Фан Клуб: Челзи

Статус
Затворена за нови мислења.

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
И уште кога рече Давор дека ќе треба мечка да родиме за да победиме на Ивуд Парк,одма се сложив.И кога рече Тери дека не смееме да одиме на Ивуд Парк со цел да победиме дека сме Фудбалски Клуб Челзи,туку да победиме давајќи 100% од себе.Не дека дадовме на мечов 100% од себе,далеку од тоа,немавме некоја добра игра,но покажавме дека и со лоша игра можеме да победиме,тоа е она победничкото,тоа е она зошто и практично сме актуелни шампиони на Англија.Инаку уште од почетокот знаев дека ќе биде повуци - потегни мечов и дека ќе се кинат нерви,од проста причина што знам Биг Сем и Блекбурн каков сељачки фудбал играат,брани се и повлечи контра,или пак со високи топки цело време.Не знам зашто дебелиов не го стави Калу одма со почетокот на вториот дел.Едноставно од нападот освен таа брилијантната единствена акција што ја имавме 1 во првиот дел,па би рекол и 1 во целиот меч што ја претворивме во гол,јас од нападот не видов ништо.Дрогба почиња да го мрзи да живее.Едноставно почнува да ме разочарува.Како да го мрзи да игра човекот,си се влече онака буквално на терен.Ни се бори за топка,ни е агресивен ни ништо.Освен прекрасната асистенција до Анелка,по која Анелка постигна гол од Дрогба не видов ништо,исто и од Малуда кој учествуваше во акцијата со асистенција до асистентот(Дрогба)Очекувам во наредните мечеви да загризат повеќе.Затоа и мислев дека треба порано да ги ставеше Стариџ и Калу,овој вториов не го ни стави.За одбраната ќе кажам,односно за голманот,каде што ќе речам дека можеби го имаме најдобриот голман во светот во моментов.Какви лобови спаси,какви удари со глава,едноставно светска класа е човекот.Ешли не го видов да направи ни еден продор и да нафрли ни една топка,Бане се извади со голот што го даде.Тери и Алекс - просечни.Чех - чиста 10-ка.Човек на мечот.Инаку тој циганот што му допуштивме да помине кроз 2-ца дефанзивци наши,каде можеше да поведе со 2-1 ама среќата не послужи и потоа казнивме.Инаку да ни го дадеше тој гол не само што немаше да победиме,туку и ќе изгубевме,и затоа морам да признаам среќата многу не држеше денеска.За средината ќе кажам најдобри беа Оби Микел и Жирков (двајцава се препородија).Есиен - просечно.И едвај чекам да дојде Френк,со душа го чекам тој момент,не само што почнува да ми фали,туку и играва да ја размрда,да спои средина со одбрана,средина со напад,едноставно да ја размрда играта.Инаку за со Спартак Москва во среда мислам дека треба повеќе играчи да се одморат,меѓу кои Дрогба,Малуда,Анелка,Есиен,Бане и Ешли Кол.Јас лично би играл со Чех,Босингва,Тери,Алекс,Анхолт,Лампард,Рамирес(Оби Микел),Жирков,Калу,Стариџ и Какута.Следен меч со Спартак Москва на Стемфорд Бриџ.

Spartak Moscow
Champions League
Stamford Bridge
20:45
Wednesday 3 Nov 2010
 
D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Вау.... сме тепале бе!!! :icon_mrgr
До 30 мин. гледав (а богами, имаше што да видам), и не сакам да коментирам - зошто ме фаќа сафра... како и да е..... се додека си лапаме бодчиња - макар и на ваков начин ДОБРО Е ! се додека не не искичми некој - НЕДАЈБОЖЕ
:salut:
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.907
Поени од реакции
7.471
Честитам и за оваа победа...како што ми кажуваат другари..не сте играле нешто ептен...ама сепак се гледаат бодовите...:smir:
 
В

Вори

Гостин
Не сме играле ништо,убаво ти кажале другарите.Но,некогаш потребно е да се остваруваат вакви победи,нели?
Фала не честитките како и да е :)

--- надополнето ---

OMG!

Каков ѕвер е Банево,тоа нешто страшно.За момент помислив дека ќе го изеде Дрогба за ужинка :)
 
A

Auditore

Гостин
Не бев во можност да ја гледам утакмицата, само знам дека Бане не спаси у последни моменти.
Според вашиве коментари уште еден натпревар одиграно мизерно, али 3 бода се три бода, какви-такви. :)
Ајде Френки, враќај се не бидува ништо..:toe:
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Да е жив и здрав Бане Ивановиќ што се најде на право место и во право време и даде победнички гол.Брао царе!

Играва катастрофа,едвај се извадивме,едино задоволен сум што зедовме гостински три бода.

Понекогаш потребно е и да не се игра, а да се направи добар резултат... Вие сте шампиони, и на овој меч го докажавте тоа...

Честито победа
 
Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Каков ѕвер е Банево,тоа нешто страшно.За момент помислив дека ќе го изеде Дрогба за ужинка :)
Се наметна кај Гус Хидинк кога ни беше тренер.Со тие 2 гола на Енфилд си наметна првотимски статус до ден денеска и докажа дека има квалитет.Не дека тие 2 гола се репер за добар дефанзивец,туку тие му донесоа еден вид на + време во прв тим,кој за тоа време одлично се прикажа и еве го,игра и до ден денес доста добро.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.215
Поени од реакции
8.314

игра затоа што Босингва беше во Аут ,ако не беше повреден тешко дека ке играше 1 постава , па и тие 2 гола исто беше дело на Босингва дека имаше 2 жолти па мораше да не игра, ако така што не го стави со Барселона кога гледа дека го бива него го стави Босингва пак?
 
D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Да не заборавиме дека принудно се снајде на позиција десен бек и тоа многу добро, што за еден (по вокација) Централен дефанзивец и не е баш така едноставно изводливо... Можеби сето тоа на сметка на повредата на Босингва, ама и да беше истиот на располагање после добрите партии на Бане, Жозе во дадени случаи можеше да игра на позиција крило - брз е, подвижен, нафрла добро...
Значи, како и да ја вртиш Бане мораше да се пробие во тимов - после долго седење на клупа и играње за резервите.... затоа и сега е прва опција на бековската позиција и со опоравен Босингва

Сума сумарум
Под палката на Гус беше доста солиден..... лани еден од главните алки поради кои ја вративме титулата, а замислете играше за само 40К неделно
Затоа, мене ми е мило што еве управата конечно реши да му го продолжи договорот на уште 5 години и да му даде плата што ја заслужува т.е 80К...a за голов што им го даде на Блекбурн, треба да му ја покачат уште за 10К :)
 
F

fantomX

Гостин
игра затоа што Босингва беше во Аут ,ако не беше повреден тешко дека ке играше 1 постава , па и тие 2 гола исто беше дело на Босингва дека имаше 2 жолти па мораше да не игра, ако така што не го стави со Барселона кога гледа дека го бива него го стави Босингва пак?
Еве Босингва сега е опоравен, зошто вчера не играше? Дури и Фереира влезе на крај, не тој. Зошто? Оти Босингва е крајно офанзивен бек, лесен, брз, подвижен. Фереира не е, Иванович уште помалку па зато е центархалф реално гледано.
Центархалф, а сепак, беше најдобар десен бек во Премиер Лигата минатата сезона. Со Барселона не играше чисто од практични причини - требаше побрз играч по страните, то е Босингва. Дали во финале на ЛШ Иванович треба да игра пред Босингва или Алекс? Не знаеме, зависи од противникот, зависи од воопшто моменталната состојба на играчите. Но Иванович комплетно заслужува да е дел од овај тим и рамноправно да конкурира за место во стартни 11.
 
Rikal

Тој е тој: Специјалниот
Член од
18 септември 2010
Мислења
363
Поени од реакции
23
Ја би одел комотно со Ван Анхолт.
Тука комплетно те поддржувам, и јас би одел со него али сепак не верувам дека дебелиов ќе го стаи од 1 минута! Од младиве можеби ќе го стаи Какута, а за другиве не верувам. Иначе глеам викате се враќал Лампард. Јас сепак не би го стаил со Спартак од 1 мин. него би го пуштил 10 мин. , колку да осети малце терен пред мечот со Ливерпул.
 
A

Auditore

Гостин
Да не заборавиме дека принудно се снајде на позиција десен бек и тоа многу добро, што за еден (по вокација) Централен дефанзивец и не е баш така едноставно изводливо... Можеби сето тоа на сметка на повредата на Босингва, ама и да беше истиот на располагање после добрите партии на Бане, Жозе во дадени случаи можеше да игра на позиција крило - брз е, подвижен, нафрла добро...
Значи, како и да ја вртиш Бане мораше да се пробие во тимов - после долго седење на клупа и играње за резервите.... затоа и сега е прва опција на бековската позиција и со опоравен Босингва

Сума сумарум
Под палката на Гус беше доста солиден..... лани еден од главните алки поради кои ја вративме титулата, а замислете играше за само 40К неделно
Затоа, мене ми е мило што еве управата конечно реши да му го продолжи договорот на уште 5 години и да му даде плата што ја заслужува т.е 80К...a за голов што им го даде на Блекбурн, треба да му ја покачат уште за 10К :)
Продолжен е договорот на Бане?
Кога?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom