Немаше потребна свежина да се притисне на крајот. Пред да излазе Кол имавме 17 наспроти 3 удари на гол, никој освен Жирков немаше душа последни 10 минути.
Мој впечаток е дека се тргна на рутинска победа, бидејки Вест Хем имаше многу проблеми со тимот и не делуваше како некој стабилен ривал. Сепак пеналот кој им беше единствена закана во прво полувреме го помати тој план. Во второ се тргна колку што е можно побрзо да се дадат потребните 2 гола, ама ништо од работата.
Дрогба требаше да ја подаде на Калу и Тери, а не како мува без глава, одма после тоа Ешли го направи пеналот. Добро е сепак што престана да влегува секој шут позади Чех, иако се надевав дека после подолго време ќе се зачува празна мрежата.