вокално л.

Во врска со континуантот о за носовката "он" во микротопонимијата во Албанија можат да се изделат 2 зони што се надоврзуваат на адекватната ситуација во западните македонски говори, првата се јавува во средниот дел на Албанија, на северозапад од Дебар по долината на Дрим, втората е лоцирана на југ , пр. Госкова (меѓу Москополе и Корча), Голобец (во околината на Берат), Добрава и др. Ако имињата на север (со споменатиот резултат) се дел од една појава позната во Дебарско, тогаш и оние на југ, во кои "он" исто така е заменет со о, се надоврзуваат на адекватната состојба во Преспа и во југозападните костурски говори (сп. рока, нотре).

Изоглосата со зачуван назализам во Костурско се шири и во југоисточниот дел од Албанија, присутен во топонимите: Дџмбрас, Лџнга, Рџмбец . Истиот резултат џн, џм (од "он") се среќава и во позајмени македонски зборови во албанската разговорна реч (пџндар).

Африкатот ѕ карактеристич ен за македонските говори, но и за јазичниот стандард (отсутен од соседните јужнословенски јазици) исто така се забележува во словенски имиња на места во Албанија, да го споменеме името на селото Ѕвезда, што се наоѓа на исток од езерото Малик.

Во регистрираните словенски имиња на места во Албанија може да се следи една постара , петрифицирана слика од развојот на консонатскиот систем во македонскиот јазик во врска со судбината на гласот х, кога тој с# уште се чувал не само во финална позиција, туку и меѓу вокали, сп. топоними: Суха Гора, Влахи, Метох. Дека се работи за една архаична состојба ни укажува аргументот дека од 16. век гласот х почнал да се губи во македонските говори (според Конески), "...во албанскиот имаме развој што многу се допира до состојбата во западномакедонското наречје. Така, иако не доследно, х се заменило со ф на крајот на зборот и пред согласка (сп. схоф од схох = "гледам"). Особено во говорите на Тоските и Јужните Геги х се губи во почетокот, меѓу вокали и на крајот на зборот".

За распространетоста на македонскиот елемент во Албанија, потврдена во топонимите​

Како што веќе рековме, Селишчев, освен како "бугарско", македонското население го именува друг пат како "словенско" (без национална одредница), така е и во насловите и во текстовите (сп. "Слав/нское население в Албании"), трет пат како македонско (сп.:"Очерки по македонској диалектологии", "Македонские кодики 16-18 в."). Аргумент за ваква некритичност наоѓаме во фактот дека тој, во некоја рака & припаѓал на бугарската лингвистичка елита, поголемиот број од неговите книги се печатени во Софија, како изданија на "Македонскиот научен институт". Секако не без значење е и фактот дека во 1930 год. А. М. Селишчев бил избран за член на Бугарската академија на науките.

Споменатава книга "Слав/нское население в Албании" , чии податоци ќе продолжиме да ги анализираме во нашево излагање се појави во Софија 1931 г. Таа претставува сериозен дијалектолош ки труд со многу успешно инкорпорирани топономастич ки називи, во коишто јазичните факти се петрифицирани, закостенети, тие на ваков или онаков начин ги допираат македонските западни говори, вклучувајќи ги и оние што биле, односно што се во границите на денешна Албанија.

Во односново богатство на факти и материјали, Селишчев документирано зборува за политичките, културно-опш тествените и етничките односи во Албанија, со научнички пристап и укажува дека словенскиот етнички елемент се простирал на релација од костурско-охридкиот крај по долините на реките Бистрица, Војуси, Семени и Шкумби. На север македонското присуство било стопирано од непристапниот планински масив Черменика. Потврди за кажаното наоѓаме во големиот број словенизми во топографската номенклатура од односниов крај (извлечени од картата), пр. по долината на на р. Војуси: Белица, Загон,Могила, Извори, Коачи, Градиште, Церковина, Сушица, Вари-боб (пред дваесетина години, при посета на Албанија, како гостин на Универзитетот во Тирана, овој топоним го сретнавме запишан на една информативна табла на која беа означени места интересни од археолошки аспект или нешто сл.); голем број македонски (словенски) образувања се среќаваат и по долината на реката Осум: Раздол, Водица, Треска, Осоја, Градец, Корита, Сирак, Вртопи, Горица, Рудине и мн. други.

Втората распространетост на македонските Словени била со ориентација по Црн Дрим кон северниот дел од централна Албанија, односно кон реката Мати. Иако тоа не било толку изразено (според Селишчев), сепак трагите за македонското присуство во односнава регија зацртани во имињата на места се релативно бројни: Сушица, Горица, Градец, Подгорица, Крстец, Сопоти, Просека, Светиград, Божица.

Дека словенски (македонски) племиња имало и до морскиот брег на Јужен Јадран се потврдува со топонимите на односново албанско крајбрежје (ги има повеќе во јужниот дел): Полјана, Рамец, Сушица, Водица, Пешчера, Радостина, Рупана, Камница, Жабјак, Рогожина и др.

Повлекување на македонското население на исток
 
Турското завојување на Албанија се карактеризира со голема жестина. Тоа предизвикало сериозни промени, меѓу најважните секако спаѓа брзото ширење на муслиманството. Тешките услови натерале многу словенски (македонски) семејства да се преселат од Албанија на исток, во Македонија. Оттаму меѓу населението од Г. Полог, Дебарско, Преспанско, Охридско, Битолско има многу жители што се преселници од Средна Албанија. Селишчев истакнува: до неодамна некои од овие семејства одржуваа врски со своите роднини во Албанија. Со такво потекло се истакнувале повеќе села во Дебарско, пр. во Росоки повеќе семејства биле потомци на преселници од Албанија. Тие "Словени" (читај: Македонци) што останале во Албанија при тешки услови и притисок биле принудени да станат Албанци. Зборувајќи за мотивите на албанизацијата Селишчев ќе истакне: предимството на Албанецот над Македонецот, освен со религијата, се потхранувало и со сплотеноста на албанската родова група што давала тон на општествениот живот, натаму, браковите на словенските мажи со жени Албанки во кои жените не поминувале на јазикот на мажите, а децата, се разбира, го учеле јазикот на мајките. С# се тоа елементи што допринеле Македонците да се стопат со Албанците. Значи повеќе опстојателства од политичкиот и социјалниот момент придонесле македонското зборување во Албанија да се затира, т.е. словенскиот збор да биде заменет со албански.

Мислиме дека следниот извадок од книгата на Селишчев "Слав/нское население в Албании" , многу сликовито ни го претставува албанското ширење на исток: "... 14-15 век е време на многу силно, понекогаш бурно, распространување на Албанците, коишто се устремувале кон соседните краишта... Во своето движење (во тоа време) на многу места вршеле силен притисок врз словенското население. Сепак најголема експанзија - експанзија бурна и разурнувачка (движење на исток и на север) се извршила кон крајот на 17 и во 18-19 век. Слабоста на турската власт во Албанија и во Македонија, самоволието на албанските паши, слабата економска база на планинските населби, грабливоста и разбојништвото што се раширија во минатите векови во земјите под турска власт, бегството од крвна освета, сето тоа ги услови преселбите и населувањето на Албанците во Македонија и Стара Србија... односниов притисок зеде поголеми размери во втората половина на 19. век, кога се појави и меѓусебно религиозно судрување. За засилувањето на притисокот придонесоа и пројавите на разбуденото национално-опш тествено движење на рајата, уште и со мешање во тоа движење на странски агентури, и при јасно изразена државна немоќ на Турција".

Пробив на албанскиот елемент кон Западна Македонија​

По повлекувањето на "словенското" население кон исток, наскоро доаѓа до поголемо раздвижување на повеќе групи Албанци кон Западна Македонија, кон Охридско, Дебарско, Полог и Скопско. Во периодот што следува , особено во втората половина на 19. век, кај извесни кругови од градското албанско население се јавила идејата за автономна Албанија. Гледајќи во тоа можност за остварување на своите интереси, извесен број претставници и агенти од државните власти од Австрија, Франција, Италија и др. (според Селишчев) настојчиво и јасно ја подржувале мислата за автономија на Албанија. Споменатиот стремеж на Албанците наоѓа силен израз во Албанската лига востановена 1878 (-1881), којашто имала не само политичко значење, во смисла на создавање услови за бараната автономија, туку си поставила за задача да дејствува пошироко врз етничката свест кај Албанците... Бараната автономија се однесувала за Албанија во просторот од северна до јужна Албанија, Епир, Стара (Јужна) Србија и делови на Македонија до Воден (на југ), со центар во Охрид или Битола.

Плашејќи се од негативните последици од желбата за голема Албанија, рускиот конзул во Призрен И. Јастребов во опширниот извештај од 5 јули 1879 год., покрај другото укажува дека: доколку на Албанската лига и на Призренскиот комитет им се остави можноста за реализација на нивните апетити "... на словенскиот свет ќе му се нанесе голема неправда. Тогаш Црна Гора ќе треба да престане да мечтае за тоа дека нејзините граници треба да стигнат до Дрим; Србија ќе треба да се прости од Стара Србија. Призерен, Дечани, Ипек, Качаник, Приштина и сето Косовско Поле ќе станат дел од Албанија. Македонија исто така ќе мора да се лиши од голем дел од своите словенски (западни) населби во корист на споменатово Албанско кнежевство".

За демографскиот бум на албанското население во Македонија, односно за проширувањето на сферата на влијание, многу указателна е споредбата на резултатите од последниот државен попис на населението во Р. Македонија со пописот од 1912-1913 год., објавен 1920 во Париз, според кој во Полог (во Тетовско и Гостиварско) имало 43.230, во Дебарско 33.375, во Битолско 14.400, а во Скопско само 13.240 Албанци (Селишчев го цитира Ј. Иванов).

Барајќи поткрепа за своето тврдење дека немал дел од западномакедонските населби станале албански во поново време, односно дека се работи делумно и за албанизирани Словени (читај "Македонци") , проф. Селишчев ќе истакне: "Документирани податоци потврдуваат дека некои пунктови во Западна Македонија станале албански во текот на 19. век, или дури во последните децении од односниов век. Такви потврди наоѓаме, напр., во поменик од дебарскиот манастир Јован Бигорски, поменик исполнет со имиња на дарители од крајот на 18. и од првата половина на 19. век, што потекнуваат од многу дебарски села, од кои некои сега се јавуваат како муслимански (албански), имено во споменатиот манастирски поменик како дарители се запишани словенски, македонски имиња: Богоја, Волче, Огнен, Безцена, Славка, Билка, Цвета и мн. др. Такви дарители имало конкретно и од западно-дебарските села: Халајбеговци (Милош, Петро, Сорбин, Ѓорѓо, Невено), од с. Блато (Божо и др.) , исто така од с. Коњари и Баланци (на југ). Сега се тоа албански села (тоа "сега" се однесува на дваесеттите години од минатиот век). Имало дарители и од Голо Брдо: од с. Вичишта (Јадро, Богдан, Волкуш, Торпко, и др.), од с. Голевишта (Огнен,Сорбин, Стојко и др.). И овие села се сега албанско-муслиманск и".

Не без значење за аргументацијата дека албанските села во Горна Река порано биле македонски населби се наводите на Селишчев за присуството на повеќе македонски фамилијарни имиња на -ов (-ев) кај "сегашните Албанци" (како што вика тој): Билбилевџ, Лазаревџ, Уковџ (потписи на жители од 40-50 г. од 19. век); натаму фамилијарни имиња кај жители од с. Кракорица: Красовит, Томовит (формантот -т) претставува елемент на членот за множина во албанскит јазик; во с. Бродец има регистрирано и фамилијарни имиња со суфиксот -овци (-евци) кај "албанското" население: Кузовци, Поповци, Ивановци (се разбира дека се работи за податоци до кои можел да дојде Селишчев во периодот кога ги вршел истражувањата) . Освен од споменатите поменици од манастирот Јован Бигорски, авторот наведува и др. писмени извори според кои "... во 30-50 години на 19. век во Горна Река с#уште се држел словенскиот (македонскиот) збор., пр. во списокот на менторите што го потпомогнале материјално изданието на книгата "Утешение грешним" од Кирил Пејчиновиќ (1831) се споменуваат горнореканци од селата Врбен, Грекане, Сенце, Беличица.

Од историски аспект Селишчев наведува, врз основа на пишани документи повеќе случаи на словенските називи на места што постоеле во минатото, иако денеска не се среќаваат (некои села биле разурнати, други биле преименувани со албански имиња, од трети населението се отселило и сл.). Така според документ од 13 век (1273 г.), Карло Први му го подарил на севастократорот П. Гропа селото Зуадигориза (= Света Горица) во Деволскиот крај. Во 1368 г. во грамота дадена на дубровчани се споменува топонимот Широкиј Брод (покрај местото Леш). За разлика од словенските топоними, што ги има (како што рековме) низ цела Албанија, од морскиот брег па на север до околината на Скадар, албански називи на места наоѓаме многу малку, ориентационо, според Селишчев, на 40 словенски називи доаѓаат само 4 албански, инаку, вкупно во книгата на Селишчев има околу 1.200 топоними со словенски корени. Овде треба да истакнеме дека се среќаваат и албански имиња на места што претставуваат превод од постари словенски имиња, пр. словенското име (топоним) Чљрна Гора е заменето со албанското Мали и зи, или словенското име на планината Суха Гора е заменето со Мали и ват, или во поалбанчената Горна Река словенизмот Бродецљ е заменет со албанското Вау.

Македонски зборови што ги употребувале Албанците​

Интересен и важен е податокот изнесен од Т. Смиљаниќ според кој во споменативе села останале во употреба голем број словенски (македонски) лексеми од селското стопанство и домашната економија (називи во врска со куќата, облеката, од фамилијарните односи и др.), сп. гражд 'просторија за добици'; дома, скривница 'помошна просторија за оставање ствари'; гати 'покрив на куќа' (Селишчев објаснува дека формантот -и претставува елемент од членската морфема на албанскиот јазик за м. род, едн); стројник 'сват' - според Селишчев (?), во други мак. говори: 'тој што посредува при склучување на брак', колач, гајник 'врвка за стегање на панталоните' , кожуф; рогозина 'направа со која се постила подот, направена од рогоз'; трем 'покриен дел пред куќата', брана (= земјоделска направа за влечење на изораното), стсл. брана, рус. борона; верига (= метални алки, поврзани, синџир закачен над огништето), стсл. ве-рига; завор (= дрво со кое се потпира вратата ноќно време), во називот се чува првичниот кор. вор-, вр- (сп. чеш. ѕав5ено = затворено), потоа коренот се проширил со формантот -т- од префиксот, сп. затвори, в. и буг. заворка; черен 1. 'дршка на нож'; 2. 'синџир што виси над огништето за кој се закачува котлето со вода' , стсл. чрѕнљ, рус. черен, черенок.

Кажаното за високиот степен на меѓујазичните контакти, евидентно се заклучува, освен со позајмените зборови и со број ните лексички единици (во албанскиот јазик) во кои среќаваме образувања според словенски модели, односно се забележува присуство на продуктивни словенски (македонски) суфикси: -ник, -ец, -ица, -ка, -иште. Сп. : фисник 'благородник' (фис=род); бес-ник, бесШтар 'свршеник, тој што дал збор, беса'; рап-исте 'место со високи дрвја, платани' (рап = платан, чинар) и мн. други.

Се разбира дека најголемиот број позајмени зборови во едниот или во другиот јазик имаат навлезено во периодот на двојазичност, кога населението се служело со двата јазика и така се доаѓа до т.н. "јазична интерференција" кога говорителот не е во можност да ги држи одвоено двата јазика.

Првите записи за контактите меѓу македонското и албанското население​

Независно од аргументот дека енормното зголемување на албанскиот етнос во Македонија претставува специфика на последните неколку векови, сепак за волја на вистината треба да се истакне дека "Словените" (т.е. Македонците) се среќавале и стапувале во контакт со Албанците во (денешна) Албанија и Северна Македонија уште од 11-13 век". Тоа се потврдува и во еден крисовул од кралот Милутин, датиран околу 1299-1300 г., во кој пишува: "И секој што ќе дојде на тој панаѓур (станува збор за панаѓурот што се одржувал во ноември, во манастирот Св. Ѓорги, во близина на Скопје), било Грк, било Бугарин, или Србин, Латин, Арбанасин или Влав, да даде законска давачка (такса) исто како што даваат во Тетово, во Грачаница и во сите други цркви". Во документ од 14 век, исто така се споменуваат Албанци и Власи во областа Полог. Имено Стефан и Душан на Тетовскиот манастир му ги подариле шумата и пасиштата во Нови Дол. При тоа ктиторите нагласуваат дека подареното не смеат да го користат ниту одговорниот за планинските пасишта, "ниту Арбанасин, ниту Влав". Понатаму Селишчев наведува: "навистина називот Албано-(нум) или Арбанон(-ум) се споменува во длабоката древност (кај Птоломеј, Геогр. 3/13), но потоа во текот многу векови не се споменува тоа име (Арбанон-ум), иако се случувале важни собитија на територијата на Албанија". Сепак додава Селишчев: "Древниот "Албанон" не мора безусловно да потврдува дека таму живееле предците на денешните Албанци, бидејќи називите со Алб- (Албион, Алба) се нашироко распространети во Европа".

Тематски преглед на македонските имиња на места во Албанија​
 
Селишчев словенските (македонските) имиња на места ги дава по тематски групи, со нужните објаснувања, често пати и со етимолошки толкувања:

- називи според општиот вид на пределот: Горица, топоним што се среќава многу често, го има на повеќе места, од него е изведено и името Корча (преку грчка и турска варијанта), сп. уште топонимите: Чука, Брег, Просека;

- називи на места според положбата кон друг предмет: Подбрегја, Подгора, Подгорица, Загорјани;

- називи на длабнатини (пр. во карпи): Пешчера, Пештер, Дупјак, Корито;

- според формата и надворешниот изглед: Остравица 'место со остри камења', Плешевица 'рамна страна на рид', Штрбец (сп. штрб = без заби), Крстец 'место во форма на крст', Главеница (сп. "глава"), Тупец (сп. туп - опп. на 'остар');

- називи според геолошкиот состав: Бигори 'место со камен бигор', Каменик, Камјани 'место со многу камења', Плоча;

- имиња на рамни места, полиња: По(л)јани (во близина се руините на античкиот град Аполлониа; постои можност "Словените" да го поврзале со својот збор "полјана"; Долина, Ливада, Доланец, Ложани;

- називи што на некој начин се поврзани со поимот 'вода': Водица, Водовисти, Блаца, Блаче, Мокра, Мочуриште, Мочани, Слатина, Извори, Пароја 'место каде што доаѓа вода кога има дождови';

- називи на места изведени според името на некоја соседна река: Задрина 'место од левата страна по долниот тек на р. Дрим', Зареч 'место зад река';

- називи на места според односот кон сонцето: Сениште, Сеничани 'места во кои тешко допира сонце', со исто значење Осоја; обратно, место изложено на сонце: Присојани;

- називи во врска со флората: Бук, Буканик, Бужко Поле 'шума со букови дрвја', Боровјан, Борич, Борова 'место со борова шума'; во непосредна врска со дрвото 'бор' стои називот 'смола' (таа - смолата, се собира од борот), сп. називи: Смоленик, Смолика; Церова, Церцка (изведени од називот цер = даб), Коштан, Костења (сп. 'костен'), Дивјак (= дрво со див овошен плод); Бресник, Брештани (сп. дрво 'брест'), Тополово, Тополјца (сп. дрво 'топола'); Врбен, Голо Врбјани (сп. дрво 'врба');

- топоними добиени според имиња од животинскиот свет: Жабјак, Жабокика, Раковец, Волковија;

- називи добиени според бојата: Галиште 'планинска месност', Галица, Галичица (Селишчев како можност допушта од гал = црн); Белица, Белева (реки - називот добиен според бојата на водата), Морава (име на река според модрата боја на водата), Чернава (име на река според црната боја). Називот на планинската област Черменика според Селишчев е добиен според бојата (црвена) на карпите, така е добиено и името на селото Червени.

Архаизми зачувани во месните имиња​

Веќе рековме дека топонимите се петрифицирани називи, дека се предаваат од генерација на генерација во одредена форма којашто не трпи промени, тоа уште повеќе важи за имињата на места од периферните говори. Така во споменатите топоними запишани од рускиот проф. Селишчев во Албанија среќаваме извесен број архаизми што не се обични за апелативната лексика, односно што ретко се употребуваат, сп.: Брод, Бродец 'плитко место в река, згодно за поминување' , стсл. бродљ, сп. рус. бреду 'бавно се движам'; стариот збор 'брдо' во апелативната лексика често е заменет со 'рид', меѓутоа се чува во топономастич ката лексика, Селишчев запишал: Брдица, Брждан, Страдобрда, стсл. брљдо, укр. бердо 'стрмнина'; истото важи и за топонимот Могила 'подигнато место', Беле Могиле, стсл. могѕла, во рускиот се јавува со значење 'гроб', стариот збор рупа во секојдневниот говор ретко се слуша, односно е истиснат од зборот 'дупка', но во топонимијата тој с# уште егзистира, сп. име на место во Албанија Рупани, сп. слов. рупа 'дупка во која се губи поток', архаичниот збор сад со значење 'градина, овоштарник' Селишчев го регистрирал во топонимот Садовица, сп. рус. сад 'нива засадена со овошни дрвја, цвекиња'; топонимите Хелм, Хелмица (= височинка, рид) го содржат старословенскиот збор хлљмљ, кој што во секојдневниот говор не се употребува.

Селишчев наведува и називи, топоними што ги користеле "Словените" (Македонците) , а имале турско потекло, сп. име на рид Шимшир (бот. Буџус, тур. ШемШир = име на растение), или име на село Сердари (според тур. сердар = началник); еве еден случај на двокомпонентно име (сложено од словенизам и турцизам) Гора Топ (сп. турц. топ = грутка, топка). Овие примери потврдуваат дека Словените (Македонците) долго време ги имало во Албанија - и по затврдувањето на турската власт (15 век).

За влијанието на албанскиот врз македонскиот јазик​

За обратното влијание: од албанскиот врз македонските говори во Албанија, исто така може да се наведат примери, и тоа надвор од обичното позајмување на лексеми, што укажува на поголема степен на контакти. Селишчев открива едно такво влијание во фонетиката на македонското село Радожда (се наоѓа на западниот брег на Охридското Езеро), каде што наместо старословенскиот глас "он" (и во други случаи) наоѓаме специфичен изговор со широко е (се реализира на кај а). Изговорот широко е во Радожда упатува (според Селишчев) на глас со таква артикулација во албанските говори, конкретно во елбасанката регија. Значи, според него, западноохридското широко е не би требало да се разгледува изолирано (за споменатава карактеристика на говорот во Радожда може да се допуштат и др. толкувања). Се разбира дека најголемиот број позајмени зборови во едниот или во другиот јазик имаат навлезено во периодот на двојазичност, кога населението се служело со двата јазика.

Освен во фонетиката се забележуваат позајмици и на морфолошко ниво, имено меѓу македонските топоними што ги наведува Селишчев од Албанија го забележивме и двочленото име Беле Могиле во кое се зачувала , односно се доразвила некогашната множинска наставка -е (< -џ), од меката промена кај именките од женскси род. Вакви примери (со присуство на наставката -е кај именките од женски род) се среќаваат во Дебарско (с. Жеровница), во северните говори и во југозападните. Појавата во северните говори се објаснува како заедничка црта со соседните српски дијалекти, за дијалектот во Жеровница се допушта контакт со говорите во Призренско, додека за југозападните, како и за оние во микротопономастич ката граѓа во Албанија, ваквото влијание е исклучено, овие дијалекти биле "... несомнено повлијаени од албанскиот (и ароманскиот) , во кои во множината кај придавките и заменките имаме противставување на формите за женски имашки род. Морфемата -е со тоа била потсилена како знак за женски род и затоа можела да надвладее над морфемата -и од тврдата промена што останала како знак типичен за машки род" (според Бл. Конески).

Извор:
http://groups.yahoo.com/group/MacedonianMediaMonitor/message/12942
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom