Леле колку само не ми свиде таа Сандра (или како и да е). Имаше просечен настап и ништо повеќе од тоа. Ама жирито запалено од успесите на Сузан Бојл (не сфаќајќи дека ова е Балкан и дека овде таквите не успеваат) а рака на срце имаше и очајна песна, реши дека мора да и се даде шанса. Девојчето и УСБ беа многу подобри од неа.
Ме разочара Андреа која пееше далеку послабо отколку првиот пат кога ја испеа "Бато".
Инаку не знам што ми требаше да се излажам да гледам. Таа коментаторката од А1 нема осет за ништо:nerv:. Жирито коментира а таа си тера филмови и не масира со тоа како и таа мислела идентично. Кого го интересира нејзиното мислење? Веќе кога решиле да даваат српско шоу, тогаш барем нека остават да слушнеме што зборуваат.
Бтв. Бидејќи не пратам редовно може некој да ми каже што се случи со Марија Лазиќ? Влезена е во финале, допрва треба да настапува или ...?