Категорично НЕ никогаш не би ја напуштил државата, кога бев помал, сонував дека ќе си заминам од оваа држава ќе земам многу пари, ќе живеам богато и луксузно, но денес го сменив мислењето за 360 степени, сфатив дека треба да ми биде предизвик да успеам и да станам некој и нешто во оваа држава, подобро е од ништо да се обидуваме да направиме нешто отколку во нешто направено да не направиме ништо, дали секогаш тоа што самите на еден начин не сме способни да се избориме во една ваква држава, треба да ги избегнуваме проблемите и да заминеме во друга држава, во било која држава да одиме, нас ќе не гледаат само како обични производи на пазарот на трудот, ќе не гледаат како обични работници кој што ќе ги извршуваат работите кој никој во нивната држава не сака да ги работи, дали тоа ќе ве направи среќни, или можеби ќе ве направи среќни тоа што секогаш на вас ќе гледаат на туѓинци иако самите ќе мислите дека сега живеете во најпрекрасното општество во светот.
Дали вашиот карактер ќе се измени кога ќе одите во некоја друга држава, пак ќе останете истите, луѓе кој бегаат од проблемите никогаш не се соочуваат, вечни песимисти, луѓе кој никогаш нема да напредуваат во тоа што го работата, целиот живот ќе работат за други и ќе се задоволни само со тоа што земаат плата, ќе живеете во една утопија кои самите ќе ја имате направено,
Јас по природа сум непоправлив оптимист во ова држава гледам предизвик да се направи нешто да се напредува и сигурно повеќе би се гордеел на 100 денари заработени во оваа држава отколку 100 долари во некоја држава каде што никогаш нема да сум тоа што сум тука.