M
miss Lebedica
Гостин

Ресаната е кружен бисквит со дијаметар од 5,4 сантиметри и се состои од три слоја: воздушеста база од тесто, слој од желе и прелив од темно чоколадо.
Во СФРЈ, фабриката во Црвенка, Србија започнува да го произведува во 1976 година, но таму е познат како Јафа бисквит. Во Македонија, овој ненадминат десерт ни го подари Агроплод од Ресен во далечната 1979 година. И ден денес произведува над 10 тони ресана дневно кои завршуваат во нашите усти.
Постои во три вкуса: неизоставниот портокал, малини и цреши. Во меѓувреме се појавија неколку обиди да се направи овој бисквит, но сите се само бледи копии кои се секогаш бајати, додека желето има вкус на гума.
Популарноста ја стекна веројатно поради фактот што претходно не постоеше ниту еден бисквит од ваков тип. Сите беа некакви колачи со две теста полни со маргарин, меѓу кои имаше фил од какао или нешто слично. Или пак чаени колачиња и наполитанки кои личеа како јајце на јаце. Особено во лошиот вкус. Појавувањето на Ресана за сите нас беше подарок кој никој не го очекуваше. Подарок кој и денес со задоволство го консумираме, без оглед на возраста. Сигурно голем дел од нас сѐ уште ги паметат незаборавните екскурзии во Ресен и фабриката Агроплод, каде можевме да пробаме буквално сѐ. А, најмногу Ресана. Не знам за вас, но мене тие екскурзии ми остана во навистина пријатно сеќавање.
Интересно е дека и младите генерации ја открија оригиналноста на овој производ и му стануваат верни.

сите ги знаеме добро овие колачиња кои се навистина огромна зараза и со неповторлив вкус, па повелете коментари!



