Но, недоличната хајка против него не е затоа што некој сака да ги оспори неговите тези (тоа се знае како и каде се прави), туку од сосема поинакви мотиви.
Е,тоа е она што лично ме гневи.
Ме гневи што за сосема други интереси и агенди (а, не затоа што некој сака да не заштити од "словенизација" и соседската злоупотреба на тезите на Блажевски) се врши јавно валкање на МАНУ, преку ликот на Блаже пред се, кое само ни штети на нам Македонците.
Штом еден Анастас Вангели (Вуна)- кој е полтрон на полтроните од типот на Платформистите- добива насловни на весници, за да плука по Блаже, јасна е работата, и јасно е која машинерија е во игра.
Патем, за среќа, последен пат кога проверив не бев морон, па јасен ми е spinot со шќиптарите и остало...исто како што ми е јасен овој "лов на вештерки" кој се врши врз МАНУ и Ристовски. И јасно ми е како ни штети. (а, да не зборам дека, чисто човечки, недолично ми е да се плука вака врз академик, без разлика на дискутабилноста на неговите ставови...особено затоа што тоа јавно го прават гниди од луѓе).
Конечно, поентата ми е дека не треба да дозволуваме вака јавно да се деградира МАНУ, затоа што тоа, подоцна, ќе значи и наша деградација. Уште помалку треба да ја демонстрираме нашата разединетост по вакви прашања.
Да се контрира ставот на Ристевски околу славјанството, да се тргне тој став од енциклопедијата и сл...бујрум, тивко и без рефлектори, како што се прават тие нешта.
Но, никој очигледно нема таков интерес.
Други, подли агенди, преку овој целокупен јавен срам и аферичка за дефокусирање на раја, се реализираат. Тоа е проблемот.
П.С
Баш да видиме кој сега ќе го пишува делот за Македоницте, во рециклираново издане, и каква разлика ќе има.
Све ми кажуе никаква.
И све ми кажуе дека единиот проблем не лежи во Ристовски.
Он е само едно жртвено јагне. И тоа де факто не е во ред.