Гледам сте почнале дискусија за Руни. Следам се што се пишува деновиве по весниците, па ќе дадам мое мислење за целата ситуација.
На почетокот не беше за верување, но и Фергусон и Руни потврдија се што беше кажано. Руни ќе го напушти Јунајтед. Е сега останува отворено прашањето кој ќе биде следниот клуб на руни. Според мене, моментално има четири тима во кои би можел да оди. Реал, Барса, Челзи и Сити.
Реал - според многумина, нај очигледниот избор. Парите не им се проблем, плус можат да го понудат Бензема или Кака. Но, пред неколку дена читав изјави од Мурињо дека е задоволен од тимот кој го има, и дека не му се потребни уште засилувања.
Барса - пред 2-3 дена ги објавиа нивните големи долгови. Доста потрошија летово, добро се засилиа, и мислам дека немаат потреба од Руни.
Челзи - Анчелоти прво даде изјава дека би сакал да го има во неговиот тим доколку Руни навистина сака да го напушти Јунајтед, а потоа рече дека не сака ништо да коментира околу Руни. Абрамович исто така сака да го доведе во Челзи, но би одвоил само околу 20 милиони. Потоа, излегоа Тери, Анелка и Калу со ијави дека Руни е одличен играч и дека сакаат да дојде во Челзи.
Сити - парите воопшто не им претставуваат проблем, и сигурен сум дека ке има понуда од нив, и дека ќе му понудат дупло поголема плата од онаа која ја добива во Јунајтед. Но, Сити и Јунајтед се градски ривали, и не верувам да го пуштат Руни да оди во Сити.
Е сега од друга страна, жена му на Руни, има дадено изјава дека не сака да ја напушти Англија. Една од главните причини за тоа е нејзината 12 годишна болна сестра. Според мене, ако е ова точно, жена му може да има огромно влијание врз конечната одлука на Руни. А не се баш во најдобри односи после скандалот со проститутката, па доколку Руни сака да си го спаси бракот, ќе мора да го почитува барањето на жена му.
Доколку останува во Англија, има само два клуба кои реално можат да ги исполнат финансиските побарувања на Руни. Челзи и Сити. Како што веќе кажав, Јунајтед и Сити се големи ривали, и мали се шансите да го продадат на Сити, иако таму би добивал многу поголема плата. А и Руни рече дека сака да освојува трофеи, а Сити баш и неможе да му го гарантира тоа. Значи Челзи останува единствениот англиски тим со шанси да го купи Руни.
Јас би го прифатил Руни кај нас, но исто така нема да ми биде криво ако некој друг клуб ни го земе и покрај нашата заинтересираност. Сепак, Руни е одличен играч кој е веќе докажан во ПЛ, и ако можевме да дадеме 25 милиони за Нејмар, дете кое допрва треба да се развива и да се докажува, зошто да не се издвојат околу 30 милиони за еден од најдобрите напаѓачи на островот, ако не и во цел свет.