Чудни македонски зборови

Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
Grad: od staroslovenski a voedno od starogrcki *gardiku: Ovde: :nesvest:

The name of the city, Graz ( see the Slavic settlement Grad), and some archaeological finds point to the erection of a small castle by South Slavic people[citation needed], which in time became a heavily defended fortification. In literary Slovene, gradec literally means "small castle", which is etymologically a hypocoristic derivative of Proto-West-South Slavic *gradьc', itself by means of liquid metathesis descending from Common Slavic *gardьc', by Slavic third palatalisation from Proto-Slavic *gardiku (cf. Ancient Greek toponym Γαρδίκι) originally denoting "small town, settlement".
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Шејтан=демек Сатана натемаго Ѓаоло црн и не е ниту Македонски ниту Турски Арапски е:uvo: Лупнија малце посилно може ќе ти текнит
Добро бе, шо се запали толку...јас мислев дека значи кепец :) Шејтан еден :Р
 
Член од
1 мај 2009
Мислења
204
Поени од реакции
52
Тена е мерка за черга или килим плетени на разбој.
Една тена би требало да биде некои си 50-60 цм.

Зер или Зор е зборче-корен за многу други зборови. Значи светлина, гледање. Од тука потекнуваат зборовите Зора, Зеркало, Ѕирка, ПенЏ(З,Ѕ)ере.

Лем
успеав да го идентификувам како зборче што означува додавање, лепење. Се наоѓа во зборот Калем и Леми (на пр. со леткум или восок).

Гат е продолжеток на два сродни збора со спротивна симболика: Аргат и Богат. Ако Ар е Земја а Аргат е човек што ја обработува земјата а Богат е човек што заработува инаку, тогаш Бо може би е висока титула или дистинкција помеѓу сиромашни и богати. Гат може да е работа или материјална состојба.

Пирустија е троножна, триаголна подлога за готвење.

Чевре е шамивче.

Клашин е појас за жени.

Долама е плетен елек за под струк, се носи од мажи и жени.

Сетнина е иднина.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Шат-пат = понекогаш, одвреме-навреме
Чалам = гласно и нападно перчење.
Клопотарец = ѕвонец
Муренка = боболка (во Струшко)
Пичетка = шамивче (Струмичко)
Катара = вид, сорта (ш’о катара ќе да беше тој...)
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Шат-пат = понекогаш, одвреме-навреме
Чалам = гласно и нападно перчење.
Клопотарец = ѕвонец
Муренка = боболка (во Струшко)
Пичетка = шамивче (Струмичко)
Катара = вид, сорта (ш’о катара ќе да беше тој...)
Тук исто има дел от тези:
Чат-пат,Чалам,Клопот
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Т’к ма т’к = перфектно дотерано, погодено, украсено...
Калчуни (калци) = волнени чорапи
Ѕиври = долги гаќи
Пипун (претежно Охрид и Струга) = диња (во Грција : пепони)
дрдорење = постојано празно зборување
Гаргара = звучно плакнење на устата со вода
Распаќе = раскрсница (збор кој е многу посоодветен од зборот раскрсница, меѓутоа е “заборавен“)
дандил = ? (кога некој ќе го уплашиш многу силно често вели : “дандилот ми го зеде...“)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
курдиса- намести
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
Браќа Македонци! Речиси сите зборови ми звучат познато и на бугарски. Зошто ли?
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Браќа Македонци! Речиси сите зборови ми звучат познато и на бугарски. Зошто ли?
пошто Македонија е центарот на „славјанскиот“ јазик и писменоста?

да че се гордееш дек си блгарин!
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Незнаев каде, па тука...
Ова ми ја пееше дедо ми кога бев мал. Односно се пее пропратно со игра во која се бројат прстите и при крај на песната се елиминира еден прст. Се така додека не остане еден прст.
Наводно оваа била игра за кој да ги чува свињите, односно детето со последниот останат прст, ги чувал свињите. (ова е непроверено).

Еве како гласи:

Ели лига, пепи лига
до музара, до кутара
кај вер, кај пис
сини кос, ни раница - ни паница,

там грк, гркуман,
чили биа, русалиа,
там тик, куку лик
бишката под мишката.

Не се сеќавам на зборовите 100% но во глобала така беше.
Сега мене ме мачи ова песна (и секогаш ме мачела), бидејки не ја разбирам! (барем дел од неа)
Дали е тој некој друг јазик (грчки, турски, влашки, албански...) или е само безвеза римување за да се задржи вниманието на децата... незнам.

Некој?
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Еј, и јас ја помнам.... дедовата песна/игра и исто како тебе сум размислувал за значењето на чудните зборови ама...???
Беше малку подруга верзија, еднакви се неколку реда ( еле лига, пепе лига; челе биа, русалиа; там тик кукурик) ама останатите беа поразлични.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Еј, и јас ја помнам.... дедовата песна/игра и исто како тебе сум размислувал за значењето на чудните зборови ама...???
Беше малку подруга верзија, еднакви се неколку реда ( еле лига, пепе лига; челе биа, русалиа; там тик кукурик) ама останатите беа поразлични.
Можеби од различни краеви затоа.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom