Синдикат
Мајгада?!
- Член од
- 22 август 2005
- Мислења
- 3.110
- Поени од реакции
- 180
Сеа ти ако имаш лошо искуство и ако не можиш да се снајдиш во друга држава не значи дека то е правило.Искуството се состои од следното:
Како се копаат канали
како се чистат нужници
како се гладува затоа што немаш работа и документи
немаш соодветно образование за да најдеш добра работа
непознавањето на јазикот...
К'смет си треба, ако е Т'КАНДИ што велат Турците се ти е џабе!
Инаку Т'КАНДИ значи дека ти се затнало, има приказна на Македонски народни приказни на таа тема!
Ете јас бев со Work and Travel во Америка, првото лето работев басер (потрчко во ресторан) за следното лето веќе си обезбедив работа како келнер во ресторанот. Две лета работам како келнер и прам пари шо не можам во Македонија ни со сериозна вистинска работа да ги напрам преку цела година, многу ми е лесна работата и работам во чиста културна средина кај шо сум опкружен со луѓе на мои години.
И јас на секој би му препорачал барем еднаш да оди во странство да работи сезонски, под услов да е сигурен дека го познава јазикот, ако го познава вистински јазикот сигурен сум дека нема да работи со полуретардирани на позициите шо ги наброја. Ако не знајш јазик ќе ти биди во секој случај кошмар каде и да одиш, како прво на социолошки план зошто нема полошо од да биди „теле“ во друштвото и да не можиш со слобода да комуницираш.
Секој е приказна за себе, ама на секој би му дошла добро една 3-4 месечна сезона во странство колку да му се расчистат сите мисконцепции за „Американскиот Сон“.