Тавче гравче

  • Креатор на темата Креатор на темата Ra
  • Време на започнување Време на започнување

Ra

Член од
15 февруари 2008
Мислења
417
Поени од реакции
5
Некој има ли да го постира овде, рецепт за тавче гравче?
Мислам на она вистинското, кое може да се најде во Македонија во ашчилници, во земјено тавче. Она од кое можеш по јадење да ја лижеш виљушката.
:vozbud:
 
Потребни состојки:
1 мала лажица Црвен пипер
малку Сол
500 милилитри Масло
1500 грама Кромид
1000 грама Грав
1 Главица лук
1 мала лажица Бибер
tavce-gravce.JPG

Подготвување:
Измијте го гравот. Откако ќе преврие, првата вода се истура. Потоа варете во тенџере со многу вода. Додадете ја исчистената главица лук и малку бибер во зрно.

Додека гравот се вари, во тенџере ставете масло, кромидот исечете го на покрупни парчиња и динстајте го на тивок оган додека стане густ. На крај додадете го мелениот црвен пипер.

Дното од земјената тава се намокрува со вода, а потоа со маслото во кое се пржеше кромидот. Гравот е варен кога ќе омекне, но внимавајте, зрната треба да останат цели.

Со решеткаста лажица се вади гравот, се става во тавата, одозгора се става кромидот и така, се додека не се потроши целиот материјал, но одозгора треба да заврши со гравот. Се украсува со суви пиперки, се става во рерна и се пече на тивок оган.
 
Кога го читав оваа едно литро лиги ми потекоа...
 
Можеш и кобавчиња да си додадеш у него, ако си имаш мерак на мевце.Мене лично ми е сладок без кобавчиња али глеам доста луѓе така го јадат:)
 
Тавче гравче т.е. грав во земјин сад, озгора со некое парче чубрица, кој ќе крчка подолго време в фурна :) СВРШАВАМ НА ТАКВИ СРАЊА ЛОЛ ;)
 
ГРАВ СО СУВО МЕСО И СО ДОМАТИ

Потребно:
- 400 гр грав;
- 1 лажица маст;
- 2 главици
кромид;
- магдонос;
- 2-3 чешниња
лук;
- сол;
- црн пипер;
- 250 гр суво
месо;
- 1 колбас;
- трошки од
леб.

Подготовка:
Гравот се вари и во него се додаваат
пропржениот кромид, магдоносот, лукот и
црниот пипер. Во огноотпорен сад се
става малку маст и половина од
исцедениот грав. Над гравот се редат
тркалца домати, а врз доматите ситно
сечкано суво месо и на тркалца исечен
колбас. Од горе се става втората половина
од гравот, по потреба се додава малку
течност од варениот грав, се прелива со
загреано масло и се посипува со трошки
од леб. Се пече во загреана рерна сè
додека течноста не испари и не фати кора

http://www.makedonskosonce.com/broevis/2007/sonce695.pdf/57_kujn.pdf
 
Потребни состојки за тавче гравче:
-Грав 400 гр
-Кромид 1 главица
-Зејтин
-Нане сушено
-Црвен пипер 2 лажици
-2 суви пиперки
-Сол

Подготовка:
Претходно исчистениот грав се мие и се става да се вари со малку зејтин, на тивок оган околу 90 мин. (во зависност од свареноста на гравот), само да не се развари (зрната треба цели да останат). Откако ќе се свари се цеди водата, но не целосно. Во тава се става зејтин да се загрее и се пропржува кромидот. Откако ќе зарумени, се трга на страна и се ставаат 2 супени лажици црвен пипер. Гравот се става во намрсена земјена тава и се меша заедно со кромидот, црвениот пипер и сол по желба. Откако ќе се измеша му се става ситно сушено нане и суви пиперки. Се става во рерна и се пече на температура од 250 степени, околу 30 мин (додека да му испари водата).
 
Мн ретко јадам тавче гравче
 
Најубавото тавче гравче што некогаш сум го јадел било во Охрид во ресторанот Фонтана, позади хотелот Royal View. Поготово со плескавица, мх мх.
 
Ете имало и луди луѓе што не јадат тавче гравче :tv:
 
Тавче гравче + некоја сланинка или кобасичка внатре + печени пиперчиња со оцет, зејтин, магдонос и лукче (ова лукчето по желба) = прсти да излижеш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom