Македонија на 32. место на Doing Business 2010

Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Истовремено, Македонија е трета меѓу топ-реформаторите во светот на листата што Светска банка, секоја година, ја објавува заедно со извештајот Doing Business,.

Македонија со високото 32 место на листата Doing Business 2010 е рангирана најдобро во регионот, пред Бугарија (44), Словенија (53), Романија (55), Црна Гора (71), Турција (73), Албанија (82), Србија (88), Хрватска (103), Грција (109), Косово (113), Босна и Херцеговина (116)

Земјите на листата Doing Business се рангирани според десет категории. Тоа се: започнување бизнис, добивање градежни дозволи, вработување на работници, регистрирање на недвижности, добивање кредит, заштита на инвеститорите, плаќање данок, прекугранично тргување, присилно спроведување договори и затворање на фирми.

Македонија е најдобро рангирана во категоријата „започнување бизнис“ и се нагласува дека фирма се регистрира со 4 процедури за 4 денови, без минимален капитал.

Добри резултати Македонија има и во областите „заштита на инвеститорите“ и „плаќање даноци“, а најлошо стои во категориите „регистрирање на имот“ и „затворање на бизнисот“.

Македонија во однос на минатогодишната листа, напредувала во сите категории, освен во „добивање кредити“ и „присилно спроведување на договорите“.

Најдобри на светот за водење бизнис, според оваа листа се Сингапур, Нов Зеланд, Хонг Конг, САД, Велика Британија, Данска, Исланд, Канада, Австралија и Норвешка, а на дното на листата се Централно-африканската Република, Конго, Демократска Република Гвинеја-Бисао, Сао Томе енд Принципе, како и Република Конго.

Светска банка, секоја година, заедно со извештајот Doing Business, ја објавува и листата на топ-реформатори на светот, на која и годинава се најде Македонија, на високото трето место.

За прв пат годинава топ реформатор е земја од субсахарска Африка и тоа со Руанда, а по неа следуваат Киргистан, Македонија, Белорусија, Обединетите Арапски Емирати, Молдавија, Колумбија, Таџикистан, Египет и Либерија.

линк: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113491

Колку ова рангирање ја дава реалната слика за инвестиции во регионот?
Дали оваа вест ќе ја подобри економската состојба, во блиска иднина?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

не бе оваа вест е само добар виц, незнам само од кој фонд ги плаќаат...тие што ги нарачуваат... :vozbud:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
не бе оваа вест е само добар виц, незнам само од кој фонд ги плаќаат...тие што ги нарачуваат... :vozbud:
Некој можеби ќе го сфати како виц, за некои наши поранешни реформатори овој успех е мисловна именка, за трети тоа е реален показател за работата на економски план.
Претходните влади можеа само да сонуваат за вакви „вицеви“.
 
па не беа толку извештени....најобични приучени лоповчуги.....најновиве научија занает...инаку дека е виц..МОРСКИ ВИЦ Е...!!! :)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Абе уште ли вакви вицеви ќе се пласираат како топ вести и успеси...:pos::pos::pos:
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
не бе оваа вест е само добар виц, незнам само од кој фонд ги плаќаат...тие што ги нарачуваат... :vozbud:
Биди бе барем еднаш Конкретен и искажи се и ние простиве да те разбереме.Кој кого платил,од кој фонд и каде????
И стварно не ве разбирам.Ако напредуваме на некоја листа тоа е виц,ако паѓаме тоа е реалност.:nesvest:
 
DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.564
Поени од реакции
4.538
32 место.. мај фејворит намбер :) добри сме :D
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Јас не знам дали уште нешто остана да “реформираме“ во оваа држава,освен самите себе?Реалноста е сосем спротивна,па би било интересно некој да наведе само една единствена работа,која навистина е реформирана.:toe:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Вакво добро рангирање можам да си го објаснам само со теоретските можности што ги нуди една држава....
Точно е дека во теорија Македонија многу направи за започнување на бизнис , мали даноци, едношалтерски системи, регистрирање на фирма во најкраток можен рок и тн. и тн....
И сето тоа звучи многу убаво на хартија се додека не се обидете на терен да поработите...Е таму не се доволни закони туку институции и луѓе кои можат да ги спроведат...Засега кај нас тоа е само мисловна именка...А тоа најмногу го знаат оние кои некогаш завршиле во административниот лавиринт или кои од било кои причини своите проблеми се обиделе да ги решат по судски пат...За останатите технички проблеми и да не зборуваме...
Така да навистина се напредува на оваа поле но сето тоа е многу побавно отколку што се пласира во јавноста...
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ништо само ќе го цитирам премиерот наш Никола Груевски: Народот не е будала Миленко :icon_lol:.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вакво добро рангирање можам да си го објаснам само со теоретските можности што ги нуди една држава....
Точно е дека во теорија Македонија многу направи за започнување на бизнис , мали даноци, едношалтерски системи, регистрирање на фирма во најкраток можен рок и тн. и тн....
И сето тоа звучи многу убаво на хартија се додека не се обидете на терен да поработите...Е таму не се доволни закони туку институции и луѓе кои можат да ги спроведат...Засега кај нас тоа е само мисловна именка...А тоа најмногу го знаат оние кои некогаш завршиле во административниот лавиринт или кои од било кои причини своите проблеми се обиделе да ги решат по судски пат...За останатите технички проблеми и да не зборуваме...
Така да навистина се напредува на оваа поле но сето тоа е многу побавно отколку што се пласира во јавноста...
Да не пишувам и јас исто...колку само добро звучи,теоретски.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Многу сме добри за отварање бизнис,но никој не отвара кај нас.Апсурд.
Еве ја праксата:
[FONT=Tahoma, Verdana, Arial][FONT=Tahoma,][FONT=Tahoma,]Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-јули 2009 година изнесува 1 454 437 илјади САД долари, а на увозот 2 769 397 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 52.5%. Трговскиот дефицит во периодот јануари-јули 2009 година изнесува 1 314 960 илјади САД долари.
http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=13.01&rbs=1
[/FONT]
[/FONT]
[/FONT]
 
S

smart ass

Гостин
Абе уште ли вакви вицеви ќе се пласираат како топ вести и успеси...:pos::pos::pos:
нека пласираат мораат оти има народ со кои лесно се манипулира,но да се потсетиме нели насата влада се фалесе дека била најреформска дека добила награда дека од регионот сме нај реформисти па зарем ефектите се спортски сали а за бизнис да не зборам освен дукан или трговија,

бидејки во иднина и да инвестираме во индустрија покрај администрацијата ке не гори и цената на енергенсите(струјата ке биде минимум 5пати поскапа за 10 години)

Многу сме добри за отварање бизнис,но никој не отвара кај нас.Апсурд.
Еве ја праксата:
[FONT=Tahoma, Verdana, Arial][FONT=Tahoma,][FONT=Tahoma,]Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-јули 2009 година изнесува 1 454 437 илјади САД долари, а на увозот 2 769 397 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 52.5%. Трговскиот дефицит во периодот јануари-јули 2009 година изнесува 1 314 960 илјади САД долари.
http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=13.01&rbs=1
[/FONT]
[/FONT]
[/FONT]
се секавас на биди земјоделец-епа претходно цената бесе 16 денари а сега е 13 ама има добра вест! субвенции од влада 2,5 денари..израчунајте

Истовремено, Македонија е трета меѓу топ-реформаторите во светот на листата што Светска банка,

ова без резултати не е можно
 
Kajgana Shop

На врв Bottom