Ете видиш, токму на ова целев. Зошто бараш од мене доказ дека Исус воскреснал, кога ти ни самиот не знаеш каков доказ бараш и што и да ти наведам како доказ тебе нема да ти се допаѓа и ти нема да го вреднуваш. Го насетив тоа кај тебе и затоа те прашав каков доказ бараш, кој доказ би бил легитимен за тебе, па откако ќе се сложиме за тоа, дури тогаш да почнам да наведувам такви докази, а не вака залудно да наведувам докази.
Но како што гледам никаков доказ нема да те разубеди во твојата вера дека Исус не постоел, а со тоа ниту умрел, ниту воскреснал. Кога ќе се ослободиш од таа предрасуда, повели прашај и пак ќе правиме муабет. А до тогаш залудна е секаква дискусија со тебе. Поздрав.
Вака другар,
прво тибараш доказ дека тој воскреснал, јас знам дека не воскреснал, мене лично за тоа не ми треба доказ, но барам од тебе доказ да ми го потврдиш фактот што ти го тврдиш за да се уверам во твојата верба, исто како што знам дека можеш на гравчиња ко од пушка да ми докажеш дека 2+2=4, али гледам дека немаш доказ, така да тоа е тоа, живеј во заблуда.
Второ, јас немам предрасуди ниту кон Исус ниту кон христијанстовто, ниту кон било која друга религија, ги прифаќам такви какви што се, и сум свесен за фактот дека нивната улога, кога требало, тие си ја завршиле, и со тоа нивната приказна е туто финито. Да имам предрасуди, јас од нив би се плашел (бидејќи тесна е врската помеѓу предрасудата и стравот, ај да не пишувам реферати за тоа, нема смисла), па со оглед на тоа дека не се плашам, немам предрасуди.
и
Трето, ти си тој што има предрасуди, па погледни ја прво сопствената полемика што ја водиш со ал-кевсер, се убедувате и двајцата, а посебно ти, во нешто што е излишно и непотребно. Во науката како што убаво ти пиша Дбек, нема место за предрасуди, а во религијата да, а зошто? затоа што религијата нема научна основа и не може да се поткрепи со цврсти факти. Според тоа, јас отворено ти кажувам дека сум атеист, па ај ако сакаш и агностик, и не подлегнувам под предрасудите што религијата во себе ги сноси. А со оглед на тоа дека ја прифаќам науката, отворен сум за секаква полемика на научна основа, а да бараш, ко што бараш факти за постоење на бог, на исус и сл исл. Тоа е безсмислено затоа што религијата не познава факти и докази, тоа е како да ти кажам, фантастика.. Уф ,, бараш нешто што не постои.. тоа ти е.. жалам... сфати ме како сакаш, ама ова најдругарски и најбратски ти го кажувам, а изборот е твој...