- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.462
- Поени од реакции
- 5.881
Кај можам јас да верувам во овие бројки , кога сите вие настојувате на тоа дека од Македонија се иселиле стотина илјади турци , но негирате дека најголемиот дел од нив биле албанци , значи се обидувате да изманипулирате со работи кои се случувале не пред 400 години , туку пред само 50 години ( до 1961) , во оваа година се иселија и најголемиот дел од моето семејство , кое денеска се наоѓа во Истанбул , денеска таму ги има стотина членови од семејството.Имено, кога се зборува за етничкиот состав на населението во Македонија (во нејзините етно-географски граници), на крајот на 19 и почетокот на 20 век односот на бројот на словенското и албанското население е повеќекратно поголем во корист на словенското население. Така, според некои, на крајот на 19 век во Македонија живееле приближно 2.250.000 жители од кои околу 1.181.000 биле од словенско потекло, а од останатото население најбројни биле Турците, а потоа Грците. Според д-р Крсте Битоски кој изнесува неколку извори на податоци за етничкиот состав на населението во истиот период, во Македонија живееле 997.000 Македонци (население со словенско потекло), 542.000 Турци, 272.000 Грци, 152.000 Албанци и останато население - Власи, Евреи, Роми итн.
Работата околу иселувањето на албанците во Турција може многу лесно да се испроба , нека иде некој истражувач , нека зеде некоја телевизиска екипа , и многу лесно ке се потврди ова што јас го велам.
Во овие простори албанци имало од секогаш , во проценти многу повеке од тоа што ги има денеска , и во многу пошироки територии.
Точно е и тоа дека се до градот Ниш албанците биле мнозинство , дури и во Санџак , во Северниот дел на Грција , Битола , Охрид , Преспа , околината на Прилеп , меѓутоа , поради притисоците во овие делови албанците се иселија.