- Член од
- 25 септември 2008
- Мислења
- 8.785
- Поени од реакции
- 1.554
Вреди и тоа како.Да можам уште одма би заминал.Нема леб од државава освен ако не си лопов.
Нема да гледа за тебе ама подобро да имаш некого отколку да си сам.И што мислиш роднината таму за тебе гледа?се лажеш,денес секој гледа како да ти зарие нож во грб.Од овде другар прв а одиш таму ти врти грб.Има такви случаеви повекето.
Овде први роднини абе не се делат ке речеш сијамски близнаци а таму не те познава.:nesum:
Респект за постов, тотално се сложувам!Дефинитивно да! Ако ми се укаже можност, а ако не ми се укаже ќе гледам сам да си ја створам можноста. Финансиите не се единствената причина поради која размислувам да ја напуштам земјава, туку во Македонија едноставно човек од многу аспекти неможе да се чувствува сигурен. Самата држава не ти ги гарантира дури и некој од основните човекови права. Секојдневно некој гине во државна болница од немарност на докторите, секојдневно по судовите некој е обесправен, сообраќајната култура е на најниско можно ниво, перспективите за млад човек се мнооооооогу мали доколку немаш мама и тато со јако презиме, народ е екстремно многу иссељачен... да продолжам? И зошто да останам во Македонија? Бидејќи надежта последна умира? Thanks but no thanks...
Neznam drugar za koja zemja lafis ali za razlika od kaj nas na zapadut rabotnikut e zastitan od SINDIKAT. Dodeka vo makedonija ne postoe prav Sindikat.Dodeka sindikate se partiski oboani i potplatani od vlastta nisto ne bive rabotnikut i dalje kje bide rob so kje go eb*t i kje nema pravo na zbor.A сите вие мислете дека и во странство цветаат розитаму ке рмбате од утро до мрак и нема да имате време ни за шетање.
Моите братучеди се таму 6 години но што со тоа?едвај наогаат работа а штом најдат се испостави дека нивниот шеф имал долгови и не може да ги плака.
Точно е дека состојбата овде не е издржлива но и таму како што кажав не е баш се розово.
Си кажа Гарфилд како дома никаде нема.
Оние околу мене кои ме опкружуваат секојдневно нонстоп се жалат дека немале пари па дека ке отидат во странство да заработат а кога само дојде лето први се на одмор.
Ако им спомне некој ке заминеме зборуваат е вие сте вакви онакви.
И што ако татко ми е во странство?кога газдата го дупеше во здрав мозок и не сака пари да му даде
Му должи со месеци а тој газдата само се коцка и не само на татко ми а и на други должи.
Бог да чува и да брани.
Мислете дека доколку заминете на страна и веднаш ке најдете работа?
Некои кои отишле седеле без работа со месеци и се вракале назад.
Епа во мојот коментар погоре спомнав за едни мои комшии...Сите се жалат, немало леб, пари она ова а сите имаат компјутер и интернет, топол дом, не се гладни, студираат и многу работи кои голем дел од светот ги нема.