Тоа е. Мораше еднаш да изгубиме, неможе цело време да победуваме.
Највеќе ми е криво што трет пат по ред губиме од Сити. А денес не заслужиа победа. Не заслужи ни Челзи, нај реален резултат ќе беше нерешено.
Цело време се бранеа и напаѓаа само на контри. Не успеавме да им ја пробиеме одбраната, и немавме баш некои по конкретни шанси. Во прво полувреме не беше лоша играта, ама во второ попуштиа, и падна голот.
Дрогба беше добро затворен и воопшто не се виде. Со право Стариџ влезе место него а не место Анелка. Анелка барем се трудеше, трчаше и пробуваше да создаде шанси. И Малуда не изигра на ниво. Средината не функционира вака. Барем Лампард да играше, можеби подобро ќе беше. Рамирес во првото полувреме изигра солидно, иако направи неколку грешки. Во второто ептен се влоши неговата игра и направи многу повеќе грешки меѓу кои и онаа по која следуваше голот на Тевез. Сепак, сеуште е нов во ПЛ, и ќе му треба време за да се навикне. Есиен немаше ниту еден добар шут, се јако ги шутираше надвор од голот. Микел божем се подобруваше, ама изгубен беше денес. МекЕкран добар впечаток ми остава, и мислам дека има огромен талент, и ако добро се искористи, ќе биде одлична замена за Лампард. Одбраната и не беше толку лоша освен при голот на Тевез, кога требаше подобро да биде затворен. Но, некогаш одбраната ептен се разделува, Ешли и Бане одат напред и не се враќаат на време, а Тери и Алекс неможат сами добро да затворат при контри.
Се на се, многу тешка утакмица која требаше да заврши нерешено. Многу груб фудбал, посебно од Сити, и лошо судење од страна на Маринер.
Неможеме ништо сега да промениме, треба што побрзо да заборавиме на поразов, и да победиме на наредните натпревари. Против Марсеј очекувам убедлива победа. Против Арсенал се освен победа би било катастрофа.
Одиме понатаму, има уште доста да се игра, и уште ништо не е загубено. Имавме лош ден, и се надевам дека нема често да се повторува.
пс. Би замолил некој од модераторите да му даде на МанСитиФан бан од тема.