Фан Клуб: Челзи

Статус
Затворена за нови мислења.

Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Јас само првото полувреме го гледав...не ке трошам нет за џабе....
Давор е во право,никаква серија,3 натпревари по ред мизерно играме...:toe:

П.С. Ах бе шифоњер бе ....
Од она што го гледав, не бевме лоши, напротив, одлични беа Џо и Борини...
 
F

fantomX

Гостин
па сеа дури и се повреди Есиен
И така иди времето за Африка (уште максимум три натпревари ќе играат нигериве дотогаш), време е да проработуваат алтернативите за Есиен, без Оби.

Обично не си ги плукам играчите(освен Калу :) ), ама еве од денес на листата го ставам (и) Оби.... остај тоа што не одигра нешто посебно, се надмина себеси и успеа да ја усере на крај... потем слабо издание и на Трнбал - 2та гола меѓу нозе, требаше подобро да изрегира на шутевите ама ај, може толку му се можностите (барем засега).... Белети(стандард), Жирков, Малуда подпросечно - другите солидни

Џо мотор, а децава ни се иднината.... одлични изданија. јас сум посебно импресиониран од Какута
Од гледањето на резервите неколку пати, и во Карлинг со Болтон, заклучив дека Трнбул нема никакви рефлекси, денеска се „докажал“ гледам. Тешко, многу тешко, барем нека фигурира како трет голман - Англичанец е. :)
Пуштив пет минути негде, кај 65-70 минута, баш и головите ги повторуваа, и мислам дека Деко слободно би можел да ја преспие зимава, има кој да игра. За на пролет, ќе го разбудиме, а в лето, ќе се избакниме за поздрав.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Дај Боже да не е сериозна повредата на Есиен...
 
В

Вори

Гостин
Не сакам да звучам песимистички,али со Евертон ќе биде сјебано.
Знаеме дека секогаш ни правеле проблеми,ние не сме во форма..у пичку матер.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Од она што го гледав, не бевме лоши, напротив, одлични беа Џо и Борини...
Не знам за второто...во првото ми се допадна Какута...добро играше,додаваше...а и Џо не беше лош.
 

Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Не сакам да звучам песимистички,али со Евертон ќе биде сјебано.
Знаеме дека секогаш ни правеле проблеми,ние не сме во форма..у пичку матер.
Давор, 3 пат го кажуваш ова. Башка, ко не си гледал не коментирај. Јас ги гледав последните 15 минути, и солидно беше. Ако цел натпревар играле така, тогаш нека идат под воз Тери и Карваљо! Нападот беше ОК, накај супер.
 
F

fantomX

Гостин
За Какута не знам, очекувам линк за снимка од фантом, пошто немам кабловска... Или пак линк од торент.
http://www.sportklub.info/program/skplus.htm
Јас на српскава ќе гледам в петок. За линк тешко ќе има, торент би требало утре да има негде, ако не уште вечерва.

Значи според ова што го кажувате Трнбал више никад нема да заигра,а Микел ќе треба да јаде фурни леб да биде како Макелеле..
Микел има други квалитети, односно потенцијали, не гледам да ги користи за да се квалитети; Макелеле имаше одлично читање на игра и правовременост. Шифоњеров пак е поснажен, повисок и има солидна контрола на топка, но тоа не го усовршува, и изгледа смешен сега.

Давор, 3 пат го кажуваш ова. Башка, ко не си гледал не коментирај. Јас ги гледав последните 15 минути, и солидно беше. Ако цел натпревар играле така, тогаш нека идат под воз Тери и Карваљо! Нападот беше ОК, накај супер.
Карваљо пак играл?!?!

Ау, Карлето, абе ко да не си ти море чоек, шо ѓаол влегол во тебе?! Видовме дека му треба одмор во саботата, и пак играл. Ако игра со Евертон, не изгледа добро.
 
В

Вори

Гостин
Давор, 3 пат го кажуваш ова. Башка, ко не си гледал не коментирај. Јас ги гледав последните 15 минути, и солидно беше. Ако цел натпревар играле така, тогаш нека идат под воз Тери и Карваљо! Нападот беше ОК, накај супер.
Што продаваш муда за бубрези..ко си глеал 10 минути..
И не можеш да знаеш дали така играле цела утакмица..
И играта не е важна,кога резултатот со сакат до вчера непознат АПОЕЛ е 2-2..на Стемфорд..
 
В

Вори

Гостин
Гледавме на Канал 5..како му ја даде,браво!
Иначе голот од мајсторот Есиен беше:drk:
 
В

Вори

Гостин
Безпари од Мидлзброу го зедоа,демек добар као резервен голман ќе биде,али изгледа и за тоа не го бива..
Као што рече некој погоре рефлекси никакви нема,два гола низ гачи прими..ко ќе видиш,најдобро е да го шитнеме во некоја шкљ екипа као Престон и мирна глава.
 
F

fantomX

Гостин
0-1 : Што ви е крив Трнбул, и така е трет голман само (барем сезонва), гледајте го патетичното покривање од страна на Тери и Карваљо. Редно е Анчелоти да ги мавни по глава дефендериве со нешто појако.

1-1 : Одлично си напрај простор Есиен, а запазете како Какута прво го попречува видикот голманот, а потоа кога гледа што спрема Есиен, екстремно брзо отвора пат, и голманот веќе немаше шанса.

2-1 : Па дали треба коментар? Дали сте виделе подобар пас од Деко барем изминатиов месец (ако не и од почеток на сезона) во споредба со овај од Какута кон Жирков? Виситнски одмерен, во вистинско време, со вистинска брзина испратен.

2-2 : Овде, покрај Оби, се гледа кој дудук е (барем се уште) Трнбул. Катастрофа, не се мачам да коменирам нешто појќе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom