Хендикепираноста и предрасудите

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Локација
Скопје.
За љубопитните.....
" Тоа лето сакав да бидам сама.... Решив да отидам во Охрид на две недели и да се одморам од се. Од динамиката во која живеев. Работата, луѓето, притисоците, од Скопје воопшто. Во ред од Скопје не велам дека не се одмарав често, шетајќи низ свет, меѓутоа тоа лето буквално сакав да се одморам од авиони, гужви на аеродроми, фри шопови, промена на временски зони... Посетата на Сингапур и Малезија, три месеци претходно, ми беа доволни за задоволување на мојот авантуристички дух.. Барав спокој кој неопходно ми требаше. Го наоѓав одново и одново во енергијата на овој древен град која ја зрачи заедно со езерото околу него....
И денес се смеам неверојатно беше за тоа дека понесов 5 книги за читање. Но не ни ги допрев.....
Се радував на испланираното патување во Индија, да ја почуствувам земјата на Буда, во октомври што доаѓаше. Ги чекав монсуните да заминат од таму. На моето враќање кон Скопје, и покрај прекрасното августовско попладне ме пречекаа некои други ветришта, ги прекинаа сите мои идеали, планови, Индија, мојата долгогодишна љубовна врска, работата во мојата омилена туристичка агенција, кафулињата, прошетките покрај Вардар.....
Откако се случи сообраќајната несреќа дотрчаа луѓето од околните куќи да ми помогнат. Не плачев, не се исплашив, не бев свесна за повредите што ги имав. Бев сеуште топла и не чувствував болки. Ме извлекоа од колата и ме положија на трева, чекајќи ја брзата помош.
Додека лежев, ја почуствував топлината на земјата, ги положив дланките на неа и си помислив колку убавина и енергија има во толку "едноставните работи".
Набргу со судни маки ме ставија во кола, затоа што брзата помош ја немаше и ме однесоа во болница.
Беше тоа 16ти август 1987 во 16.30.
Од болницата излегов на 30 април 1994.
Останав со трајна парализа на моите две нозе.

Имам потреба уште нешто да кажам.... Имав голем круг на пријатели и познаници и пред несреќата. Повеќето се сега важни личности во речиси сите области на ова наше општество. Сега ги нема.... Размислував долго време зошто е така. Не наоѓав вистинска причина освен заклучокот дека можеби јас сум ги сметала за пријатели, во вистинско значење на зборот. Не им бев потребна "ваква". Moжеби им го нарушува "имиџот" што самите си го создале во главата. Во секој случај ниту размислувам, ниту ми се потребни. Нека се носат со нивниот лажен имиџ и кловновската претстава за нивната величина. Впрочем, животот е вечна промена......

Сум сретнала многу хендикепирани, ама и нехендикепирани лица, затворени во некој свој свет на тага, несигурност, со чувство на безизлезност, затворени во четири ѕида, оковани од своите комплекси.
Една пријателка која е исто така во количка срамежливо ме праша:
Не ли ми е срам, додека шетам низ градов, многу од луѓето ме загледувале
?! "

Зошто кога ќе видат повеќето од луѓето хендикепиран вртат глава, во прашање се предрасуди, комплекси или ...?
 
Мацо не ти го прочитав цел пост, ме мрзеше :)

Види, луѓето вртат глава, пошо мислат дека хендикепираните не се достојни за нивниот поглед, или внимание. Тоа ти е една лоша особина што повеќето луѓе ја имаат во себе, а не сфаќаат дека разликата меѓу нормалните и хендикепираните не е голема, сепак сите сме луѓе. Имам хендикепирани другари, и немам предрасуди, и тие знаат да бидат другари како и некој што не е хендикепиран, знаат да почитуваат да советуваат, па има дури некои што се попаметни од нас, а не се фалат.

Од друга страна, хендикепираните, ради тоа што секогаш луѓе им вртат глава, имаат комплекси набиено, затоа и се повлечени, затворени во себе, немаат храброст да е искажат, поради тоа што мислат дека ќе бидат исмејувани, мета на ремет и слично, што и во главно ќе се случи со повеќето смртници што немаат почит кон човек, а не пак кон хендикепиран човек. Тоа им ја убива храброста за социјализација со луѓе од за нив различен калибар, па најчесто кругот на пријатели им се хендикепирани луѓе, со нив се поопуштени, пошо знаат низ што прошле и обратно.
 
Незнам зошто луѓето имаат такви предрасуди кон хендикипираните лица, па и тие биле нормални луѓе кои за жал имале таква судбина да физички се онеспособени а сепак се нормални луѓе како сите други.

Истото важи и за психички хенидкипираните лица кои се стварно многу чуствителни и не заслужуваат да бидат третирани така од општеството бидејќи се мирољубиви и не знаат за омраза.

Луѓето ќе разберат ако во своето семејство или некоја личност што им значи е хендикепирана (на никој не му го посакувам тоа) какви се всушност тие лица.
 
одличен вовед,но види вака за жал има луѓе кои хендикепираните ги гледаат како товар на општеството...како непродуктивни а трошат...нешто налик фашизам..

јас би рекол поповите во џипови се непродуктивни ама ај....
 
Зошто кога ќе видат повеќето од луѓето хендикепиран вртат глава, во прашање се предрасуди, комплекси или ...?
Пред се е суеверие.
А самото општество ги третира овие лица како непотребни.Во нашево општество е доволно тешко за млад и здрав човек да направи нешто,не пак хендикепиранте.
Тука и медиумите имаат голема улога со игнорирањето на овие лица кои ги има 110.000 во Македонија.Да не зборуваме за целосното отсуство на било каква инфраструктура кој би им помогнала колку толку во секојдневниот живот.Затоа имаме споменици од милиони евра.
Имаме `борци` за правата на животните,за ѓејојте и многу други слични организации кои добиваат несразмерно повеќе простор отколку хендикепираните лица.Тоа се отсликува и на вакви теми на форумов каде на тема за ѓејој или за кучиња скитници имаме иљадници постови а на теми од овој тип - неколку...

На вакви прашања може да се види свеста во едно општество и каде се приоритетите...
 
Зошто кога ќе видат повеќето од луѓето хендикепиран вртат глава, во прашање се предрасуди, комплекси или ...?
Прашање што си го имам поставено многу пати досега...
Ако со "вртат глава" мислиш да го погледнат, тогаш мислам дека не го прават тоа со некоја посебна намера, туку едноставно човековото око веројатно лоцира и посебно внимание им обраќа на невообичаени нешта, нестандардни. Знаеш, јас вртам глава и по девојка со здрав гз и по хендикепиран, ама тоа не би требало да значи дека имам предрасуди према неа. Едноставно на пат по пазар поминувам покрај 100 гзови просечни, не ги ни забележувам многу многу, значи нема вртење на глава, и оп една што ми крши просек.
Така барем јас го сваќам тоа :toe:
Е сега, јас ич не сум миленик да зборам за општество зимајќи поединци како пример бидејќи тие се секогаш тука за да заебат правила, и ги има во двете страни.
 
Немам предрасуди ни комплекси, но признавам тешко ми е кога ќе погледнам некое лице кое е хендикепирано и во истиот момент умот и погледот ги насочувам кон друго. Можеби зошто не сум навикнат на тоа :toe:
 
Вртам глава зашо сметам дека е непристојно да се загледуваш во хендикепирани луѓе..Не е уреду, може им смета..
 
не е само предрасудите од останатите кон хендикепираните ...
и самите хендикепирани си набиваат комплекс, самата перцепција која и тие ја имаат кон останатите им се менува и самите мислат само дека кон нив има предрасуди ... не дека нема .. но само сакам да укажам дека проблемот е двонасочен ...
 
Си доживеал некое хендикепирано лице да те погледне и да ја сврти главата онака со надменост?
 
Па прво ќе ги погледнам а потоа да најчесто ќе завртам глава. Па и сметам дека е непристојно да гледам долго во нив. Всушност така гледам и сосема нормални здрави луѓе и хендикепирани, ги погледнувам и си вртам глава и гледам нешто друго.
Значи и непристојно е ако ги зјапаме хендикепираните, а и непристојно е ако свртиме глава. Всушност тие се поретки луѓе, значи не се како секој останат човек што ќе го сретнеме и нормално е погледот да ни е насочен кон него. Па на што ќе личи ако го зјапаме постојано хендикепираниот? Веројатно ќе се почуствува непријатно.
А кога ги гледам чуствувам само тага, така да и не сакам да приметат дека ги сожалувам. Мислам дека тие не сакаат да ги сожалуваме, а јас и многу други баш тоа го чуствуваме. Навистина ми е жал што имаат некој недостаток, што не се комплетно здрави, жал ми е што немаат многу услови кај нас (како посебни патеки, лифтови ...) па слободно на одат на прошетки, жал ми е што многу луѓе од нив бегаат, жал ми е што не им се дозволува пример да работат ако се способни речиси никој не вработува хендикепирани луѓе итн. Значи тие освен што имаат недостаток за којшто нималку не се виновни тие и најчесто се отфрлени од општеството.

Али од друга страна сум видела хендикепирани кои кога ќе ги погледнеш имаат таков лут поглед ко во стил што ме гледаш не ли имаш попаметна работа?!? Тие луѓе не ја имаат прифатено својата мана, својот недостаток и се лути на целиот свет (што е нормално на почеток но потоа мора да се свати дека тоа е животот, тоа е реалноста). Е тогаш се чуствувам многу неубаво. Не сум виновна јас што мојот поглед баш кон него се насочил, не сум му виновна јас за судбината и многу често го вртам погледот од хендикепираните само за да не го увидам овој негативен поглед од нив...
 
Единствената хендикепираност која не кочи во животот е сопствената "хендикепираност" на мозокот.
 
Back
На врв Bottom