Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 184 47,1%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    391
Член од
14 август 2006
Мислења
45.364
Поени од реакции
84.593
Многу интересно. Ќе си дозволам мала парафраза, колку да си разјаснам, а ти можеш да ме поправиш ако грешам, за да сум сигурен дека правилно сум те разбрал.

Он е еден, ама не е еден него се тројца, кои се еден без да може да се повлече равенство, иако се сите тројца еднакви у ствари, само што не се исто!

Мојата религија е монотеистичка, пошто бог си има само еден, кој се всушност тројца, ама само за некое време, пошто Исус не беше отсекогаш, него е ИНКАРНАЦИЈА која не е самиот бог иако е еден дел од него кој не е скроз цел дел него, туку е он самиот кој не е само Исус него има и свет дух.

Многу концизно, кратко и јасно. Со еден збор ова се вика МОНОТЕИЗАМ.

Дали сум во право?
Па според мене, не можеш да ставиш знак еднакво помеѓу Таткото и Синот. Знакот Еднакво подразбира потполна, 100-процентна идентичност. Сите три се едно, една целина. Секој од нив е еден аспект на тој Еден Бог. Друг нема.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

Ако се три (3), тогаш како може да се еден?!? Како е тогаш ова поразлично од Хинду тројството?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Па според мене, не можеш да ставиш знак еднакво помеѓу Таткото и Синот. Знакот Еднакво подразбира потполна, 100-процентна идентичност. Сите три се едно, една целина. Секој од нив е еден аспект на тој Еден Бог. Друг нема.
Според мене од друга страна, забавно е какви интелектулани и вербални вратоломии мора некој да изведува за да одбрани елементарна глупост, насилно накалемена на христијанството неколку векови по неговото настанување. Не те фаќа смеа или пак срам кога вакви работи треба да пишуваш?

Каков црн аспект? Не со тоа својства (аспекти) на една иста личност, туку две личности + светиот дух кој не знам од каде долета во равенството.

Да се разбереме, од кога Исус на крстот му се обраќаше на татко му, секој обид да се нарече таткото и синот едно, е да се обвини Исус за шизофренија. Ова се разбира од мојот скромен инкарнатски светоглед, не можејќи да ја сфатам премудроста на света тројца.

Мојот совет, не се резилете со интелектуална проституција.

--- надополнето ---

Не си во право бидејќи ако се погледне низ призмата на духовната логика...:pop:
До кога со овие световни, профани логики а? :)
Точно така, се додека не ја прифатиме премудроста на духовнота логика на Мики, ништо нема да разбереме.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не е баш толку битно да сфатите сега.
Како компарација, хиндуизмот не се смета за монотеистичка религија иако има еден апсолут - Браман, од кој се е дел, и 300 -те милиони богови се различни аспекти на манифестирање. На пример Шива е аспектот кој уништува, Вишну е оној кој создава....и слично! Но оваа религија се смета за политеистичка а христијанството за монотеистичка, што е разликата?
И кај хиндуизмот постои апсолут од кој се е дел.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не е баш толку битно да сфатите сега.
Благодарам, сега ми е полесно.

Знаеш, ти за разлика од Мики ми делуваш интелегентно. Толку ли е тешко да се живее без интелектуално понижување? Верувањето во еден кој се тројца и обратно е токму тоа, понижување. Логиката е оваа, Кажете ми што сакате, ќе проголтам било каква глупост, затоа што САКАМ да верувам. Толку ли ти е тешко да живееш без вербата во задгробниот живот?
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Па според мене, не можеш да ставиш знак еднакво помеѓу Таткото и Синот. Знакот Еднакво подразбира потполна, 100-процентна идентичност. Сите три се едно, една целина. Секој од нив е еден аспект на тој Еден Бог. Друг нема.
Joey Jo-Jo пријателе! Ова не е учењето на Исус ниту Божјото Откровение. Ова е само обид којшто се повторува низ историјата на сите оние кои го прифатиле увезеното Тројство во христијанството.

По ова прашање Словото е јасно:

„Чуј, Израелу! Господ е наш Бог, Господ е Еден!“ (Второзаконие 6:4)

„Јас Сум Господ и нема друг; нема Бог освен Мене.“ (Ис. 45:5)

„Нема друг Бог освен Единиот.“ (1 Кор. 8:4)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.364
Поени од реакции
84.593
„Чуј, Израелу! Господ е наш Бог, Господ е Еден!“ (Второзаконие 6:4)

„Јас Сум Господ и нема друг; нема Бог освен Мене.“ (Ис. 45:5)

„Нема друг Бог освен Единиот.“ (1 Кор. 8:4)
Немам никаква замерка за ова.

Благодарам, сега ми е полесно.

Знаеш, ти за разлика од Мики ми делуваш интелегентно. Толку ли е тешко да се живее без интелектуално понижување? Верувањето во еден кој се тројца и обратно е токму тоа, понижување. Логиката е оваа, Кажете ми што сакате, ќе проголтам било каква глупост, затоа што САКАМ да верувам. Толку ли ти е тешко да живееш без вербата во задгробниот живот?
:pos2:Grohotom se smijem!
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Како компарација, хиндуизмот не се смета за монотеистичка религија иако има еден апсолут - Браман, од кој се е дел, и 300 -те милиони богови се различни аспекти на манифестирање. На пример Шива е аспектот кој уништува, Вишну е оној кој создава....и слично! Но оваа религија се смета за политеистичка а христијанството за монотеистичка, што е разликата?
И кај хиндуизмот постои апсолут од кој се е дел.
Ваљда тоа што во христијанството различните аспекти не се богови, него тројцата и светците :toe:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ваљда тоа што во христијанството различните аспекти не се богови, него тројцата и светците :toe:
....и ангелите (сите редови) и архангелите, нефилимите и Луци со дружината, нели, + Баал и Ашера...

Ептен монотеистички.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Хаха темава мислам дека е за во канта... Како може да напишеш што е Исус Христос и одоздола поткрепено со докази..

Како прво сигурен доказ нема.. Библијата не се знае од кој е напишана а во неа има и многу нереални работи..
како второ најдимити доказ како земјата настанала?
Мислам сосема смотани работи пишувате.. Секој верува во господ без разлика како е наречен,или за која религија станува збор.. Но да не навлегувам повеќе не ми се свиѓа темава..
 
Не верува секој во бог. Многу луѓе не веруваат во бог.
 
Gunner_L

Lord , Lord Bendtner
Член од
7 април 2009
Мислења
922
Поени од реакции
500
Исус е измислица на слабоста на човековиот ум за разјаснување на некои поими , појави и нешта со тоа си го олеснува живеењето , искрено и јас не сум ниту верник ниту неверник .. нешто помегу , можеби поради годините , можеби е поради околината и лугето , верувам дека ги има такви и многу други :)
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
511
Поени од реакции
131
Многу е смешно што една религија (исламот) која е во основа препишана од една постара религија (христијанството) сега се потсмева на христијанството само поради глупоста за светото тројство...

Кома.

Веројатно христијанството и си го заслужило тоа, и сега се прпелка да докаже дека Исус бил Бог. Смејурија...
Многу ми е забавно кога си докажувате едни на други со цитати од библијата и од куранот на кој му е подолг, да живее верската толеранција. Овие теми само го докажуваат мојот увид, дека за прифаќање на било која монотеистичка теологија која постулира семоќен бог, потребна е една доза на тупавост и духовен мазохизам...
ako sakas da komentiras za islamot podprocitaj malce a ako ne nemora i ti samo citajsi ko mene jas ne sum dovolno zapoznaet so hristijanstvoto i ne pisam nekoi lagi so mi padnale na pamet istoto go ocekuvam od tebe dokolku imas nekoi fakti dokazi poveli
 
Kajgana Shop

На врв Bottom