Многу едноставно. Репрезентација е репрезентација, макар и те „уназадиле“.
Капитенот треба да е инспиратор на терен пред се, и главен линк меќу тренерот и екипата.
Ако бараме „ангел“, само Бекам...
Ма какви, Рио е човечиште од човек со највисоки морални вредности во Британија, и меѓу првите во Европа (вклучувајќи го и местото на едно негово „злосторство“ - Кипар). :pos2:
Не, јас апсолутно сум сигурен дека Џон Тери ќе е крив пошто Англија нема да биди првак (нема да биди не оти Тери не е капитен, туку оти, морам да искористам од Фергусон малку сега, Англија има десетина (ни толку) играчи со вистинско искуство на највисоко ниво (ЛШ); а Шпанија, Аргентина, Бразил, па и Холандија имаат многу, многу повеќе.) од причина што предизвикал турбуленции на САМО 4 МЕСЕЦИ пред првенството.
Ќе беше крив и да се откажеше од репрезентацијата, ем потреси праел, ем ко најдобар дефанзивец кој го имаат - си заминал.
Ќе беше крив и капитен да останеше, ма кој капитен, кој го почитува таму....
Во секој случај, крив ќе е Џон Тери. Ќе прајме муабет за ова пак во јули....
Коментар, шо коментар, ако во Челзи секој му вели „амин“, бар Капело нека го стегни малку. Дека е сериозен потрес, е. И тоа доста сериозен. Ама, ќе биди работата.
Читам и од Анчелоти нешто на официјалната. Изгледа е од пред новинава, ама насловот е: Ништо не се смени. Јас сум сигурен дека ништо НЕ Е ИСТО! Чисто се надевам дека Анчелоти само ја мачка јавноста дека се е по старо, а ако стварно мисли тоа шо рекол, „го обравме бостанот“....