Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?


  • Вкупно гласачи
    585
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Би заминала за некоја паричка,ама повторно би се вратила назад.Никаде не е како дома :)
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Би заминал.

Не би ја напуштил Македонија поради пари, тоа го ставам во заден план. Највеќе би ја напуштил државава поради народот кој што живее во неа, пред се поради нискиот левел на култура што владее во оваа земја.

Инаку во Македонија повеќе се исплати да се ангажираш и да лепиш плакати за некоја политичка партија, отколку да вложиш во образование. Ако се решиш за втората опција, ти преостанува да имаш сенс за бизнис и така да заработиш екстра кеш. Инаку ќе имаш нормален живот, а за да купиш една нова кола ќе ти треба да земеш кредит од кој ќе неможеш да кренеш глава и ќе го отплаќаш 5-10 години.

Кога би имал прилика, без размислување би заминал од оваа држава
Види, ке ти кажам од прва рака искуство.

Ке отидеш, ке те „импресионира“ нивото на културата, ке бидеш изгубен, ке се навикнеш, ке ги прераснеш, ке ти се згади културата.

Се е до динамиката на живеење. Она што не демотивира е монотоноста на секојдневието, а немој да мислиш дека истата изостанува на фамозниот запад (куќа посо, посо куќа :D ).

Мислам дека македонскиот народ уште не сфаќа дека сите сме заедно во овие го*на, и дека нема никој од страна да дојде и да не извади. Самите се доведовме во ваква ситуација, и самите треба да искочиме. А доколку некој мисли дека треба среќата да си ја бара надвор од државава, во ред, го почитувам неговото мислење.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Јасно ми е сето ова... јас имам другар што замина во Америка преку студентска размена и остана таму засега. Со плата од 6-7$ на сат (башка сам, без помош од никој) не живее баш сјајно. Ќе му речам да ја читни темава и да пиши шо како каде... а точно е дека конкуренцијата и големиот пазар си го прават своето. Да имаме и ние 5% невработеност и келнерите ќе земаат доволно плата за да можат да си дозволат да отплаќаат кола... кај нас работниците си создаваат конкуренција за пониска плата.
Па реков јас кој како ќе си ја нареди. Сега јас не го знам другарти колку е способен, колку знај англиски, колку е образован, колку е снаодлив и колку е среќен пред се. 6-7 долари во Америка не постои плата, тој сигурно е останат таму на црно и работи на шо е можно најлоша и најмалку платена работа. Па нормално е дека не му е сјаен животот, ајде во Македонија работи за минимална плата, плаќај ќирија и преживеј да те видам.

Секој со способноста, секој со среќата! Само факт е дека како и да вртиш финансиски е далеку подобро во поразвиена земја, мислам тука нема дискусија. Емотивно е веќе дискутабилно како ќе се осеќаш, то зависи од многу фактори. Прво како ти било Македонија, ако си депресивен Македонија секоја промена добро ќе ти дојди. Второ како ќе ти биди кај шо си во странство, ако таму најдеш финансиски и емотивно подобра средина, кажи ми кој кур фактор игра патриотизмот?! Ти пак сакај си ја татковината, ама не значи дека треба да ти застани та љубов на пат до среќата.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Јас конкретно ќе ви дадам пример: чоек од Битола шо има голем имот на село, замина во хрватска на работа. Му дават 500 евра плата + престој за да биди сточар (да неречам да паси гојда). Кој кур таму дреми за 500 евра ко овде го има истото? Со 5 крави тоа ќе го постигне, ама треба да живее на село. Не е се до ај да заминиме... мое мислење е дека голем дел од младината е “пограѓанчена“ и се срами да живее на село и да се расправа со земјоделие/сточарство, со изговор дека селаните се граѓани од втор ред. А не му е јасно дека покрај кравите можи да одгледува и кокошки, да си произведува домашно свинско, храна за кравите и тн... или еве примерот со тутун, со мала мака се произведува тон до тон и пол. На него имаш 1500 евра премија од државата, башка што ќе го продадиш. Е да го ебам, сака работа. Со лежење ништо нема. Само како е изводливо да легачиме овде, а да работиме ко коњи во странство не ми е јасно...
А ти ова чисто лаички го кажуваш или се имаш занимавано со сточарство и тутун??? Пошто јас имам садено тутун и тоа мала мака не е баш така и ретко кој има капитал и простории за поголемо производство, познавам и луѓе што имаат три до пет крави и се ми се чини дека немаат приход од 500 евра месечно...

Абе не тече мед и млеко ну таму ни тука, а за колите и гардеробата немора да значи кредит.
На пример јас имам членови од блиската фамилија, пријатели, познаници итн кои немаат зедено кредит и се возат во луксизни коли, гардероба, луксизни ресторани, одмори оно ово но луѓето како што ме служи меморијата беа најдобри студенти на генерацијата, беа целосно посветени на кариерата и вложија многу труд во тоа.

И не седеа на форуми или пред кооперација а не дај боже во некој штаб, залудно трошејќи го времето.
На работа, на труд !
Тоа е лекот, и тука и надвор.
А луѓево успеале во странство или во Македонија?
Во државава ако некој не те подземи и не застане позади тебе тешко дека ќе успееш толку многу па колку сакаш биди вреден и паметен
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Јасно ми е сето ова... јас имам другар што замина во Америка преку студентска размена и остана таму засега. Со плата од 6-7$ на сат (башка сам, без помош од никој) не живее баш сјајно. Ќе му речам да ја читни темава и да пиши шо како каде... а точно е дека конкуренцијата и големиот пазар си го прават своето. Да имаме и ние 5% невработеност и келнерите ќе земаат доволно плата за да можат да си дозволат да отплаќаат кола... кај нас работниците си создаваат конкуренција за пониска плата.


Сите кукаат како се нема, тоа е факт. Факт е дека се возат нови коли низ Скопје така? Факт е дека се градат нови згради?
Кај е фактот дека луѓето немаат?

муабетот со стан/куќа во скопје е друго... набилдани се цените до таван. Еден стан од 100 квадрати во Скопје вреди 100.000 евра... за тие пари ќе купам 3 стана во било кој град во Македонија. Киријата е горе долу иста, и во Скопје и во Битола за стан ќе плаќаш 100-150 евра месечно.
Тие што возат нови коли ги гледаш по улици.
Тие што не возат никакви коли а се во огромно мнозинство не ги приметуваш во кореалција со возење коли бидејќи коли немаат.
По таа логика све е болесно кај нас пошто оди во болница преполно,нема каде да застаниш и ќе чекаш цел ден...:)
Колку нови коли се продаваат во МК годишно,колку во ХР колку во...Латвија на пример?

Ако вредеше да се напушти, зошто досега не сте ја напуштиле ?
Абе...скоро пола форум,сосе патриотите постира од иноземство друже хахахха

Абе не тече мед и млеко ну таму ни тука, а за колите и гардеробата немора да значи кредит.
На пример јас имам членови од блиската фамилија, пријатели, познаници итн кои немаат зедено кредит и се возат во луксизни коли, гардероба, луксизни ресторани, одмори оно ово но луѓето како што ме служи меморијата беа најдобри студенти на генерацијата, беа целосно посветени на кариерата и вложија многу труд во тоа.

И не седеа на форуми или пред кооперација а не дај боже во некој штаб, залудно трошејќи го времето.
На работа, на труд !
Тоа е лекот, и тука и надвор.
Ех сега малку накај демагогија одиме...
Ако за останување на младо население во одредена земја како аргумент се потегнува патриотизмот,битката е веќе изгубена и пропаста е неминовна.
Секогаш било така,тоа е симптом.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
А луѓево успеале во странство или во Македонија?
Во државава ако некој не те подземи и не застане позади тебе тешко дека ќе успееш толку многу па колку сакаш биди вреден и паметен
Тука, во Македонија се успешни.
А за твојот став дека треба некој да те подземи и да застане позади тебе ќе ти речам две работи:
- Не ги потценувај твоите способности
или
- Не го обвинувај системот поради твоите неспособности.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Па реков јас кој како ќе си ја нареди. Сега јас не го знам другарти колку е способен, колку знај англиски, колку е образован, колку е снаодлив и колку е среќен пред се. 6-7 долари во Америка не постои плата, тој сигурно е останат таму на црно и работи на шо е можно најлоша и најмалку платена работа. Па нормално е дека не му е сјаен животот, ајде во Македонија работи за минимална плата, плаќај ќирија и преживеј да те видам.
имам другарка која замина во Мајами пред три години, нема зелена карта ама има здраствено осигурување т.е не е останата на црно работи во суши ресторан и вади доволно да плати кирија за стан со поглед на океан да си ги плати сите трошоци и плус да тргни нешто настрана за црни денови
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Мисљим каде сум го кажувал патриотизмот на оваа тема ?
Не го спомена експлицитно,но се насетува,нешто како разлика меѓу хард кор порнич и мек еротски филм...

- Не го обвинувај системот поради твоите неспособности.
Не го обвинуваат.
Едноставно си заминуваат.
Не се будали луѓето до толку,можеби некои работи не им текнуваат но за “квалитетот“ на системот зборува доволно бегството кое се дешава.
Исто како успехот на кубанскиот социјализам и сплавовите за Мајами.
Не е од денес тоа ниту од вчера.
Со векови е.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Сеа ти ако имаш лошо искуство и ако не можиш да се снајдиш во друга држава не значи дека то е правило.

Ете јас бев со Work and Travel во Америка, првото лето работев басер (потрчко во ресторан) за следното лето веќе си обезбедив работа како келнер во ресторанот. Две лета работам како келнер и прам пари шо не можам во Македонија ни со сериозна вистинска работа да ги напрам преку цела година, многу ми е лесна работата и работам во чиста културна средина кај шо сум опкружен со луѓе на мои години.

И јас на секој би му препорачал барем еднаш да оди во странство да работи сезонски, под услов да е сигурен дека го познава јазикот, ако го познава вистински јазикот сигурен сум дека нема да работи со полуретардирани на позициите шо ги наброја. Ако не знајш јазик ќе ти биди во секој случај кошмар каде и да одиш, како прво на социолошки план зошто нема полошо од да биди „теле“ во друштвото и да не можиш со слобода да комуницираш.

Секој е приказна за себе, ама на секој би му дошла добро една 3-4 месечна сезона во странство колку да му се расчистат сите мисконцепции за „Американскиот Сон“.
Ти изгледа не си ме сватил, кај и да одиш секаде ќе бидеш странец!
Како што гледам па и ти не си го доживеал Американскиот сон, работа во ресторан ти е како работа на градежник, не е кој знае колку платена!
Што се однесува до мојот Американски сон јас веќе го сонував, работам во фирма на високо место а немам образование за таа струка, јазикот сеуште не го познавам добро ама го користам мозокот!
Не треба многу мозок да имаш, само треба бојлеречето на време да ти светне :smir:
Кој знае и кај нас ќе се снајде, тоа е само едно општо размислување дека ако одиш во странство ќе се збогатиш или ќе живееш подобро, да ама под кои услови!
Џабе Екрем Јеврич не ја испеал песната ПОСО КУЧА, КУЧА ПОСО, длабока песна за оние што знаат да ја разберат а музиката во песната не е сега тема за пишување!
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
имам другарка која замина во Мајами пред три години, нема зелена карта ама има здраствено осигурување т.е не е останата на црно работи во суши ресторан и вади доволно да плати кирија за стан со поглед на океан да си ги плати сите трошоци и плус да тргни нешто настрана за црни денови
Па то ми е поентата мене и необразован кадар да си во Америка имаш посигурна егзистенција. Ако знаеш перфектен англиски и имаш желба за работа, во ресторан можеш да почниш како обичен потрчко и јас лично ти гарантирам дека за кратко време ќе бидеш келнер и за некоја година можеби и шанкер. За нас особене е лесно да просперираме во такви неперспеткивни средини во Америка зошто сме далеку помотивирани од Американците. Не ми се дискутира за заработувачката зошто е селски муабет, ама лично гарантирам дека 90% зависи од познавањето на англискиот јазик.

Пак ќе се повторам финансиски нема дискусија каде е подобро, а емотивно чоек може да биде среќен и сам да живее на планина и да пасе овци, то е индивидуална работа.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
А ти ова чисто лаички го кажуваш или се имаш занимавано со сточарство и тутун??? Пошто јас имам садено тутун и тоа мала мака не е баш така и ретко кој има капитал и простории за поголемо производство, познавам и луѓе што имаат три до пет крави и се ми се чини дека немаат приход од 500 евра месечно...
Нејќам да се зафатам со оваа проблематика, ама ме терате... ти ако живејш на село, освен шо ќе садиш тутун треба да си глуп да останиш на то. Можиш да земиш 10 кокошки, 3 прасиња, 2 крави. Не те кошта ништо шо ќе ги пуштиш кокошките да шетаат, да ги нахраниш сите топтан и да му измиеш на прасињата еднаш неделно. Треба да ти го спомнам моментот дека речиси сите села се планински, сметка за вода/ѓубре и слични срања не се плаќа, дрва не се плаќаат, храната сам можиш целосно да си ја произведуваш, шо значи сите пари од тоа што ќе го продадеш ќе ти останат... е сега треба работа, јасно дека треба. Во Америка или било која држава ќе лежиш и ќе ти идат пари? Има дупот да ти спотни 8 и пол сати од кој пола сат ти е пауза...
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Ти изгледа не си ме сватил, кај и да одиш секаде ќе бидеш странец!
Како што гледам па и ти не си го доживеал Американскиот сон, работа во ресторан ти е како работа на градежник, не е кој знае колку платена!
Точно то сакам да кажам, треба секој да оди и да види како е во таа Америка. Секој со различна приказна ќе се врати.

Така е и тука, кој ќе се снајди ќе се снајди, кој не нешто нема да му чини.

А то дека со врски се вработва и со партија е смешен муабет, јес да така е во јавниот сектор, ама скраја да е да имаш амбиција да работиш државно. Вистинска кариера кај шо може да се гради, апсолутно никој не ви стои на патот до успех, освен самите себе.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Значи македонците,следејќи ја оваа логика за својата неспособност го обвинуваат системот кој и не толку лош колку што македонците се неспособни.
Да, токму така а мислам.
Крив е или системот, албанците,тито, вмро или сдсм.

Способен ќе биде кога ќе ги елиминира сите фактори кои се причина за незадоволството во неговиот живот, нели живеејќи во Македонија.
Додека не го направи тоа, ќе биде неспособен и ќе биде овца, но овца што зимата лета на југ, овај де на сезонска раобта хехехе.

--- надополнето ---

Овде живее неспособно население кое не може да ги увиди квалитетите на системот.
Но може да ги увиди квалитетите на други системи.Во Јоханесбург или Розарио.
Да, неможе да ги увиди овде, а може во Јоханесбург, Розарио, Сиднеј итн кои според мене не се баш којзнае колку поразлични :pos:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Да, токму така а мислам.
Крив е или системот, албанците,тито, вмро или сдсм.

Способен ќе биде кога ќе ги елиминира сите фактори кои се причина за незадоволството во неговиот живот, нели живеејќи во Македонија.
Додека не го направи тоа, ќе биде неспособен и ќе биде овца, но овца што зимата лета на југ, овај де на сезонска раобта хехехе.

--- надополнето ---


Да, неможе да ги увиди овде, а може во Јоханесбург, Розарио, Сиднеј итн кои според мене не се баш којзнае колку поразлични :pos:
Абе исти q-ratz и Мелбурн и Гевгелија, и Јоханезбург и Драчево...а во Копенхаген си а во Скопје скоро и да не се гледа некоја разлика...ти стоиш во Торино а тоа ти се причинува исти Гостивар...а си работел кај Митре за 9000 со неплатени сабота и недела а за 1500 евра некаде таму...до перцепцијата е знам...:)

А зошто да ги елиминра тие фактори кои го наведуваат да бега од тука,кога нели системот е ок само е до неспособноста.
Значи треба да се адаптира и приспособи на условите овдешни и нема грешка да има.
Тоа македонецот го прави со векови,се адаптира на системот кој е тука актуелен или бил во минатото и пак никако да се оспособи да ги види убавините овдешни него само бега наваму натаму уште од турско...

Освен ако не чини системот...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
...а си работел кај Митре за 9000 со неплатени сабота и недела а за 1500 евра некаде таму...до перцепцијата е знам...:)
Хехе факт е дека си подобро платен, но факт е и дека повеќе ќе плаќаш (повисок стандард).
На крај краишта исти курац и овде и таму, само што тука си дома нели имаш барем дом, а можда те мава и носталгија хехехехе

--- надополнето ---

А зошто да ги елиминра тие фактори кои го наведуваат да бега од тука,кога нели системот е ок само е до неспособноста.
Па нека ги елиминира, да речеме политичарите кои не доведоа до оваа ситуација.
Че видиш дека би требало да биде се ОК со фукционалноста на системот.

--- надополнето ---

Значи треба да се адаптира и приспособи на условите овдешни и нема грешка да има.
Па нека се адаптира веќе кога не превзима ништо, можеби ќе му е подобро.
А јас не се адаптирам, убаво ми е. :)

--- надополнето ---

Освен ако не чини системот...
Мора нешто да не чинит.
Дали системот, власта, окупаторот...
Затоа летаат на југ, каде што чинит, таму веќе е се на место !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom