FlashForward

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
Само што ја изгледав, одлична беше пилот епизодава... само се надевам нема серијава да биде со години, доволно се до 20 епизоди :)
Сепак, серијата доста ветува :)
Инаку...
тој што се движеше кога сите беа исполегнати, многу наликуваше на таткото од повреденото дете... типацот кој ќе и биде љубовник на Оливија во иднината

Тој беше Чарли. Од Лост де
:)

Интересен почеток, доста CG искористено, да се надеваме дека и во наредни епизоди ќе се задржи оваа техничка страна на серијата.
 
Две прашања. Баш видов на имдб описот, вели
Everyone in the world will get a flash of their own future.

Дали е нешто налик на Heroes? На пример со она глупана изрека - We must save the world?
Или, гледал некој Fringe? Дали оваа серија има некакви допирни точки со неа?

Цело време се двоумам дали да ја спуштам првава епизода.
 
Две прашања. Баш видов на имдб описот, вели
Everyone in the world will get a flash of their own future.

Дали е нешто налик на Heroes? На пример со она глупана изрека - We must save the world?
Или, гледал некој Fringe? Дали оваа серија има некакви допирни точки со неа?

Цело време се двоумам дали да ја спуштам првава епизода.

Finge исто така малку ја гледаат. А за оваа, значи доаѓа до момент кога цела светска популација губи свест во времетраење од две минути и седумнаесет секунди. За тоа време, голем дел од луѓето "патуваат", т.е. нивната свест отскокнува 6 месеци во иднината. Го сфаќаат тоа, некои се исплашени, некои радосни што виделе. Некои ќе сакаат да го променат тоа што го имале видено во тој flashforward како го нарекоа.

Во меѓувреме, во FBI (aко не се лажам) на surveillance снимките на еден стадион, во времето на блекаутот забележуваат дека некој уствари се движи. Who the hell they are?

Ипак серијава не е ни малку налик на Fringe, ниту на Heroes, барем засега.

И Џимеј, дај ископирај го ова моево колку толку како вовед горе во постот на Joey, ова стварно на ништо не личи.
 
И Џимеј, дај ископирај го ова моево колку толку како вовед горе во постот на Joey, ова стварно на ништо не личи.
Не смеам да менувам мислење некому освен ако содржи спојлер па да го скријам. Негово право да пишува што сака во постот. Да, неразбирлив е ради Гугл транслејт, али јебига.:)
 
Дефинитивно ќе почнам да ја гледам според описот на Кискино. Прекрасна серија ми изгледа дека ќе е.
 
Две прашања. Баш видов на имдб описот, вели
Everyone in the world will get a flash of their own future.

Дали е нешто налик на Heroes? На пример со она глупана изрека - We must save the world?
Или, гледал некој Fringe? Дали оваа серија има некакви допирни точки со неа?

Цело време се двоумам дали да ја спуштам првава епизода.

Fringe ти е во стилот на The x-files. Сличности нема многу со FlashFoward. Оваа серија ако сакаш нешто слично да може да се земе The Dead Zone серијата ако ја имаш гледано само што наместо епизодна приказна имаш сезонска приказна (најслична според мене е со Инвазија особено во стилот на водење на приказната). Мистериите нема да бидат во стилот на Lost и ќе бидат центрирани на карактерите.

Колку ќе биде добра ќе се види иако јас не верувам дека ќе успее да ја одржи популарноста особено по првата сезона каде целиот заплет се рестартира.
 
Ја изгледав премиерата, импресиониран сум.
Многу ми се допадна, се надевам дека ќе продолжи вака. =D
 
Серијава делува надежно. Имаат интересна тема и приказна се надевам добро ќе ја разработат. Можи да се извадат најразлични сценарија. И се надевам нема да трујат многу како шо беше случајот со Лост
 
Јас мислам Чак Норис беше на стадионот! :)

Серизно сега, ветувачка серија.
 
Аааа првава епизода доста ветува, има акција, нешто заитригирачко, нешто ново и ептен мала доза на хумор. Едвај чекам да излезе наредната епизода :vozbud:
 
Original Air Date—1 October 2009, епизода 2 :vozbud:
 
Хахаха сега ми текна да спомнам, коа рече овој од FBI
" Has the pope chimed in yet? " Се скинав од смеење пред ПЦто :pos2::pos2:
 
Дефинитивно серијата ми привлече вниманиеи очекувам долготрајна дружба..
 
ајде ајде се повеќе и повеќе теми за time travel, destiny and stuff на филмскиве платна. можда и тоа е клучот кој ќе ни го отвори новиот свет во 2012 =]
 
ОК, ја гледав. Не ме воодушеви, ама не е ни лошо. Барам некоја серија да ги исполнам празнините кога нема LOST :), па мислам да и дадам шанса. Ќе ги гледам и наредните неколку епизоди, па ако ја бива, добро.

Инаку, почнува слично како LOST, (цената со падот на авионот/сцената со сообраќајката), но понатаму се гледа дека овде се работи за катаклизмички пропорции во кои сите луѓе на планетава ќе си ѕирнат во иднината (не е спојлер брзо се открива а и кажано беше). Крајот на првата епизода е добар и доста ми го поправи впечатокот.

Инаку, не сум сигурен во актерската екипа, не видов некој карактер на кој би го задржал вниманието освен Сулу од Стар Трек (да не му барам име сега ама тој е добар:) ). Главната улога ја има Џозеф Фајнс (брат на Ралф Фајнс), кој глумеше во Прашина на Милчо Манчевски. Ако влета Чарли наш во приказнава ќе биде и тоа како подобрување, зошто многу од овие што ги прикажаа на почетокот ми изгледаат како потрошен материјал.

Очекувам да покрене различни прашања, многу од истите кои ги има и во LOST (религиозни, паранормални, научни...), во принцип, пак ќе бараме одговор на прашањето дали иднината може да се измени или она што го видоа, ќе се случи. Уште да кажам дека оваа пилот епизода ја нема тензијата на пилотката од LOST, и тука ќе завршам со понатамошни споредби помеѓу двете зошто очекувам нешто поинакво.

Тоа е во глобала, вреди да се погледне, па ќе видиме како ќе се одвива и дали вреди да се гледа или не.

Некој ако има информација како помина епизодата кај публиката (гледаност и реакции и слично...) нека пише.

Би ве замолил да ги затемнувате спојлерите на оваа тема зошто ова ќе биде уште една „од оние“ серии...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom