Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?

  • Вкупно гласачи
    585

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Искуството се состои од следното:
Како се копаат канали
како се чистат нужници
како се гладува затоа што немаш работа и документи
немаш соодветно образование за да најдеш добра работа
непознавањето на јазикот...
К'смет си треба, ако е Т'КАНДИ што велат Турците се ти е џабе!
Инаку Т'КАНДИ значи дека ти се затнало, има приказна на Македонски народни приказни на таа тема!
Сеа ти ако имаш лошо искуство и ако не можиш да се снајдиш во друга држава не значи дека то е правило.

Ете јас бев со Work and Travel во Америка, првото лето работев басер (потрчко во ресторан) за следното лето веќе си обезбедив работа како келнер во ресторанот. Две лета работам како келнер и прам пари шо не можам во Македонија ни со сериозна вистинска работа да ги напрам преку цела година, многу ми е лесна работата и работам во чиста културна средина кај шо сум опкружен со луѓе на мои години.

И јас на секој би му препорачал барем еднаш да оди во странство да работи сезонски, под услов да е сигурен дека го познава јазикот, ако го познава вистински јазикот сигурен сум дека нема да работи со полуретардирани на позициите шо ги наброја. Ако не знајш јазик ќе ти биди во секој случај кошмар каде и да одиш, како прво на социолошки план зошто нема полошо од да биди „теле“ во друштвото и да не можиш со слобода да комуницираш.

Секој е приказна за себе, ама на секој би му дошла добро една 3-4 месечна сезона во странство колку да му се расчистат сите мисконцепции за „Американскиот Сон“.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Јас конкретно ќе ви дадам пример: чоек од Битола шо има голем имот на село, замина во хрватска на работа. Му дават 500 евра плата + престој за да биди сточар (да неречам да паси гојда). Кој кур таму дреми за 500 евра ко овде го има истото? Со 5 крави тоа ќе го постигне, ама треба да живее на село. Не е се до ај да заминиме... мое мислење е дека голем дел од младината е “пограѓанчена“ и се срами да живее на село и да се расправа со земјоделие/сточарство, со изговор дека селаните се граѓани од втор ред. А не му е јасно дека покрај кравите можи да одгледува и кокошки, да си произведува домашно свинско, храна за кравите и тн... или еве примерот со тутун, со мала мака се произведува тон до тон и пол. На него имаш 1500 евра премија од државата, башка што ќе го продадиш. Е да го ебам, сака работа. Со лежење ништо нема. Само како е изводливо да легачиме овде, а да работиме ко коњи во странство не ми е јасно...

Две лета работам како келнер и прам пари шо не можам во Македонија ни со сериозна вистинска работа да ги напрам преку цела година.
Се ова убо... кај ги трошиш парите? Земи во Америка пробај да купиш кола, стан, па да те видам дали ќе мислиш така.
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Јас конкретно ќе ви дадам пример: чоек од Битола шо има голем имот на село, замина во хрватска на работа. Му дават 500 евра плата + престој за да биди сточар (да неречам да паси гојда). Кој кур таму дреми за 500 евра ко овде го има истото? Со 5 крави тоа ќе го постигне, ама треба да живее на село. Не е се до ај да заминиме... мое мислење е дека голем дел од младината е “пограѓанчена“ и се срами да живее на село и да се расправа со земјоделие/сточарство, со изговор дека селаните се граѓани од втор ред. А не му е јасно дека покрај кравите можи да одгледува и кокошки, да си произведува домашно свинско, храна за кравите и тн... или еве примерот со тутун, со мала мака се произведува тон до тон и пол. На него имаш 1500 евра премија од државата, башка што ќе го продадиш. Е да го ебам, сака работа. Со лежење ништо нема. Само како е изводливо да легачиме овде, а да работиме ко коњи во странство не ми е јасно...

Се ова убо... кај ги трошиш парите? Земи во Америка пробај да купиш кола, стан, па да те видам дали ќе мислиш така.
тука да можиш да купиш стан и кола?или научна фантаситка е тоа
 
П

Пепси_

Гостин

Во швајцарија и др држави да не набројувам оваа работа е рамо до рамо со другите големи бизнисмени што вртат фирми и друго,АМА кај нас државата е таква што тоа не е изводливо од Х причини.Јас учам во стручно средно земјоделско училиште и баш за ова имам правено муабет со професор кој истото ми го кажа и со свои очи го има видено.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Ајде бе признајте си веќе еднаш дека се е скоро до парите и незнам шо постигнувате со тиа вашиот патриотизам кога немате за парче леб и гледате шо се дешава во ваа држава.Не живееме ние тука туку преживуваме и сте размислиле ли некогаш дека сеа лебот ти е купен утре како ќе гледаш деца и се што ќе ти посакаат како и секое нормално дете да им купиш !?

Дефинитивно нема живот во ваа држава и тоа ми е јасно од 10 години и нема никој да ме разубеди.Патем ајде така да скапиме ако ни е татковина ?Тука сум се родил не значи дека морам тука да живеам т.е преживувам!
Ама јас си го сакам местото кај што живеам.
Лошо е што нема повеќе како мене луѓе во моја близина.
Проблем има со работа тоа е факт ама...........
Инаку јас не осудувам никого , секој нека си прави како сака.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
тука да можиш да купиш стан и кола?или научна фантаситка е тоа
Како се возат толку нови коли низ Скопје? Како се градат толку згради?

Изгледа баеги „научници“ имаме во државава...
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Се ова убо... кај ги трошиш парите? Земи во Америка пробај да купиш кола, стан, па да те видам дали ќе мислиш така.
Финансиски мислам смешно е да се прат споредби, освен даноци и услужни дејности апсолутно се друго е поефтино, голем пазарот и има конкуренција. Јас во Америка ако работам во средна класа ресторани како келнер цела година, како шо работев овие лета, нова кола ќе исплата за помалку од 4-5 месеци од парите шо ми останват после трошокот за живот. Македонија како келнер мислам е смешно да се разговара кога ќе исплатиш нова кола, прашање е дали стара ќе можиш да купиш цела година да штедиш.

Плус јас ти зборам за сезонска работа, место Битола да работам за 10 пати помалку пари и да ми биди монотоно цело лето. Финансиски е смешно да се разговара кај е подобро да се живеј, ама во секој случај не е лесно да остајш се во родниот град и да се преселиш во странство, сам со никој свој.

Секогаш е најважно како се осеќаш во средината кај шо живејш, јас ете Софија студирам, па да ме врзат тука со синџир не седам и за никој пари на светот од ред причини. Не дека имам нешто против Бугарите, едноставно надвор од кожа се осеќам отуѓен, не можам да социјализирам тука со луѓето, а то за мене е пресудно.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Како се возат толку нови коли низ Скопје? Како се градат толку згради?

Изгледа баеги „научници“ имаме во државава...
Џиш другарче не си баш во право за ова. Аман од таа реченица, кај наоѓа народов пари за кафе на кеј, за во кафана, или од каде толку нови коли. Ајде по некоја година здравје тргни да купиш стан во Скопје, ќе видиш во што се крие штосот. Едноставно немаме средна класа, имаме ниска средна класа и тоа е тоа. А штом неа ја нема. Нешто е труло во Македонија.
 
Јасно ми е сето ова... јас имам другар што замина во Америка преку студентска размена и остана таму засега. Со плата од 6-7$ на сат (башка сам, без помош од никој) не живее баш сјајно. Ќе му речам да ја читни темава и да пиши шо како каде... а точно е дека конкуренцијата и големиот пазар си го прават своето. Да имаме и ние 5% невработеност и келнерите ќе земаат доволно плата за да можат да си дозволат да отплаќаат кола... кај нас работниците си создаваат конкуренција за пониска плата.

Џиш другарче не си баш во право за ова. Аман од таа реченица, кај наоѓа народов пари за кафе на кеј, за во кафана, или од каде толку нови коли. Ајде по некоја година здравје тргни да купиш стан во Скопје, ќе видиш во што се крие штосот. Едноставно немаме средна класа, имаме ниска средна класа и тоа е тоа. А штом неа ја нема. Нешто е труло во Македонија.
Сите кукаат како се нема, тоа е факт. Факт е дека се возат нови коли низ Скопје така? Факт е дека се градат нови згради?
Кај е фактот дека луѓето немаат?

муабетот со стан/куќа во скопје е друго... набилдани се цените до таван. Еден стан од 100 квадрати во Скопје вреди 100.000 евра... за тие пари ќе купам 3 стана во било кој град во Македонија. Киријата е горе долу иста, и во Скопје и во Битола за стан ќе плаќаш 100-150 евра месечно.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Сите кукаат како се нема, тоа е факт. Факт е дека се возат нови коли низ Скопје така? Факт е дека се градат нови згради?
Кај е фактот дека луѓето немаат?

муабетот со стан/куќа во скопје е друго... набилдани се цените до таван. Еден стан од 100 квадрати во Скопје вреди 100.000 евра... за тие пари ќе купам 3 стана во било кој град во Македонија. Киријата е горе долу иста, и во Скопје и во Битола за стан ќе плаќаш 100-150 евра месечно.
Џиш, фактот што има нови коли или дека се градат згради не значи дека се има. Значи дека некој има, дека поголемиот дел се задолжил до гуша, а останатиот не може ни до таму да стигне. Нови коли и згради мора да има, не може цело Скопје со голф и југо да е обезбедено. Еве земи вака, макар и да се спуштат цените на недвижнините, пак ќе немаш купци. Знаеш како знам дека се нема? Од сечие искуство околу мене, луѓе кои работат по банки како инженери па не можат да соберат пари за да се обезбедат станбено. Ако тие не можат што останало за другите.
Имаше право еден мој колега од факс. Нас не вади традиција. Тоа што уште живееме со мама и тато откако ќе се венчаме, прави да е полесно да си купиш кола после во брак, зашто делиш сметки, пари за храна итн. Ама до тука стигаме.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ако вредеше да се напушти, зошто досега не сте ја напуштиле ?
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Ако вредеше да се напушти, зошто досега не сте ја напуштиле ?
Зошто и во странство не тече мед и млеко како што мислат некои.
Некои идат и седат таму со денови без работа чекајки некој свој да ги снабде со работа ама...
Како што кажа Рокенрола во нејзиниот коментар некои се задужуваат до гуша ама бар имаат коли,најскапа гардероба.
Е сега како си дошол до нив одговорот е КРЕДИТ иако се жалаат дека немаат пари.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Би заминал.

Не би ја напуштил Македонија поради пари, тоа го ставам во заден план. Највеќе би ја напуштил државава поради народот кој што живее во неа, пред се поради нискиот левел на култура што владее во оваа земја.

Инаку во Македонија повеќе се исплати да се ангажираш и да лепиш плакати за некоја политичка партија, отколку да вложиш во образование. Ако се решиш за втората опција, ти преостанува да имаш сенс за бизнис и така да заработиш екстра кеш. Инаку ќе имаш нормален живот, а за да купиш една нова кола ќе ти треба да земеш кредит од кој ќе неможеш да кренеш глава и ќе го отплаќаш 5-10 години.

Кога би имал прилика, без размислување би заминал од оваа држава
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Зошто и во странство не тече мед и млеко како што мислат некои.
Некои идат и седат таму со денови без работа чекајки некој свој да ги снабде со работа ама...
Како што кажа Рокенрола во нејзиниот коментар некои се задужуваат до гуша ама бар имаат коли,најскапа гардероба.
Е сега како си дошол до нив одговорот е КРЕДИТ иако се жалаат дека немаат пари.
Абе не тече мед и млеко ну таму ни тука, а за колите и гардеробата немора да значи кредит.
На пример јас имам членови од блиската фамилија, пријатели, познаници итн кои немаат зедено кредит и се возат во луксизни коли, гардероба, луксизни ресторани, одмори оно ово но луѓето како што ме служи меморијата беа најдобри студенти на генерацијата, беа целосно посветени на кариерата и вложија многу труд во тоа.

И не седеа на форуми или пред кооперација а не дај боже во некој штаб, залудно трошејќи го времето.
На работа, на труд !
Тоа е лекот, и тука и надвор.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Збориш на празно, претпоставувам никогаш не си имал работа со нив, ти посакувам и да си немаш.

.

Е ај чим така викаш, ама да не претерувам сега не дека е надвор од тема туку ќе ми се налути еден човек.....

Не е исто одселувањето сега со одселување пред десет или дваесет или триесет години, едноставно во колективна матрица на македонецот е да се иссели од тука за подобар живот иако сите знаци укажуваат дека одење во туѓина денес е мноооогу несигурна работа.
Почнувајќи од економска криза па така натуму со ред сите бизарни работи кои само ќе ве вознемират ако ги пишам овде.
Е сега плата од 8000 денари безработица итн. сами сме си криви за тоа затоа што сме дозволиле така да ни го диктираат системот наводните господари наши, па не сметаат само како човечки ресурс а тие феудалци на својот феуд. Има една поговорка наведната глава сабја не ја сече, таа е поговорка која што ни го загорчува животот. Или трпение спасение тоа ти е школа за покорно однесување, ние како покорни робови да клекниме пред господарот наш и да замолчиме оти во турско полошо било. Можеби и да било ама тогаш и јунаци имало денес ова поколение е од шпиуните тука гледа како да те заеби, ако ти е тебе добро во животот негова животна цел не е да направи него да му биде добро туку гледа да те повлече надолу со себе а не да се издигне горе во височините заедно со тебе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom